Анализа на комуната на Кајмакот
Глиша можеби најдобро знае да објасни. Ако го исхронологизира развојот на Кајмакот (не како софтвер, туку како сервис), ќе добиеме впечаток како се искали комуната на Кајмакот. Не го знам вкупниот број на корисници пријавени, но знам дека 15тина од нив секогаш се вклучени во расправии и дискусии кои најчесто водат кон „непоента“, но секогаш е топло дури и слатко да се види климата и „политичката“ атмосфера на Кајмакот особено откако измина повеќе од година и кусурот од неговото постоење.
Факт е дека постојат гета. Има две гета, некои велат дека едните се леви другите се десни. Ќе го земеме за факт тој податок и ќе речеме дека Кајмакот е парламентот на еден ден од македонскиот Интернет (многу мал дел, останатиот припаѓа на MSN, Skype, MySpace итн.). Интересно е што оваа комуна е без малцинства. И тоа е моја импресија (не факт). Не знам зошто но досега имам добиено впечаток (ако некако се добива тој впечаток) дека на Кајмакот нема други националности освен Македонци. Би било фино ако се створи и таква заедничка клима, рецимо, меѓу корисници Албанци и корисници Македонци.
Не сакам да правам поделби но еве како стојат работите, чисто заради забава и од немај-шо-да-прам.
Десен блок
- прв го ставам Pero. За него има многу митови. Од тоа дека е фантом кој впрочем е познат гик и кој се регистрирал за да го ремети лево-ориентираниот блок на Кајмакот. Последниот пат кога бев Скопје дури и до мене дојдоа гласовите за тоа кој е овој човек. Секако, заебанција. Како и да е, Pero, еден од омилените корисници на vordan и Јован Петров, досега не успевам да сконтам дали е десно долу или десно горе. Во моментот знам дека е десно и имам впечаток дека е долу. Можда и ближи накај центар. На почетокот паѓаа навреди врз името на многу други корисници од прстите на овој корисник, но како што реков, сега Перица е миленик на многумина, дури и сакам во живо да го запознаам (ако се заебе и се открие во јавност). Пријавува социјални/политички и забавни содржини.
- Потоа од десниот блок доаѓа Lavot. Модератор на Таратурот, често пати гледам дека пишува лоши коментари по Кајмакот поврзани со другите портали, меѓутоа мора да го споделам мојот впечаток (впечаток, впечаток, ова сѐ се мои впечатоци!! да не се повторувам), во врска со овој корисник. Има многу т.н. патриоти, десни конзервативци, забулени фаци кои џафкаат без причина и без итекаквих податоци за тоа за кое лаат. Но Lavot не е еден од нив. Мислам дека се работи за начитан човек кој ја сака земјата во која живее со сите нејзини мани и доблести (не знам кај ги наоѓа хаха), и секогаш кога реплицира знае да одговори со доза на цинизам, иронија, меѓутоа и да презентира знаење. Дали јас се согласувам со тоа или не, моја работа, битно дечкото не сери глупости. Пријавува разновидни содржини, најчесто социјални, спортски и занимливи, кои линкаат до неговиот портал
- Zlochko: исто еден од првите комити на Кајмакот, десничар со смисла и владеење на мислата. Често-пати оспоруван од мене и други дека се работи за семи-националист (сѐ уште така мислам) бидејќи со неговите ставови чинам ја поткрепува тезата „Македонија цела да е, свето да ја знае“ но од друга страна не се плаши нит срами да признае дека ситуацијата во Мекдонија не е баш најповолна и дека дел од политичката елита sux donkey balls. Би рекол дека и овој се ближи кон центарот. На крај, впечатокот е дека е силен поддржувач на актуелната власт (ВМРО-ДПМНЕ), и исто така добро манипулира со иронијата како стилска фигура. Пријавува разновидни содржини.
