Час по Веронаука
Почитувани деца,
Вие сте нашите татковци. Во средно ме учеа дека Вие сте татковците на човештвото. Некогаш си мислам дека човештвото добива лош татко. Некогаш пак гледам малку надеж во лудилото и сфаќам дека секогаш ќе има пар лудаци повеќе кои ќе го движат светот напред и кои ќе помагаат работите да опстојуваат, оправдувајќи го мојот бунт и бунтот на илјадници други. Кои ќе кажат „не“ ако не се согласуваат или кои ќе кажат „да“ кога нивното сфаќање за работите се совпаднат со кажаното и стореното. Од оваа година, почитувани, почнавте да учите Веронаука. Некои ми велат дека е изборен предмет, затоа чичо Александар, без 4 дена 25-годишен, сака да Ве посоветува:
Ако сте муслиман, учете ја Вашата вера во Вашите џамии. На училиште искористете ја приликата да ја научите културата и верата на Вашиот брат, Христијанинот. Ако сте христијанин, не значи дека сте супериорен во оваа мнозински-христијанска држава. Изберете „Ислам“ и учете ја културата и обичаите на муслиманите. Само така ќе овозможите подобро татковство и меѓусебно разбирање. Така Вашите деца кога ќе го чујат оџата како пее нема да пцујат по него, туку ќе го сфатат како личен избор на илјадници верници, и кога ќе ги чујат камбаните од црквата нема да земаат пушки и пиштоли и да се спремаат за божјата војна. Идеално би било доколку Вие како луѓе оформите свое сфаќање за животот и верата. На почетокот од средношколските години бев фанатичен христијанин. Но верата не ми даваше одговор на прашањата кои произлегуваа од мојот прекрасен ум. Ми правеше забуни и проблеми. Затоа одлучив патот да го одам сам и тоа пешки. Читајте и интересирајте се за сфаќањата на Вашите соседи, на тие со кои ја делиме земјава. Одете контра одлуките на државата која вели дека треба да се учи веронаука за да се задржи влијанието на црквата врз народот. Црквата е таа која ќе Ве учи за десетте божји заповеди? Што останува друго? Бараба да Ве учи за правичното судење во земјата? Одете контра одлуката на државата и изберете ја културата на разликата. Немојте да се гадите ако некој христијанин одлучи да изучува Ислам, не го каменувајте муслиманот кој одлучил да учи за Христијанството. Не ги прогласувајте за еретици и неверници, не ги плашете со бесмислици дека ќе одат во пеколот и рајот. Дајте им го рајот додека се овде. Човечкиот живот вреди овде. Почитувајте го изборот и раѓањето на луѓето од другата вера, само така ќе сфатам дека одлуката да се учи Веронаука е исправна и оправдана.
Сакај го ближниот свој како самиот себеси.

Јап, само види извадоци од програмата http://jasnesumjas.blogspot.com/2008/09/blog-post_7101.html . Драги деца, заебете ваква веронаука, земете уште еден научен предмет.
Ок Никола Тесла.
[...] „Па“, велам, „или нека ги измиксаат муслиманите нека учат христијанство, христијаните исл…“. [...]
Leave your response!
За блогот
Guadalquivirization е блог на кој ги изнесувам своите мислења околу технологијата со која секојдневно се среќавам, како и лични дневно-политички теми и фрустрации со кои се соочувам. Целта пред се ми е да помогнам на корисниците да ја сфатат мојата реалност, не да им ја наметнам туку да ги насочам во работи со кои имам искуство, професионални и приватни.
На блогот може да се најдат и текстовите кои ги објавувам во текот на месецот во дневни или месечни весници и списанија.
Последни коментари
Колумни
Твитам бе!
Delicious линкови
LinkedIn
Социјализација
Други страни
Тагови
Archives