Articles in the Колумни Category
Весници и списанија, Колумни »
Оф, нешто тешко ми е. Штотуку разбрав дека Ахмед од Прилеп му го хакирал компјутерот на Јонче од Тополчани. Па ме фати еден с’клет .. една с’клма.. наводно едниот работел кај другиот, па кога добил клоца оставил „вирус“ во компјутерот на работодавецот. Од дома се закачил кај првиот и избришал сѐ што нашол патем. И тоа не е измислена информација. Ја читав – информација лиферувана од интернет медиуми. И сега што добивме, Агим, Хакерот од Прилеп на распит за сајбер криминал. Не секогаш е лесен овој хакерски живот, иако не …
Колумни »
Вонредни вести!! Во нашата земја допатуваа нови мобилни уреди кои ќе може да ги купите од црниот пазар. И тоа не било какви туку Ајпад, Андроид, Ајфон итн. Плус доколку сте управител или некоја голема фаца во некоја од македонските болници (приватни или државни) добивате попуст и тоа со следниот редослед: во случај да нарачате Ајпад, поради големината на екранот добивате 20% попуст без вклучена техничка поддршка, во случај на Андроид и Ајфон поради малиот екран, за купени над 100 уреди во рок од 1 месец добивате попуст од 12%. …
Весници и списанија, Нова Македонија, рецензии »
Како стилски значи знаат да се однесуваат овие македонските мејнстрим медиуми – секоја чест. Просто како курва се осеќам која ја искористиле и ѝ ги качиле парите на 3м. високо дрво така предпразнично :) Имено станува збор за мојата едномесечна авантура како колумнист што на моја желба започна како соработка со Нова Македонија (пред 1 месец и нешто). И покрај тоа што врската заврши неславно, сето тоа беше прекрасно искуство – за мене како човек кој во дневен весник претходно немал објавувано негов труд сето тоа беше дури и со …
Колумни, Нова Македонија »
Напомена: Овој запис, делумно изменет, е објавен во Нова Македонија, 13/04/2010. Ова е оригиналната колумна со малата измена што ја направи редакцијата обележана во жолто.
Искрено до пред извесно време мислев дека блогот како медиум е застарен метод за исвестување, особено кога во предвид ги имаме новите начини за информирање инкарнирани преку сервисите за социјално вмрежување, Фејсбук, Твитер, ти-реков ми-рече… Во Македонија Фејсбук за волја на вистината навистина фино лепо му се најде на татковците и мајките. Сега наместо децата да ги пуштаат кај бабите и дедовците објавуваат слики …
Колумни, Нова Македонија »
Замислете, некој актовкаш да се појави да каже дека „дедур“ (Д-дур) е негов. И замислете да докаже дека некој друг акорд што се користи за создавање музика е негов. Тогаш ќе бидам среќен да ги гледам сите сиромаштии на македонската сцена, кои постојано кукаат нивните албуми да не бидат крадени и „омаловажувани“ на Интернет, а кои ги кријат невешто зад издавачките куќи кои и онака им ги земаат парите и како на кучиња им фрлаат мал процент од продажбата. Толку треба, само еден глупчо да се појави со прстен и …
Весници и списанија, Колумни »
BitTorrent е протокол за „peer-to-peer“ споделување на податоци. На времето постоеја трагично „убиениот“ Napster, па Soulseek, ed2k протоколите… секој со своја приказна. Но тогаш збирањето на податоците беше централизирано. Музиката, филмовите и софтверот одеше онлајн на сервер до кој корисниците преку клиентите пристапуваа и споделуваа/симнуваа датотеки. Во периодот од 1998-2000г. познатиот метал бенд Metallica реши да „му се одмазди“ на Napster за штетата што ја направи во периодот на неговото постоење. Преку многу правни механизми адвокатите и финансиските поттрчковци на Metallica, индустријата успеа да го затвори своевремено најмасовниот сервис за …
Весници и списанија, Колумни, Нова Македонија »
Зошто по ѓаволите некој би сакал да живее во растурена просторија? Уште повалидно прашање би било зошто некоја жена би сакала да спие во растурена спална соба и чорапите на мажот ѝ да и висат над глава? Мислам.. зошто побогу? Концептуално ако тргнам да објаснувам што сѐ стои зад овие прашања, би можел да одам до недоглед. Затоа ќе се задржам на факт кој ретко кој во Македонија го елаборирал и јавно се произнел по тоа прашање. Големата преселба на IT професионалнците од помалите градови го големиот валкан град по …
Колумни »
Колку и да се занесуваме дека живееме во машки свет, понекогаш едноставно фактите зборуваат пред егото, па застануваат во одбрана на полот кој многумина го сметаат за инфериорен (ги жалам таквите). Професионално, во светот на програмерите и IT генерално, жените се сметаат за помалку професионални, со помала страст во пристапот на работата, а најлошо од сѐ во најголем дел случаи тоа е заради нивниот став дека машките глави на теми поврзани со технологија размислуваат многу подобро за разлика од нив. Тоа е поразителниот факт за нив. Непостоењето на нивната професионална …
Колумни, Општо »
Никогаш не верував дека работењето на тоа што сакам да го работам ќе претставува нешто кое ќе ме натера да размислам баш за него. Дали сакам тоа да го правам и зошто го правам? Како тотален newcommer во друг град и ентерпрајз средина, после 6 месеци (и 3 дни) можам да кажам некои работи кои ги научив досега (не технички), кои можеби ќе им се најдат на други wanna-be програмери и луѓе кои мислат дека ако мајка им не им вика зошто гаќите ги фрлаат зад врата посакувајќи да живеат …
Колумни, Приказни, активизам »
И мене ми велеа дека протестирам за подобро утре. И јас бев теле и ме молзеле. Излегував на улица без да знам зошто и што е лошото во тоа што треба да се воведува настава на албански во Гимназијата во Битола. Не знаев дека се движам во колона на фашисти и националисти, стоев во толпата горд дека ја поддржувам мојата нација и земја. Ама појма немав ни зошто ни како го правам тоа. Возрасните гордо не гледаа и сигурно беа надуени што испородиле такви синови македонски. Знам што сум направил …

