Articles Archive for May 2010
Приказни, активизам, трудови »
На 27 септември 1983г. на мејлинг листите осамна порака која значеше револуција во зачеток, иако тоа како и секоја друга прогресивна идеја тогаш наиде на различен одзив во јавноста, гледајќи од денешна перспектива, тоа е една од најзначајните пораки некогаш испратени на мрежата. Имајќи ја во предвид информацијата дека RMS на 3ти јуни ќе гостува во Скопје (да!!), ја формирав оваа содржина за поблиско запознавање со оваа прекрасна личност. Амбициозниот хакер од Институтот за Технологија во Масачусетс, тогаш 30 годишниот Richard Matthew Stallman (RMS), напиша:
Слободен UNIX!
Почнувајќи од Денот на благодарноста, …
Општо, Приказни »
Пред 3-4 години в раце ја држев книгата „Трепнување“ на Малком Гледвел (Blink – Malcom Gladwell). Многумина се прашувале дали старата грчка скулптура е оригинал или фалсификат. Дошол некој батка и само што ја видел рекол „фалсификат е“. Кога го прашале зошто, тој им рекол (параф.) „не знам, тоа е мојот првичен впечаток, а нему му верувам“. Тоа може да биде основата за почетокот на овој текст кој треба да дојде како кратко резиме после социјалната проблематика (особено при имплементација кај социјални мрежи) со која неодамна се запознав, а се …
Весници и списанија, Колумни »
Оф, нешто тешко ми е. Штотуку разбрав дека Ахмед од Прилеп му го хакирал компјутерот на Јонче од Тополчани. Па ме фати еден с’клет .. една с’клма.. наводно едниот работел кај другиот, па кога добил клоца оставил „вирус“ во компјутерот на работодавецот. Од дома се закачил кај првиот и избришал сѐ што нашол патем. И тоа не е измислена информација. Ја читав – информација лиферувана од интернет медиуми. И сега што добивме, Агим, Хакерот од Прилеп на распит за сајбер криминал. Не секогаш е лесен овој хакерски живот, иако не …