- Persey, креаторот на најкоментираниот пост на Кајмакот и во последно време најпопуларниот лик. Детето на Букефал…упс, да не испадне дека мислам дека е коњ, не, мислев детето на Голема обединета, неделлива, автономна и бериќетна Македонија. Според мене, врвот на национализмот на Кајмакот. Сепак таму не е сам, го поддржуваат Spartak и компанија (не можам сега да се сетам на други корисници во овој ред), меѓутоа ќе кажам дека човекот има добра душа, јеби га, сите сме луѓе after all :) После последниот спор околу банирањето на името Persey од Кајмакот, се разгледува можноста за финансиски надомест за претрпена психоза, нервоза, душевно растројство и промена на лозинка :)
- ivanristeski: десничар, програмер, дипломиран информатичар од Охрид, свето-поклоник на делото и зборот на Исуса Христа :) (извини ако повторно го споменувам тоа, но сега редам мненија). Го имам запознато во живо, фин дечко е и добар програмер. Мислам и дека работи како програмер во
не знам каде. Постира најчесто забавни содржини, ми се допаѓа тоа што нема многу политичко влијание како дел од горе-наведените иако се гледа од авион дека е поддржувач на актуелната власт :) Патем, мора да кажам дека често не се согласувам со неговите коментари во врска со било што, бидејќи едноставно се косат со моралните норми на живеењето што се презентираат и во Библијата и во мојата лева глава.
Како новитет во десниот блок последно време се јавува и Troskot. Појма неам ни кој е ни што е, али имам информации дека веќе ја регрутира Македонска Паравојска 2001, па пазете се :)
Уредено: официјален претставник на Царството небесно во овој наш парламент: aprilka!! :) или Света Aprilka Неподобна. Нејзините постови се оценуваат со “freakout” :) пишува за религијата, за очите на небото над Косово, за типот со тетоважи што лечи со тупани..прав идолопоклоник на светата македонска черква :)
Веќе сме на центарот
- GoodBytes: морав да го ставам. Еден од поголемите интелектуалци кои се вртат на Кајмакот и кој би сакал да го запознаам. Не знаев дека е фамилијарен човек до неодамна, има свој блог кој изобилува со информации и интересни лични ставови во врска со редица општествени и професионални прашања. Не би рекол дека е политички обоен, иако малку ми влечи накај десно, сепак реален тип кој си ја сака земјата и градот во кој живее :)
- Глиша: се мислев дали воопшто да го пишам, пошто типов е креаторот и staff (модераторче) на Кајмакот, но има право да си го даде своето мислење, кое ќе го искоментирам. Го ставам во центарот пошто ретко коментира, кур го боли за дневно-политички мислења, постира забавни теми, дури малку влечи накај лево. Банира невини жртви македонски и за тоа Букефал ќе му суди!!
Има и други централисти ама засега не можам да се сетам (ќе дополнам ако ме потсетите).
И одиме во најживото гето на Кајмакот,
Лев блок
- Vordan: Како најискусен левичар, можеби и највозрасен (затоа велам најискусен), миленик на идејата на социјализмот, сосема нелогично про-Американски настроен од една страна, а од друга страна страстен поддржувач на поранешниот поредок од СФРЈ, доаѓа Vordan или Ванчо Ордановски (се надевам не е проблем што објавувам име и презиме?). Последно време сѐ повеќе се зближува со Pero, до степен на личен, фамилијарен доктор, дијагностицирајќи ја неговата десна наклонетост, лекувајќи ја со проверена терапија која очигледно функционира (имено, Pero од страсен десничар после дозите одредени од Д-р Vordan почна да се влечи во лево) :) Сериозниот дел вели дека Vordan е искусен IT професионалец, сопственик (или ко-сопственик?) на една од најголемите IT компании кај нас, сериозен програмер, GNU/Linux корисник и поддржувач на заедницата на слободен софтвер во Македонија. Пријавува социјални, политички и забавни содржини, а често и професионални/програмерски содржини. Често пати дава до знаење дека не е политички обоен, па е критичар и за едните и за другите на политичката сцена. Често осудуван дека е пратеник на Макрадули, Бучковски и платеник на граѓанинот Црвенковски :)
- jpetrov или Јован Петров, уште еден во редот на левичари, еден од најфреквентните на Кајмакот. Во неколку наврати исто така осуден дека е платеник на т.н. лев блок од Македонија (иако таков не постои реално), поради неговите критики за актуелната власт. Мислење ми е дека се работи за антинационалист, анти-милитарист и до одредена доза анархист кога се зборува за социолошките ставови на Јован Петров. Мислам дека до неодамна беше сопственик на компанија за услуги за веб хостирање, меѓу другото е добар PHP, Python, Javascript програмер (и други јазици се разбира). Постира забавни, дневно-критично-политички ставови, професионални содржини и речиси да нема пост без негов коментар.
