Home » Archive

Articles in the Вести Category

Вести »

[19 Feb 2011 | 8 Comments | ]

Да ја сумираме целата ситуација.
Денеска е објавена НЕОФИЦИЈАЛНА верзија на Златна Книга за Android.
По 2 часа апликацијата престана да функционира, не знаев зошто. Потоа го добив овој мејл.
На крај испадна дека Филип Димитровски, на Твитер познат како webomania испратил лажен мејл до мене претставувајќи се како Златна Книга (препорачувам да се испита легалноста и правната оправданост во врска со ова).
Изгледа дека Златна Книга не испратиле никаков мејл до мене, тоа го направил Филип Димитровски. За ова ги известив Златна Книга и очекувам директен контакт со нив да ја расчистиме целата …

Вести »

[28 Jan 2011 | 4 Comments | ]

Во Египет се случува нешто многу важно. Од аспект на политичките промени кои стигнале како влијание од повеќе исламски земји наоколу, каде имаше промени на власта (Либан, Тунис, па можеби и протестите во Албанија?). Сѐ уште верувам дека промената на власта ја прават и треба да ја прават само граѓаните, на демократски или насилен начин ако сите други цивилизирани инструменти се истрошени. Не верувам на капацитетот на македонскиот електорат да избере нешто што во права насока ќе ги води во даден временски период (без разлика дали е во ЕУ или …

Вести »

[18 Jan 2011 | No Comment | ]

What we need is more of these:

Вести »

[15 Jan 2011 | One Comment | ]

Златна Книга не нуди интерфејс за пристап до нивните податоци меѓутоа многу лесно можете да го соберете сите записи ако сте спремни да направите околу 300.000 риквести кон сервисот. (URL-ата на zk.mk се смешка). За да не се случи DDOS кон сервисот, решив да направам форма на scraper кој realtime ќе испраќа риквести и парса резултати на Android уред. И тоа како идеја за апликација која мене ми требаше додека чекав на семафорот да го најдам бројот на ресторан кај шо имав сериозен бизнис муабет за продажба на мој прозивод …

Вести »

[28 Mar 2009 | No Comment | ]

Велигденски пости, ќе речеш, луѓето си простувале, пазеле да не направат грев, особено верниците. Што викаше еден мој другар верник, постот не значи дека треба да пазиш само што влегува, туку повеќе што излегува од устата. Денес имавме уште еден доказ зошто фанатизмот и слепото следење на митски легенди е штетно за луѓето. Иако на плоштадот се најдов „пост-фестум“, брзо стигна информацијата што впрочем се случило претходно. А таков весел заминав да протестирам за доброто на град во кој не сум роден и не сум живеел 25г. од моите 25г, …

Вести »

[19 Feb 2009 | 2 Comments | ]

Дојде моментот кога мојот најнов расказ треба да излезе онлајн.. и за да не испаѓам сентимент повторно, нема да го посветувам никому, само би сакал да му се заблагодарам на сите прекрасни луѓе за сите прекрасни мигови што ги имале со мене во мојот живот. Најдобри сте!

Низ вратата од полу распаднатиот балкон влегоа две мали деца опкружени со аурична силно сина светлина, не газејќи по подот. Едното се насмевна и ги покажа своите обетки, другото машки се намурти кон парот на вратата. Девојчето тогаш го подбуцна машкото и тоа од …

Вести »

[28 Dec 2008 | 2 Comments | ]

Кратки впечатоци од она што го гледам на 25тото издание на Макфест во Берлин.

Берлин е огромен, не може да се види ништо ни за 1 месец (таков впечаток иам);
CCC-Берлин тимот се супер-friendly дечки кои ни дадоа тирамису;
BCC е супер место;
на предавањата некогаш се чувствувам „мал“ и „ништожен“, о Боже казни ме; :)
предавањата се и тоа како корисни освен ако не слушаш со Г. и Стама стриминг пред салата;
Ден Камински за „прецедник“;
Г. го тупи и не сака да се прави ништо без негово одобрување (сликање и сл.);
Г. сепак е човек …

Вести »

[8 Dec 2008 | No Comment | ]

Скромна поддршка за анархистите од Грција. Не би сакал да бидам таму во моментот, иако сметам дека нивниот гнев и riot не се неоправдани. И покрај тоа што сметам дека нема реципроцитет кога станува збор за разрушување и убивање, одговорот на анархистичките здруженија, за кои имам само слушано (и тоа слушано!), е сосема оправдан ако се земе државниот приод за пресметување со 15г. момче со димна бомба. Државата секаде е иста.
Куршумите и пендраците се секаде исти.
Foo Fighters – The pretender:

Вести »

[9 Nov 2008 | One Comment | ]

Αγαπητοί Έλληνες, οι πολιτικοί μας δεν είναι Μακεδονία!

Почитувани Македонци, Дора Бакојани не е Грција!