Home » Општо, Приказни, активизам

Без *прд*он

17 March 2010 3 Comments

Вчера (вторник, 16/03/2010г) на македонската телевизија, која се нарекува македонска само заради тоа што се наоѓа во Македонија, се емитуваше програмата „Без пардон“, на г-ѓа/ца Анита Петкровска. Во емисијата гостуваа двајца професионалци кои изнесоа свои гледишта кои во најмала рака беа полни со предрасуди, непрофесионални и за луѓе кои нешто повеќе се технолошки писмени – смешни. Проблемот со презентирање на факти кои може се неточни во Македонија не е проблем. Мислам, тоа го правеле уште одамна луѓе блиски на Мајкрософт, на чело со г-дин Илијанчо Гаговски па се до некои други ситни фаци кои го толкувале слободниот софтвер и GNU/Linux (во контекст „линуксот“) како систем со помала софтверска безбедност за разлика од другите неслободни пошироко користени платформи кои компаниите кои стојат зад нив и кои ги претставуваат ги промовираат.

Вчерашната емисија ни даде перспектива за која никој не се сомневал, нештата во Македонија сѐ уште не се сменети и најверојатно тоа нема да се случи за скоро време. И покрај многубројните апели и повици за информатичко описменување на луѓето па и на квази професионалците во Македонија од младите кои очигледно повеќе ги разбираат сите овие работи се чини дека целата работа на заедницата на слободен софтвер во Македонија не вродила со плод кога како референтна точка имаме стручњаци, едниот професор за сертифицирање на борба против хакери, другиот претсавник на министерство кое не успеав да сконтам кое е во текот на целата емисија. Во контекст на сето тоа, македонската твитер заедница помогна да се проследи емисијата онлајн, онака како што доликува во 21ви век. Но сето тоа не беше натпревар помеѓу Македонија и Грција во која Македонија победува и чија победа селекторот на македонските ватерполисти ја посветува „на македонската нација“ (при што се мешаат спортот со политиката – ПАК), ова беше нешто што на многумина им го дигна адреналинот, ги разочара и ги натера да преиспитаат каде живеат. Цела среќа што МТВ овојпат како „помртва никогаш досега телевизија“ уште еднаш ни го претстави своето кретенско лице кое просто говореше „немој да сте платиле радио-дифузна такса!!“. Водителката просто беше легенда во етерот. Нејзините прашања беа нешто слични на прашањата „дали може да забременам после секс со перница“ во корелација на IT и сексуалното необразование, нејзините гости кои таа ги избрала да ѝ го појаснат целиот хаос на Интернет со „хакерштината“ која нѐ демне не беа ништо повеќе од личности кои немаат елементарно домашно воспитување, а камо ли IT образование со своите серитификати. Не се работи за податоците кои овие двајца ги изнесоа, се работи за тоа што нивното чувство дека ги гледа добар дел од македонската јавност воопшто не повлијаило врз изборот на речениците и фразите кои ги користеа за да одговорат на прашањата на водителката.

Не дека сум нешто попаметен, ама кога јас би бил на телевизија во одело, па макар и кај Миленко-пеам-химни-на-формула1-цена-поволна-Неделковски, би знаел дека ме гледа раја и би внимавал шо би зборувал. Не би сакал да ми играат мајтап и за мене да отворат цел таг на Twitter во кој ме исмејуваат и без да го споменат моето име затоа што не би го знаеле (се крие зад маглата на кретенизмот) би ме омаловажувале и дркале анонимно. После тоа, бркањето на „злобните хакери“ не би било ништо повеќе од обична фарса во која страсниот готвач кој има профи блог за готвење ги изгорел палачинките додека најголемите Интернет тролови биле кај него на гости. Простете за речникот што го користам, но досегашното искуство ме научи дека со вакви личности просто не може да се користат поинакви епитети. Еве, се трудам да најдам нешто паметно, но нивното непознавање на елементарна IT култура ме турка на фотелја цело време, не ми дава „да гугнам“.

