Home » Весници и списанија, Колумни

Јонче Хакерче

1 May 2010 One Comment

Оф, нешто тешко ми е. Штотуку разбрав дека Ахмед од Прилеп му го хакирал компјутерот на Јонче од Тополчани. Па ме фати еден с’клет .. една с’клма.. наводно едниот работел кај другиот, па кога добил клоца оставил „вирус“ во компјутерот на работодавецот. Од дома се закачил кај првиот и избришал сѐ што нашол патем. И тоа не е измислена информација. Ја читав – информација лиферувана од интернет медиуми. И сега што добивме, Агим, Хакерот од Прилеп на распит за сајбер криминал. Не секогаш е лесен овој хакерски живот, иако не можам ни 2% да се идентификувам со епитет кој одредено дело го идентификува преку 100% погрешен термин – хакер и кое важи во нашето општество. А знам дека се грижите за мене, инаку не би ме читале сега. Еве, ако навистина сакате да ми кажете колку се грижите за мене во иднина би ве замолил информации од типот на „хакер украл еклер од кај Апче“ .. не лиферувајте така директно. Одете малку наоколу. Па сега јас да мислам цела вечер шо ќе прави Јонче од Тополчани?

Не дека е крива некоја анонимна телевизија за која радио-дифузија ни чула ни видела, многу поголем проблем прават мејнстрим медиумите чии вести, луѓето во 18.00ч. после првата реприза на „Шехерезад“, ги гледаат. Генерално, сите медиуми треба да се вклучат во борбата со воспоставување на ваквите стандарди за известување за информации од овој тип. Затоа што е тешко да се бориш со медиумите. Особено во моментите кога ти доаѓа да потскокнеш од фотелјата каде што седиш кога некој на телевизија или во весник ќе каже дека „хакер“ украл информации од некоја банка или провалил ваму – таму или некоја друга слична приказна за мали деца, а ти се чувствуваш како дел одаа култура. Не само што не сме запознати со дел од таа култура која и не е така црна како што ни претставуваат, туку и постојано со глава маваме во терминологија која верувале – неверувале може да значи и навреда за споменатите припадници во општеството. Не е државата таа која треба да ни каже дека хакерите впрочем не се лошите батковци, не е нејзина работа тоа, ниту можеби пак тоа се медиумите. Меѓутоа секојпат кога ќе посегнеме кон користењето на технологијата, треба да се сетиме и дека за нејзиниот развој во најголема мера признание им се оддава на хакерите и хакерската култура. Тргнете од најраспространетите производи кои денес компаниите ги „фураат“ и продаваат со милионски суми. Тргнете и од технолошките уреди кои ви се на дофат секојдневно. Сите тие, сигурен сум, се темелат на првична идеја која дошла од умот на некој хакер – кој денеска се оквалификува како криминалец и „багабонт“. Ако се прашувам јас медиумите треба да соработуваат со личности кои се чувствуаат како дел од хакерската субкултура (и кои најверојатно и самите тие ги имаат најмено да работат за нивни интереси) во делот на воспоставување глобално описменување на јавноста и искоренување на пречките и јазлите кои ги има ова движење во „промоцијата“ која бесплатно ја добиваат по телевизиите и весниците.

Во вакви ситуации сум испраќал и молби, барања, сум клечел и плачел пред македонските медиуми и новинарската фела, „аман не мешајте баби и жаби“.. пак ништо од сето тоа. Па добро, затоа, во име на вашата желба да јас имам добро здравје и секогаш кога компјутерот на еди-кој-си ќе се расипе кога неговиот комшија ќе кивне повторно ќе обвините некој криминален хакер за направената штета, ве замолувам – почитувани новинари и медиуми – што треба да сторам за вие да се свестите и да престанете да ги оквалификувате оние кои создаваат и творат, оние кои решаваат проблеми и ги прават работите да функционираат поквалитетно, оние кои ги применале идеите на личности од Моцарт па се до Ајнштан во дигиталното доба како криминалци и да им лепите термин како „хакер“ на оние кои впрочем (ако веќе ве интересира терминологија) се кракери и можеби ги заслужуваат маргините на законите кои ги прекршиле? Ако треба и гол ќе прошетам по улица, ако треба ќе им купам и цвеќе на вашите сопруги и боја за чевли на вашите сопрузи, само да дознаам како да ви кажам да не го користите овој термин повеќе за луѓе кои го свртиле „мустафа“ на флипери кога наполнале 32 години? Дали би било фер доколку некој утре излезе и каже дека е новинар и убие 20тина души на лице место, па ние да ги оквалификуваме сите новинари како психички нестабилни личности со тенденција да убиваат? Генерализирањето предизвикува проблеми на мала група граѓани кои на овој или оној начин, придонесуваат за развој на ова општество, какво и да е, и чија различност треба да биде прифатена на ист начин како што се прифаќаат разликите во јазикот, националноста, сексуалната ориентација итн.

Забелешка

Oвој текст по форма се разликува од другите колумни објавени на блогов. Затоа што требаше да биде објавен во Нова Македонија, а не пројде поради тоа и тоа и тоа. Ова е последната колумна напишана за овој медиум – необјавена.

Post to Twitter Post to Delicious Post to Facebook Post to Reddit

One Comment »

Leave your response!

Add your comment below, or trackback from your own site. You can also subscribe to these comments via RSS.

Be nice. Keep it clean. Stay on topic. No spam.

You can use these tags:
<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

This is a Gravatar-enabled weblog. To get your own globally-recognized-avatar, please register at Gravatar.