Home » Колумни

Мобилен за секој доктор

28 April 2010 8 Comments

Вонредни вести!! Во нашата земја допатуваа нови мобилни уреди кои ќе може да ги купите од црниот пазар. И тоа не било какви туку Ајпад, Андроид, Ајфон итн. Плус доколку сте управител или некоја голема фаца во некоја од македонските болници (приватни или државни) добивате попуст и тоа со следниот редослед: во случај да нарачате Ајпад, поради големината на екранот добивате 20% попуст без вклучена техничка поддршка, во случај на Андроид и Ајфон поради малиот екран, за купени над 100 уреди во рок од 1 месец добивате попуст од 12%.

Македонија ќе си го земе редот полека полека. Јазк на валканите усти кои нѐ убедуваа во спротивното. Па додека ние се стремиме да станеме земјоделско-информатичка земја (изјава на министерот за информатичко општество – во емисијата на МТВ1 / 29 март 2010), граѓаните особено докторите ги презедоа работите во свои раце. Додека младата и храбра госпоѓа се породувала и над неа како со „спиљони“ стоеле уште похрабрите сестри со мобилни во нивните раце, во Македонија се направија првичните чекори кон афирмација на мобилната технологија во буквално сите сфери на општеството. Сега уште фали некој да извести дека Паско Кузман ја нашол главата на Венера со помош на еден од неговите 3 мобилни телефони кој секогаш ги носи со него. Има ли поголемо признание за користење на технички алатки од редот на мобилни телефони во секојдневната работа (па и пораѓање на жена е секојдневна работа, за кој како), од праксата? Нема! Па потоа ќе се смеат на проектите како што е „Компјутер за секое дете“. Нема ништо смешно тука другарчиња. Вие само продолжете да се смеете – караванот ќе си врви. Дотогаш ќе се имплементира и проектот „Мобилен за секој доктор“ и ние од земјоделско-информатичка земја по „дифолт“ стануваме земјоделско-секусуално-загрозена-НО-информатичка земја. Тогаш кога докторите ќе бидат демоде да користат мобилни телефони, ќе се појави некој од министерството за информатичко општество и ќе ни покаже пример за тоа како Џони, кој се вратил директно од дијаспората во Логоварди и го барал бачилото од неговото детство– впрочем нашол барака за слободен интернет. Па таков збунет, Џони забележал дека пред бараката за Интернет имало куп гована и кал. Кој знае што си рекол? Од друга страна пак ако размислам, ајде, калта ќе го направи малку поприемчив, да знае дека Џони е во мајка Македонија, или пак ваму, му даваме Интернет – да се осеќа како во втората дома – Америка… во меѓувреме ќе слушне дека во југо-западните делови на перферијата на Битола се родила младата Соња Ериксон… не е лошо за промоција кога ќе видиш.

Не е проблем што во Македонија работата на најреномираната професија – програмерите виси во воздух, нејсе, имаме безвизен режим па и ние би му здувнале од оваа вукојебина по потреба, лично проблемот што авторот на овој текст не се осеќа слободен и нема доверба во институциите на системот лежи во практичната примена на информатиката како средство за зголемување на рејтингот. Тоа е парекселанс популизам, ставање на стадата овци како хај-приорити фактор во нашата земја преку презентирање на работи кои за нив никогаш дотогаш не се познати (што би рекол кога фармацевт на информатичар би му кажал дека Рицино лечи Туберколоза? -Би му верувал, поради недостиг на информации). Кога јас би се прашал – прво би им купил генератор на битолските доктори, би им ги асфалтирал патиштата на скопските босови да не се пукаат по калдрми и дупки, би им изградил болница на прилепчани, би донел „клозети“ во штипските села. После тоа, имплементацијата на проекти како „Компјутер за секое дете“ и „гага“-интернет за баба Ратка би оделе повеќе од гладко. На македонскиот обичен граѓанин би му одговарало да ги користи доблестите на македонската пост-транзициска фарса – Интернет за да бара рецепти за готвење, мобилни телефони да пораѓа деца, компјутери за секое дете за да може да си ги осветлат книгите кои ги читаат затоа што ЕВН одлучила поинаку. Но на македонскиот информатички професионалец таа ситуација не му одговара баш. Не затоа што му дрцка да го каже неговото мислење јавно и да каже дека и неговата професија во нашата земја е несигурна и лабилна, туку поради практичниот страв дека ако во моментот ја загуби работата – друга многу тешко би нашол. Впрочем сите се држат до пензионерскиот став – наполни го фрижидерот на 1ви со јадење – тоа е најважно. Немаат философија на следење, начин на живот. Тоа мислење би бил среќен да го имам кога би размислувал така за моите внуци на 80г. Засега најважно е сите млади професионалци, земјоделско-информатичарски или чисто земјоделско, да сфатат дека желбата за подобра иднина и исполнувањето на одговорноста кон нашите потомци за подобар живот зависи од нас самите.

