Articles in the активизам Category
Приказни, активизам, трудови »
На 27 септември 1983г. на мејлинг листите осамна порака која значеше револуција во зачеток, иако тоа како и секоја друга прогресивна идеја тогаш наиде на различен одзив во јавноста, гледајќи од денешна перспектива, тоа е една од најзначајните пораки некогаш испратени на мрежата. Имајќи ја во предвид информацијата дека RMS на 3ти јуни ќе гостува во Скопје (да!!), ја формирав оваа содржина за поблиско запознавање со оваа прекрасна личност. Амбициозниот хакер од Институтот за Технологија во Масачусетс, тогаш 30 годишниот Richard Matthew Stallman (RMS), напиша:
Слободен UNIX!
Почнувајќи од Денот на благодарноста, …
Општо, Приказни, активизам »
Вчера (вторник, 16/03/2010г) на македонската телевизија, која се нарекува македонска само заради тоа што се наоѓа во Македонија, се емитуваше програмата „Без пардон“, на г-ѓа/ца Анита Петкровска. Во емисијата гостуваа двајца професионалци кои изнесоа свои гледишта кои во најмала рака беа полни со предрасуди, непрофесионални и за луѓе кои нешто повеќе се технолошки писмени – смешни. Проблемот со презентирање на факти кои може се неточни во Македонија не е проблем. Мислам, тоа го правеле уште одамна луѓе блиски на Мајкрософт, на чело со г-дин Илијанчо Гаговски па се до некои …
Колумни, Приказни, активизам »
И мене ми велеа дека протестирам за подобро утре. И јас бев теле и ме молзеле. Излегував на улица без да знам зошто и што е лошото во тоа што треба да се воведува настава на албански во Гимназијата во Битола. Не знаев дека се движам во колона на фашисти и националисти, стоев во толпата горд дека ја поддржувам мојата нација и земја. Ама појма немав ни зошто ни како го правам тоа. Возрасните гордо не гледаа и сигурно беа надуени што испородиле такви синови македонски. Знам што сум направил …
Општо, активизам »
Денес сабајле фино ме пречека една порака на е-пошта, па за да не ја фовродирам и да изигравам спам-колектор, ја пренесувам на блогов (извор):
Во солидарност со востанието во Грција, стануваме за нашата СЛОБОДА!
ЗОШТО ГРЧКИОТ НАРОД ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦА?
Грчкиот народ протестира затоа што живее во тоталитарно општество. Затоа што главен политички актер им стана полицијата, а главна акција – апсењето и судењето и убивањето невини деца. Протестираат затоа што богатството на шака луѓе значи крпен живот за мнозинството. Затоа што профитот на газдите од Атина и Солун значи крв и пот …
Колумни, активизам, трудови »
Мислам дека фали мало објаснување околу тоа на што работи Лугола последно време. Јас пред 1 месец иницирав идеја да се изработи дигитален зин (ezine) со можност за печатење (50тина примероци), и како иницијатор на приватните ресурси на Лугола дадов објаснување за тоа што е целата идеја. Како име за магазинот предложив да биде Лугархија, комбинација од Лугола и Архија (не Анархија! ебави фаците глупи!).
Текстовите за првиот број се спремни. На сајтот на зинот има и одбројување :) веќе договоривме и пијанка за тие шо ќе се Битола тој …
Вести, Колумни, активизам »
Така ми рече еден другар кога реков дека Манаки дефинитивно почнува да преоѓа во Скопје. Мене ми е скроз Ок идејата во Битола да постои фестивал како Манаки. Впрочем на секој прост Битолчанец кој ќе каже „да бе брат, Манаки фестивалче ти реков ми рече убо е да е во Битола“ му се допаѓа идејата да има фестивал од овој ранг во Битола. Скопје си има филмски фестивал и тоа е исто така супер идеја. Во изминатиот период, како што му личи на градов, испаднаа 3423 теории на заговор, некои …
Вести, активизам »
Почитувани корисници на слободен софтвер,
гикови, активисти, песимисти и квинслинзи:
Од денес официјално ја прогласуваме за активна новата Лугола 2.0. За таа цел, би сакале да Ве запознаеме со нашата идеја за новото функционирање на групата. Можеби повеќе нема да делуваме како GLUG, можеби ќе делуваме позатворено од порано, нема да имаме редовни физички состаноци, но сето тоа ќе го правиме за подобра кооперативност, организирање и делување. Состаноците на Лугола последно време не беа воопшто продуктивни. Не се исклучени засекогаш, се разбира од време на време се собираме и дружиме низ дискусија …
Колумни, активизам »
Почитувани деца,
Вие сте нашите татковци. Во средно ме учеа дека Вие сте татковците на човештвото. Некогаш си мислам дека човештвото добива лош татко. Некогаш пак гледам малку надеж во лудилото и сфаќам дека секогаш ќе има пар лудаци повеќе кои ќе го движат светот напред и кои ќе помагаат работите да опстојуваат, оправдувајќи го мојот бунт и бунтот на илјадници други. Кои ќе кажат „не“ ако не се согласуваат или кои ќе кажат „да“ кога нивното сфаќање за работите се совпаднат со кажаното и стореното. Од оваа година, почитувани, почнавте …
Колумни, активизам, трудови »
Часот е 00.33 и не можам да заспијам, па така ми текнуваат глупости и по нешто интересно. Се мислев за нешто што од порано сакав да го обработам на блогов секако инспирирано од слободната култура која се трудам да ја форсирам како знаам и кај ќе стигнам.
Корисниците на слободен софтвер или тие што се разбираат во компјутери нешто повеќе од „студентски прашања“ знаат дека кога станува збор за GNU/Linux, не можат да се сетат на нешто конкретно затоа што постојат милион дистрибуции кои ја прават одлуката за тоа што да …
Колумни, Приказни, активизам »
„Блок“ е бесплатно списание со социјални и активистички содржини кое излегува од НВО „Форум на Млади“ од Битола. Во следниот број треба да се појави мој текст на тема „хакерџии“ :)
Многумина денеска се изјаснуваат како програмери. Но не се. Многумина денеска се декларираат за хакери. Тоа се најмалку. Што направиле тие? Многумина сакаат да се револуционери, да ги направат работите подобри, светот да функционира подобро, но слепо ги прифаќаат навиките и принципите што им ги нуди лагата дека мнозинството е секогаш во право. Светот во минатиот век се смена. Промените …

