Home » Колумни, Нова Македонија

10000 членови за ти да си отвориш блог

14 April 2010 No Comment

Напомена: Овој запис, делумно изменет, е објавен во Нова Македонија, 13/04/2010. Ова е оригиналната колумна со малата измена што ја направи редакцијата обележана во жолто.

Нова Македонија Искрено до пред извесно време мислев дека блогот како медиум е застарен метод за исвестување, особено кога во предвид ги имаме новите начини за информирање инкарнирани преку сервисите за социјално вмрежување, Фејсбук, Твитер, ти-реков ми-рече… Во Македонија Фејсбук за волја на вистината навистина фино лепо му се најде на татковците и мајките. Сега наместо децата да ги пуштаат кај бабите и дедовците објавуваат слики од нив на Фејсбук, бабите ги гледаат, стискаат „лајк“ и сите среќни (бога ми и педофилите) ем внуците видени. Практично Фејсбук ви го заменува своевремено популарното Нинтендо на кое мрзливите родители врвеле саати додека нивните деца кемкале наваму-натаму барајќи малку внимание. Сето тоа може да се искористи како алатка за културно информирање на вашите фејсбук-пријатели за теми кои се од ваш интерес, да линкате други страни, едноставно да ги натерате сите да ја споделат информацијата со нивните пријатели. На тој начин може да се добие впечатокот дека денес, практично блоговите и не се потребни. Од една страна стои тој аргумент, но од друга страна податок кој тоа го пречкртува и ни укажува дека денес луѓето сѐ уште сакаат да читаат блог постови (но едноставно за нив не сакаат да коментираат и дебатираат) е мојот конкретен пример (блогот му е познат на редакцијата). Објавувањето на мој блог пост во кој се коментира конкретна емисија емитувана на една од македонските телевизии минатата недела привлече огромен број читатели. Не станува збор за тоа кој како се нашол таму, статистички гледано не сите се задржале повеќе од 10мин. на сајтот (според Google Analytics), но поголем впечаток за сето тоа оставија реакциите кои стигаа на мојот мејл од фирми и приватни лица, повици на телефон, па дури и привлекоа неочекувани покани за средби од службен вид. Иако за тоа не би зборувал детално, можам слободно да констатирам дека блоговите во Македонија не се меч за занемарување, иако повеќе не толку популарни како порано (кога секој втора „букарски“-лајк проститутка за внимание имаше блог со трула содржина) она што денес навистина се вреднува е стручноста и можноста да се пренесе информацијата на начин кој може да се набљудува од аспект на блогер и читач – независно.

Замислете блогер од мој ранг, не е ниту ниту новинар ниту пак има било каква спрема за новинарство, лиферува информација која е таква каква што е, заштитена со Член 16 – став 2 на Уставот на РМ, на сето тоа реагираат редица личности и лица кои се официјални претставници на фирми од државата, без притоа да се увиди причината за таквата информација и предизвикот со кој блогерот се соочил кога го пишувал блог-постот. Од друга страна пак, си велам, не дај Боже некој блогер што може да го рашири својот збор низ „македонскиов Интернет“ да објави информација која е поткрепена со аргументи и фино лепо документирана. Тоа може да има сериозни последици во начинот на функционирање на субјектот за кој се пишува. Избила афера и некој македонски блогер без влакна на прстите сето тоа го објавува. Па кога имате македонска компанија која реагира на блог пост така жустро за критиката која ја добила од мојот скромен медиум со, сѐ уште, не така голем капацитет, замислете што би се случило кога некој остро ќе ја критикува нивната работа и практично изнесе докажани вистини за начинот на нивното работење кое е штетно и незаконско? Што ќе прават овие компании, институции и приватни лица кога некој професионален новинар на негов независен сајт се побави малку со нив? Тоа покажува колку ИТ фирмите во Македонија впрочем се спремни да бидат критикувани од своите клиенти и колкава почит имаат кон нивни минати, тековни или идни корисници. Тоа кажува колку ИТ компаниите во Македонија се тапа, отфрлањето на конструктивна критика практично води кон блокирање на развојот на секое нешто кое еволуира и се развива.

Македонскиот Интернет, паушално-кажано, професионален корисник мора да се насочи кон барање за конкретно дефинирање на правата што тој, блогерите и авторите ги имаат во случај кога објавуваат содржини на своите сајтови. Во тој случај нема да има плашење и влевање непотребен страв и закани за покренување прекршочни постапки кон нив исто како што тоа е случај и за класични новинари. Во случај кога секој од нас си ги знае границите на можноста, нема да има потреба да се дообјаснуваат некои работи приватно, се би било транспарентно и отворено на мрежата и нема да има потреба никој со никого да се види тет-а-тет за да си разменеле по 2-3 другарски комплименти. Во спротивно, пропаѓа во вода сето она за кое тие работат – дигитално воспоставување на комуникација. Блогот сѐ уште е важен во Македонија, наречете ме старомоден, но блогот веројатно уште некое време ќе остане мерило за тежината на зборовите на поединци и автори кои сакаат нешто да кажат и да им се обратат на нивните читатели.

Post to Twitter Post to Delicious Post to Facebook Post to Reddit

Leave your response!

Add your comment below, or trackback from your own site. You can also subscribe to these comments via RSS.

Be nice. Keep it clean. Stay on topic. No spam.

You can use these tags:
<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

This is a Gravatar-enabled weblog. To get your own globally-recognized-avatar, please register at Gravatar.