Во текот на целата емисија се зборуваше за хакерите, за тоа колку злобни, лоши и мрачни типови се тоа. Па за нигерискиот ланец на измами, начините за кражба на информации за злоупотреба на кредитни картички, и секако за тоа како да се заштитат корисниците, при што водителката ко излезена на кафе на широк-сокак си праша „зошто ако Microsoft е толку напаѓан систем не му дадеме шанса на Apple или Linux“. При што предавачот од „Семос едукација“ в очи нѐ бодна со неизречено давање до знаење дека Македонската IT култура се темели на кретени во „туксида“ кои ќе речат „Microsoft е најкористен оперативен систем кој е позаштитен од Линуксот затоа што корисниците на Линуксот не прават редовно апдејти и затоа Виндоусот е подобар од Линуксот“. Почитуван господин чие име не го знам, мене не ме боли тоа што го напаѓете оперативниот систем GNU/Linux (потцртајте со дреч-жолто, тоа е целото име на „Линуксот“). Мене ме боли тоа што вашата игнорантност допира до рајата која е ранлива од неписменост. Немојте да турате латиница во писмото кое на нецелосно описменетата нација му се сервира како глаголица. Тоа му смета на заедницата на слободен софтвер од Македонија која се труди таа писменост дека IT светот не е составен само од неслободниот Microsoft софтвер кој вие, разбирливо, преку вашиот трул бизнис модел се трудите да го оправдате. Дали сте свесни дека над 90% од Интернет нападите од КРАКЕРИ во светот се врз оперативниот систем Microsoft Windows. Од каде оправданоста дека GNU/Linux е најнапаѓан оперативен систем? За таа цел, си земам за право да ви го дадам следниов предизвик: Ќе поставам компјутер со инсталација на оперативен систем од широко-користените крајно-кориснички GNU/Linux дистрибуции како што се Ubuntu, SuSE Linux, Arch Linux итн.

Ви давам за предизвик, пробајте да ја докажете оправданоста на фактите зад вашите зборови и пробијте ја заштитата врз оваа инсталација. Доколку успеете, ќе се повлечам од сите мои слични коментари, ќе објавам извинување со весник до Семос мултимедија и министерството од каде што беше претставникот во емисијата и никогаш повеќе нема да коментирам емисии од овој тип без разлика на омразата, незнаењето, неписменоста и имецилноста презентирани во нив. Но, во спротивно, ќе мора да констатирам дека вие не само што не сте мажи кои стојат зад нивните зборови, ниту пак професионалци кои не си ја знаат работата за која се добро платени, туку ќе мора да констатирам дека вие не сте луѓе со доблест да се одзвиете на основен предизвик и да ја докажете оправданоста на зборовите кои ве прават она кое што вие го предизвикувате – човекот, луѓето.

Господа ква-квази професионалци, Google Chrome не е пребарувач, кај „Линуксот“ не се прават ретко апдејти, напротив, се прават многу почесто него ли кај другите оперативни системи, „Линукс“ не влегува во Македонија благодарение на министерството за информатичко општество, GNU/Linux влегол во Македонија многу порано, порано и од вас, и од оваа влада, и од таа претходната која потпишуваше договори со Microsoft и нѐ оштети сите нас од наш џеб, и од Илијанчо Гаговски и од сите кои сега сето тоа го побиваат. Тоа се случи благодарение на оние кои вие ги оквалификувате како криминалци и малтене технолошки педофили кои мастурбираат на вашите инфантилни зборови – ХАКЕРИТЕ. Како лекција пред спиење би било фино да ги прочитате разликите во термините на „хакер“ и „кракер“. И за крај, битна разлика која „подземјето на интернет криминалот“ ја знае за разлика од министерството од каде што дојде господинот претставник кој седеше на средина, 10% од 100.000 евра не се 1000 евра. Математика, едноставно е.

Почитувани млади и амбициозни корисници на компјутери: Избегнувајте ја „вистината“ која вакви лажни професионалци ја презентираат на наци-телевизии како што е МТВ. Учете ги работите сами, дознавајте ги сами, навлегувајте во нови искуства и предизвици, искусете ја технологијата од прва рака – ХАКИРАЈТЕ и не дозволувајте да бидете манипулирани на тој начин што ќе ви кажат дека хакирањето е зло. Кракирањето Е зло, хакирањето е тоа што овие СЕН-сертифицирани бачковци ги донесе пред широката порта на Ани.

Post to Twitter Post to Delicious Post to Facebook Post to Reddit

3 Comments »

  • Bojan Gavrovski said:

    Иначе “експертот” беше од Семос-Едукација а не Семос-Мултимедиа… Две различни фирми.

  • Zlobi said:

    Linuks ko linuks, ali ja vikam najbolje da se poseduva Mekintosh. Eve, so mojot MacBook Pro rabotam vishe cela godina i niednash ne mi se ukochil, padnal, bil haknat ili slichno (ovaka laichki, kao potroshuvach). So linuks imam iskustvo, i iako priznavam deka ima odreden sharm, ne bi preporachal drugo osven Ubuntu ili Fedora. Na kraj kraeva, Linuks ne e Mac.

  • A said:

    Иначе новинарката е Анита ПетРовска.

Leave your response!

Add your comment below, or trackback from your own site. You can also subscribe to these comments via RSS.

Be nice. Keep it clean. Stay on topic. No spam.

You can use these tags:
<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

This is a Gravatar-enabled weblog. To get your own globally-recognized-avatar, please register at Gravatar.