Home » Општо, Приказни

Непиратско искуство

27 April 2010 3 Comments

или…

Како најбрзо да бидете казнети по основ за користење на пиратски материјали

Искуството кое неодамна го имаше моја блиска личност би требало да биде конструктивно за сите слични случаи кои во иднина ќе се решат да го направат истиот избор. И бонус – би можеле да најдеме мултиплатформски софтвер за работа во аптеки (материјално/фондовско) кое ќе ги реши проблемите на многу фармацевти во Македонија. Затоа и пишувам.

Денот беше сончев. Многу блиска личност, ама кога велам многу – мислам многу, се реши неговиот долгогодишен „пријател“ (компјутер), да го озакони и преку матичното на Мајкрософт да го легализира. Тоа е добар чекор имајќи во предвид дека казните не се мали и дека практично таа пракса му е наметната од непостоењето на добар слободен (или во крајна мера повеќе-платформски софтвер) за работа во аптека. Своевремено ко бев млад, убав и со 20кг. помалку, имав напишано софтвер кој беше прилагоден на потребите на само таа установа – па ми беше мака да го генерализирам и да го објавам кодот. Моја грешка. Сепак – кодот беше лош, почетнички и забавен, мора да признам (имаше променливи од типот QString misejadi и сл.). Што и да се случи, Битола како мал град понуди 2-3 потенцијални „претставници“ на Мајкрософт, или претставници на претставници на бабата од трето колено на Мајкрософт. Избравме една и поради желбата да не му наштетам со текстов на дечкото кој практично го опакости и потврди сето мое сомневање за квалитетот на гигантската компанија (а кој заслужува и тоа потпишано со две раце и ставан како банер по сајтови и блогови!) – нема да и го објавам името. Најпрво, избравме Windows XP производ. Покрај тоа што ние не сме знаеле дека од продажба и поддршка WinXP е веќе повлечен, ете, за изненадување дечкото ноншалантно и лагано си одговори „да бе, има.. елате земете“. Откако дискот беше набавен, за жал морав да се вратам во Скопје, компјутерот на кој требаше да биде инсталиран оригиналниот Windows Xp отиде кај човек кој и онака веројатно повеќе ги разбира тие работи под Windows (вистина, Windows немам користено повеќе од 10мин. уште од далечната 2001. жими се!). И БАНГ! Серискиот код невалиден. The serial code is not valid. Тину нину нину …

Кога се јавив во Мајкрософт да прашам дали таа фирма е нивен соработник и претсавник (официјален риселер итн.) ми испратија листа со катаљарда компании и фирми од Македонија и во која, на мое не толку големо изненадување, ја немаше фирмата од каде ние купивме диск со „оригинален“ Windows XP. За волја на вистината дискот бил спакуван оригинално и сѐ ветувало дека ќе биде во ред. Моја претпоставка е дека Мајкрософт прави долгорочна лиценцна политика со следното објаснување (хипотеза). Предвидува рок на „живот“ на Windows XP, откако ќе помине предвидениот датум – дискот и инсталацијата веќе не се валидни. Но препродавачите ги продаваат и најчесто граѓаните се тие кои наебуваат и ги плаќаат пеналите за користење т.е. некористење на легален софтвер. Дечкото во Мајкрософт не беше особено заинтересиран да слушне за што впрочем се работи – му кажав дека ќе одам на плоштад во маица и транспарент од Мајкрософт и ќе почнам да ги мавам случајните минувачи – само се насмевна (патем – алегоријата е валидна!). Она што би сакал да го потенцирам и запрашам во моментот е:

  • поради тоа што луѓе кои решиле да користат макар и легален мајкрософтов софтвер наебуваат поради скубаци од рангот на кој ние налетавме, дали некој сноси одговорност за претрпената штета која може лесно да се пресмета, и нефункционирањето на компјутерите (во случајот ~1 недела) во тој период? Дали би сноселе одговорност ако наместо дегените за проверка на легитимноста на софтверот, намине пазарна инспекција и ја казни установата за неиздавање на фискални сметки?
  • зошто, ЗОШТО, ЗОШТО побогу, се продаваат стари дискови и зошто Мајкрософт во Македонија не води сметка за повлекување на застарените дискови? Мене, кога би бил краен корисник, ИЧ не би ме интересирала нивната лиценцна политика – па ако сака Windows 13 нека има излезено – ако купам WinXP -сакам тој да е ВО РЕД!
  • дали во Македонија постои софтвер кој би работел под GNU/Linux, со редовни апдејти и ажурирање, како и примена на фондовски измени со што би се избегнале сите слични сценарија (искуството со ваквиот софтвер за Windows кој во Битола го користат над 50% аптеки е СТРАШНО и дополнителна приказна која нема да ја елаборирам) ?

Личен совет – проверете си што купувате – и проверете дали тоа што сте го инсталирале ако веќе користите неслободен софтвер Е навистина легално. Товарот (потврдено) паѓа на ВАС, корисниците на софтверот. Јавете се на бројот 02 3211 004 (БСА Македонија) и кажете им дека сакате да проверите дали вашиот проклето неслободен софтвер е проклето валиден и легален затоа што тогаш кога сте сакале да го легализирате (за што во спротивно и казнуваат со големи суми) – не сте успеале поради постоењето на све и свашта кое го крепи и рани земјата.

Post to Twitter Post to Delicious Post to Facebook Post to Reddit

3 Comments »

  • Mukaetov said:

    Најди човек што е на обука во СЕМОС, тие мислам имаат пристап до бесплатни клучеви за сите продукти на мајкрософт. Јас на тој начин добив Windows 7 и Windows XP клуч, не од семос но мислам дека ке работи.

  • gemidjy (author) said:

    па и тоа би било пиратерија, нели? какво решение е тоа? легално? :)

  • Ванчо Орданоски said:

    Така ви треба кога купувате Мајкрософт! :)

    Сепак, да те поправам: Постои софтвер за аптеки, кој потполно работи на GNU/Linux платформа. Го изработува мојата фирма, веќе 15 години, во различни технологии. Десетици аптеки работат на овој софтвер и потполно е усогласен со сите правила на ФЗО.

    Последата „инкарнација“ е на web-платформа, и (еден дел) може да се види овде https://naracki.makedonijalek.com.mk/b2b
    Најави се како demo/demo

Leave your response!

Add your comment below, or trackback from your own site. You can also subscribe to these comments via RSS.

Be nice. Keep it clean. Stay on topic. No spam.

You can use these tags:
<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

This is a Gravatar-enabled weblog. To get your own globally-recognized-avatar, please register at Gravatar.