Довидување 2011, беше прекрасна кучка.
Секоја минута 300 милиони клетки умираат во човечкото тело. 300 милиони нови се создаваат. Промената е дел од човековата природа. Промената е дел од правилниот процес за создавање на нормални услови за живеење. Впрочем, промената е основата на сите почетоци. И ако не сакаме да ги менуваме работите тогаш сме пасивни. Кон нашата природа. И можеби не заслужуваме подобра иднина. А затоа што верувам дека човекот е исто толку совршено битие колку што е и безвредно, верувам дека потенцијалот постои, само треба да се насочи на правилно место.
Оваа година ми се случија промени на приватно поле. Извадив контроверзна апликација и ја симнав од маркет, пошто Златна Книга и цела нивна техничка екипа се тешки пичкетини. Сменав дом, сменав работа (пошто „нечу да будем члан мафије“ нели), месец и пол бев на работа во Холандија, сменав оператор за Интернет, а со тоа и оператор за ТВ. Абе лудница. :) Најважното, си зедов „цимер“ (од Охрид!) да живее со мене (кога ќе почне да ми наплаќа ќе се жалам, досега е супер). You know what I mean..
Тоа сето ме радува. Текот на живеачката на приватно поле и тоа како ми се измени. Што е нормално, очекувано и посакувано. Се додека е на добро. Она кое сакам да го посакам за 2012 е малку поголема свест за искуството што другите го имаат во дадена област. Тромавоста и критиката. Фактот дека од зад Твитер работите не се менуваат ако им мрчиме на другите дека не ги бива пошто вас идејата не ви се допаѓа, дојадувајќи ја последната вреќа чипс и пиејќи го 7мото шише Кока Кола од пред монитор. Инстант експертите кои немаат почит кон знаењето и патот кој некој друг го поминал. Кои се разбираат во сешто, а зад нив немаат оставено ништо. Некои ги викаат хејтери, а јас ги квалификувам како цинични критичари на нешто кое немаат доблест да го направат подобро. И тоа кај младите е особено страшно. И во 2012 се надевам дека ова ќе се смени. Барем до 23ти декември. Пошто после, rapture.
Во 2011 полицаец уби дете. Просечно 5000 млади граѓани се собираа пола лето за да искажат дека се свесни за негативните последици и тоа што овој настан го укажува. Официјалните лица секако, без јајца, не се обидоа да преземат одговорност на своја кожа како што тоа би било случај во Норвешка, Јапонија, Исланд итн. Битно е дека на настанот не му се даде шанса да биде заборавен. Иако некој тоа сакаше да се случи. Покрај повеќе од половина хипстери, хипици и wannabe анархисти кои се појавија на #protestiram, позитивната работа е дека барем лицето кое го изврши убиството ќе одговара за тоа. Ако не беше оваа спонатана акција на младите – најверојатно и ова ќе завршеше како и останатите случаи на тепање, убиства, малтретирање итн.
Од професионална гледна точка, на приватен план секако дека нема многу да го тупам. Cause I am awesome. Сакам да потенцирам еден битен факт – КИКА (некои упорно го викаат скопски хаклаб, иако јас тврдам дека тоа е МАКЕДОНСКИ!!!). Со моето какво такво достоинство поради долгото непојавување таму (ок вчера бев), би сакал да ве повикам да помогнете овој Хаклаб да се остане таму каде што е (не локациски, туку со постоењето), да не згасне и се уништи. Како катче кое им помогнало на многумина, заслужува мала помош од Вас и вашите мозоци кои црпеле знаење од дел од луѓето кои во најголема мера го одржаваат ова место. Ако не го направите тоа за вас, направете го за другите млади кои сега се таму каде што вие бевте во 2004/2005 кога доаѓавте во Лугола, Слободен софтвер Македонија и сл. здруженија каде несебично добивавте размена на знаење и помош од останатите членови. Не зборувам само за финансиска помош, најдете начин и бидете оригинални во поддршката на Кика.
Со надеж дека во 2012 ќе ги реализирам моите нацрт-планови (не планови!), и конечно реализирам дел од моите кул идеи, ви посакувам среќен божиќ и независност.


Leave your response!