Home » Archive

Articles in the Весници и списанија Category

Весници и списанија, Колумни »

[1 May 2010 | One Comment | ]

Оф, нешто тешко ми е. Штотуку разбрав дека Ахмед од Прилеп му го хакирал компјутерот на Јонче од Тополчани. Па ме фати еден с’клет .. една с’клма.. наводно едниот работел кај другиот, па кога добил клоца оставил „вирус“ во компјутерот на работодавецот. Од дома се закачил кај првиот и избришал сѐ што нашол патем. И тоа не е измислена информација. Ја читав – информација лиферувана од интернет медиуми. И сега што добивме, Агим, Хакерот од Прилеп на распит за сајбер криминал. Не секогаш е лесен овој хакерски живот, иако не …

Весници и списанија, Нова Македонија, рецензии »

[28 Apr 2010 | 4 Comments | ]

Како стилски значи знаат да се однесуваат овие македонските мејнстрим медиуми – секоја чест. Просто како курва се осеќам која ја искористиле и ѝ ги качиле парите на 3м. високо дрво така предпразнично :) Имено станува збор за мојата едномесечна авантура како колумнист што на моја желба започна како соработка со Нова Македонија (пред 1 месец и нешто). И покрај тоа што врската заврши неславно, сето тоа беше прекрасно искуство – за мене како човек кој во дневен весник претходно немал објавувано негов труд сето тоа беше дури и со …

Android, Devel, Весници и списанија »

[27 Apr 2010 | No Comment | ]

Мобилната технологија станува сѐ поинтересна и попривлечна. Особено ако се земе во предвид дека голем дел од мобилните платформи достапни преку илјадниците производи на уште толку различните производители ни се достапни во Македонија. И тоа од двата аспекти, како корисници или како професионалци кои сакаат да развиваат софтвер за нив. Ние како општество досега покажавме дека сме спремни да прифаќаме нови работи во сферата на секојдневниот живот. Сакаме да имеме најнов телефон, најнов лаптоп, кој од потреба, кој од помодарство, но она најверојатно уште долго нема да биде променето во …

Devel, Весници и списанија »

[19 Mar 2010 | 10 Comments | ]

Во претходниот број видовме како може да креирате едноставна GUI апликација со помош на C++ фремворкот Qt. Овојпат ќе видиме како може лесно да креирате програми со помош на динамички испишаниот (dynamic typed) јазик Python. Концептот на динамички јазици е ист речиси во сите имплементации кај овој тип на јазици. Имате едноставна синтакса која ја применувате за создавање на бараниот резултат па врз основа на обработени податоци се структуираат други делови и сегменти од апликацијата која ја пишувате. Кога станува збор за динамички јазици, терминот динамички впрочем се однесува на …

Весници и списанија, Колумни »

[12 Mar 2010 | No Comment | ]

BitTorrent е протокол за „peer-to-peer“ споделување на податоци. На времето постоеја трагично „убиениот“ Napster, па Soulseek, ed2k протоколите… секој со своја приказна. Но тогаш збирањето на податоците беше централизирано. Музиката, филмовите и софтверот одеше онлајн на сервер до кој корисниците преку клиентите пристапуваа и споделуваа/симнуваа датотеки. Во периодот од 1998-2000г. познатиот метал бенд Metallica реши да „му се одмазди“ на Napster за штетата што ја направи во периодот на неговото постоење. Преку многу правни механизми адвокатите и финансиските поттрчковци на Metallica, индустријата успеа да го затвори своевремено најмасовниот сервис за …

Devel, Весници и списанија »

[7 Mar 2010 | One Comment | ]

Програмерите и тие кои сакаат да програмираат веќе нема од што да стравуваат. Секој втор може да стане „програмер“ и да развива софтвер за платформа по негов избор со многу малку познавање и посветеност. Тоа сето доведува до една ситуација од која најверојатно нема да има излез во доследно време. Многу квалитетни програмери кои едноставно не се нашле во право место со правиот избор ќе бидат изоставени од трката за доминација на мобилните платформи кои денеска постојат. Во тој свет ќе владеат луѓе кои гледаат прогресивно кон креирањето на софтвер …

Весници и списанија, Колумни, Нова Македонија »

[3 Mar 2010 | No Comment | ]

Зошто по ѓаволите некој би сакал да живее во растурена просторија? Уште повалидно прашање би било зошто некоја жена би сакала да спие во растурена спална соба и чорапите на мажот ѝ да и висат над глава? Мислам.. зошто побогу? Концептуално ако тргнам да објаснувам што сѐ стои зад овие прашања, би можел да одам до недоглед. Затоа ќе се задржам на факт кој ретко кој во Македонија го елаборирал и јавно се произнел по тоа прашање. Големата преселба на IT професионалнците од помалите градови го големиот валкан град по …