Articles in the Колумни Category
Колумни, Општо »
Во нашата земја сите спијат. Изминува уште една година како само власта кажува што треба да се прави и како да се прави. Уште една година помината во булење во телевизорот на кој вртат реклами за тоа што оваа власт постигнала и во која уште еднаш докажуваме дека самите сме виновни за тоа што како овци го следиме и веруваме на она кое ни го презентираат мас-медиумите и нивните потрчковци. Кај нас ама баш ништо не се смени. Дури ни власта не се смена, само си го устоличи местото со …
Колумни, активизам, трудови »
Мислам дека фали мало објаснување околу тоа на што работи Лугола последно време. Јас пред 1 месец иницирав идеја да се изработи дигитален зин (ezine) со можност за печатење (50тина примероци), и како иницијатор на приватните ресурси на Лугола дадов објаснување за тоа што е целата идеја. Како име за магазинот предложив да биде Лугархија, комбинација од Лугола и Архија (не Анархија! ебави фаците глупи!).
Текстовите за првиот број се спремни. На сајтот на зинот има и одбројување :) веќе договоривме и пијанка за тие шо ќе се Битола тој …
Вести, Колумни, активизам »
Така ми рече еден другар кога реков дека Манаки дефинитивно почнува да преоѓа во Скопје. Мене ми е скроз Ок идејата во Битола да постои фестивал како Манаки. Впрочем на секој прост Битолчанец кој ќе каже „да бе брат, Манаки фестивалче ти реков ми рече убо е да е во Битола“ му се допаѓа идејата да има фестивал од овој ранг во Битола. Скопје си има филмски фестивал и тоа е исто така супер идеја. Во изминатиот период, како што му личи на градов, испаднаа 3423 теории на заговор, некои …
Вести, Колумни, Општо, Приказни »
Глиша можеби најдобро знае да објасни. Ако го исхронологизира развојот на Кајмакот (не како софтвер, туку како сервис), ќе добиеме впечаток како се искали комуната на Кајмакот. Не го знам вкупниот број на корисници пријавени, но знам дека 15тина од нив секогаш се вклучени во расправии и дискусии кои најчесто водат кон „непоента“, но секогаш е топло дури и слатко да се види климата и „политичката“ атмосфера на Кајмакот особено откако измина повеќе од година и кусурот од неговото постоење.
Факт е дека постојат гета. Има две гета, некои велат …
Колумни, активизам »
Почитувани деца,
Вие сте нашите татковци. Во средно ме учеа дека Вие сте татковците на човештвото. Некогаш си мислам дека човештвото добива лош татко. Некогаш пак гледам малку надеж во лудилото и сфаќам дека секогаш ќе има пар лудаци повеќе кои ќе го движат светот напред и кои ќе помагаат работите да опстојуваат, оправдувајќи го мојот бунт и бунтот на илјадници други. Кои ќе кажат „не“ ако не се согласуваат или кои ќе кажат „да“ кога нивното сфаќање за работите се совпаднат со кажаното и стореното. Од оваа година, почитувани, почнавте …
Колумни, активизам, трудови »
Часот е 00.33 и не можам да заспијам, па така ми текнуваат глупости и по нешто интересно. Се мислев за нешто што од порано сакав да го обработам на блогов секако инспирирано од слободната култура која се трудам да ја форсирам како знаам и кај ќе стигнам.
Корисниците на слободен софтвер или тие што се разбираат во компјутери нешто повеќе од „студентски прашања“ знаат дека кога станува збор за GNU/Linux, не можат да се сетат на нешто конкретно затоа што постојат милион дистрибуции кои ја прават одлуката за тоа што да …
Колумни, Приказни, активизам »
„Блок“ е бесплатно списание со социјални и активистички содржини кое излегува од НВО „Форум на Млади“ од Битола. Во следниот број треба да се појави мој текст на тема „хакерџии“ :)
Многумина денеска се изјаснуваат како програмери. Но не се. Многумина денеска се декларираат за хакери. Тоа се најмалку. Што направиле тие? Многумина сакаат да се револуционери, да ги направат работите подобри, светот да функционира подобро, но слепо ги прифаќаат навиките и принципите што им ги нуди лагата дека мнозинството е секогаш во право. Светот во минатиот век се смена. Промените …
Колумни »
Моменталниот министер без ресор задолжен за развој на информатичко општество е најхардкор министер што некогаш постоел во историјата на сите минати влади. И кога велам најхардкор, не мислам најхардкор од сите информатичари туку мислам најхардкор. Од сите воопшто. И од премиерите. Во овој блогпост ќе се обидам да го образложам моето гледиште на идејата да се деплоираат 100.000 компјутери низ школите во Македонија кои пак ќе работат на Ubuntu GNU/Linux.
Не знам дали да речам или не. Ок еве, не велам дека министерот Иво Ивановски е тежок n00b кој користи Mac …
Вести, Колумни, Приказни »
Првиот расказ од серијата „Длабината“ сум го објавил на 11 Јануари 2007г., а после неколку раскази и престанав да објавувам на блог. Поради негодување на некои од читателите на Планетата. Продолжив да пишувам локално. Денес конечно средив сѐ што имав. Идеите ги реализирав и поправив што остана. Неколку од содржините (првите неколку раскази) што се ставени во Таболин се земени од тие први верзии на Длабината, преработени и составени. Направив насловна и еве, Creative Commons лиценциран труд, од мене:
Информации за лиценцирањето има во PDF датотеката, истовремено може да ја …
Вести, Колумни »
11 октомври. Веќе ги гледам прилепчани како симулираат напад на железничката полициската станица, како што било пред 50тина години :) Македонија го одбележува денот кога Прилеп и Куманово се дигна против фашизмот. Се ќе беше прекрасно ако Македонија навистина ја ценеше борбата против фашизмот. Ако институциите кои се задолжени да нѐ потсетат за важноста на борбата против нацистите функционираа како што секој очекува во нормална држава (што знам…Здружение на борците (ок луѓето се стари), па и политички партии кои се происход на КПЈ и сл. кои пак во НОВ се …