Забелешка

Oвој текст по форма се разликува од другите колумни објавени на блогов. Затоа што требаше да биде објавен во Нова Македонија, а не пројде поради тоа и тоа и тоа.

Post to Twitter Post to Delicious Post to Facebook Post to Reddit

8 Comments »

  • Guadalquivirization » Blog Archive » Традиционалните медиуми повеќе не се важни said:

    [...] Мобилен за секој доктор – наскоро на блог [...]

  • Виктор said:

    wtf човеку? Па ништо чудно што те шутнале од НМ. Премногу остри, директни и груби критики опињаш, кои баш доликуваат на исфрустриран блогер-wannabe-герила-колумнист, и тоа не само сега, ти ги читав и прошлите постови. Ако веќе критикуваш и јадеш г. за нешто/некој, прави го тоа на посуптилен и елегантен начин, заобиколувајќи именувања на познати личности, но сепак да знае читателот за кого збориш. Тоа го сакаат медиумите, барем оние сериозните.
    Второ, што очекуваше, дека си некоја фаца па да ти е дозволено да кењаш за секого отворено, никој и ништо си, гет оувр ит!

    Може требаше ова да иде на другиот пост за традиционалните медиуми како не се важни, али ова после го прочитав и сфатив што е причината :) поздрав

  • gemidjy (author) said:

    добар пример ми даде како треба да се пишува :)

    јас барем имам име кое варира вака или така, ако некој е никој и ништо тоа си ти, пошто ни те знам ни познавам.

    ни тука
    https://twitter.com/neptvn

    уште помалку тука
    http://ground.com.mk

    има да се види нешто вредно па да речам „си нешто“.

    Добредојде на мојот блог и ти благодарам за коментарот и посетата.

  • Виктор said:

    Ти се претставив со името, доволно е тоа, а остатокот од анонимноста е мој избор. Ако не ти се допаѓа мојот искрен коментар, бидејќи е in your face, а мислам дека тоа и го бараш, во ред, не ми прави разлика, твој проблем.
    А и така има премногу луѓе што мислат дека ако многу зборат, многу кажуваат. Само ти посочив каде мислам дека грешиш.

    Патем, благодарам за претставувањето. Очекувам многу луѓе да ме контактираат. ;)

  • gemidjy (author) said:

    твојот искрен коментар е оксиморон во постоење. сепак и јас ти се заблагодарив како шо можиш да видиш погоре..

    поздрав.

  • Виктор said:

    И само уште нешто.
    Не ти давав пример за да пишуваш како мене, ти дадов критика на нападниот стил на пишување, и тоа го направив со мој уличен жаргон, и таков каков што сакаш, директен, не?

    И не те споредував како никој и ништо со мене, бидејќи ни ти ме познаваш мене, ни јас тебе. Единствено со што располагав беа твоите текстови, и те споредував од аспект на колумнист (кој се потпишува како информатичар, со [според мене] исфрустриран нагон за пишување и како што кажуваш неколкумесечен стаж) и важноста која си ја придаваш со што се обидуваш да се ставиш во ист кош со колумни и ставови на пореномирани новинари, политичари и медиумски личности (кои пак се поквалифицирани за остра критика од тој калибар, а сепак дури и тие не секогаш ја добиваат слободата на говор како што ја замислуваат). Е тука, gemidjy, тука мислев дека во споредба со такви фаци не си некој и нешто, или си? :)

    Како и да е, извини за навредата, многу врева за ништо, на крај краева нема сврха муабетов, фурај си филмот како шо ти е ќејф. Ај смир, океј? :)

    PS- оксиморонизам за мене е честа појава во природата :)

    PPS- фала што го тргна коментарот со податоците.

  • gemidjy said:

    Не се споредувам со другите, таман работа. Затоа и потенцирав дека не очекував ист третман како кон луѓе кои практично „живеат“ од колумни (или се професионалци во таа област). Го потенцирав односот кон луѓе кои работат за нив и во нивна полза. Замисли, кој би сакал да работи за тебе ако го бркаш секој втор што работи во твоја фирма?

    нема смир, несмир, јас не замерувам на коментари. критика си е критика. можда ќе се запознаеме и ќе пиеме пиво некогаш. :)

    позд.

    п.с. податоците што ти ги објавив беше грешка. само многу лесно те најдов :D

  • Виктор said:

    ќе ви поминам некад во хаклабот, па ќе дискутираме… поздрав :)

Leave your response!

Add your comment below, or trackback from your own site. You can also subscribe to these comments via RSS.

Be nice. Keep it clean. Stay on topic. No spam.

You can use these tags:
<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

This is a Gravatar-enabled weblog. To get your own globally-recognized-avatar, please register at Gravatar.