- gemidjy: морав да се ставам во редот на претходните двајца. Не можам да кењам за мене лично, само да кажам што мислам за тоа што другите мислат за мене. Мислам дека има мислење дека мојот онлајн идентитет „гемиџи“ (како што ме вика 99% од заедницата) е поврзан со Гемиџиите како најголемите патриоти на свето! Не, поврзан е со гемиџиите како најголемите анархисти на овие простори (кои мора да признаам ни го спопикаа гадно со тоа што допринеле Турците да си одат хаха). Сум антинационалист…впрочем сум сѐ „анти“. Ако вие речите „А“ јас ќе ви испратам коментар „ебати А“. [во коментар овде може да пишете што сакате па ќе објавам]
- woona: шо да кажам. Типот си има свој филм, можда некогаш не контам дали е анархист или лево-ориентиран антимилитарист, антинационалист итн. (бидејќи во неколку наврати видов дека ја поддржува државата и идејата дека власта прави добро за граѓаните). Ретко се појавува на Кајмакот како постер, почесто како „линкан“ (други пријавуваат негови содржини), одвреме-навреме коментира и има рационални ставови во врска со актуелните политички случувања. Има завршено
некаков факс, мислам дека сега е некаде на пост-дипл. во странство. - kiberkotle: кога ќе даде коментар, знаеш дека е нешто паметно. Што да прави, тоа му е професија. Политиколог, гик, анархист (?), активист за слободна култура. Ако нешто не е паметно, а зад него стои потпис на kiberkotle, тогаш знаете дека тоа е лага. Се што Kotle кажал, претходно добро го скувал.
- roxy: ако добро разбрав, од извори блиски на блогерите, типов е типка :) И тоа хардкор лева типка. Почит!
Исто кон лево влечи и gdamjan. Ретко се појавува и коментира. Паметен човек :) гик! Од поново време кон левите се придружил гледам и jasnesumjas, кој има прекрасен блог (содржајно)
Во неутралните, не се ни централисти би ги ставил: ribaro, novica, strumjan, Damjaan, dasaf, t4cka, kzograf, Janko…и други. Ако некој пропуштив пишете. Едноставно не знам во кој блок се, можеби подобро така :)
< <- dodatok ->> [14:52]
Заборавив да споменам уште тројца влијателни Кајмаками, сите спаѓаат во неутралното гето:
- Едниот е darko156, од komunikacii.net, ако не се лажам типот е новинар кој секогаш има што да пријави и засега може да го оквалификуваме само како мејнстрим-медиа критичар и борец за што понезависно новинарство.
- другиот е sead, исто така од komunikacii.net, и него може исто така да го ставиме во кошот на неутралните, со истите карактеристики како и Дарко.
- третиот е Acid, ако не се лажам админ на Кајгана, најчесто придонесува со линкање кон содржини на овој портал, од забавен карактер, а често и профи IT содржини.
< <- /dodatok ->>
Ух се уморив у пизду матер!
Се обидов да издвојам најактуелни фаци од комуната на Кајмакот. За сите навреди (гледав да нема), нелогичност, неправди и протерувања, коментирајте и анал-изирајте ме :)
Мојата статистика:
Корисник од: 29 март 2007
Пријавени статии: 54
Популарни: 44
Однос на популарност: 81%

А мене? :(
Еве додадов уште 3ца :)
Бунка, Icko, razvigor, новица, Scorponok…
Доста активни се и овие…
Фала за убавиот коментар за мене. Тоа што си ме ставил во центарот и необоен го примам како комплимент!
И јас редовно те читам преку Планета РСС-от и можам да кажам дека тука сум прочитал многу интересни текстови, што е и логично со обзир дека делиме слични интереси.
Фактот шо се најдов во mainstream луѓето од “десницата” ми е урнебесен бидејќи имам само 2 статии пријавено :D
Си ми го утнал никот : t4cka. Освен ако не постои некој друг таков тогаш пардон :)
Браво бе Гемиџи, алал да ти е… за анализа си цар, човек може многу работи да дознае од твојот блог
gemidjy… ни правиш досиеа? Мене така ми изгледа. :)) Операција – „виртуелно дувло“. :)))
Leave your response!
За блогот
Guadalquivirization е блог на кој ги изнесувам своите мислења околу технологијата со која секојдневно се среќавам, како и лични дневно-политички теми и фрустрации со кои се соочувам. Целта пред се ми е да помогнам на корисниците да ја сфатат мојата реалност, не да им ја наметнам туку да ги насочам во работи со кои имам искуство, професионални и приватни.
На блогот може да се најдат и текстовите кои ги објавувам во текот на месецот во дневни или месечни весници и списанија.
Последни коментари
Колумни
Твитам бе!
Delicious линкови
LinkedIn
Социјализација
Други страни
Тагови
Archives