Articles in the Приказни Category
Приказни, активизам, трудови »
На 27 септември 1983г. на мејлинг листите осамна порака која значеше револуција во зачеток, иако тоа како и секоја друга прогресивна идеја тогаш наиде на различен одзив во јавноста, гледајќи од денешна перспектива, тоа е една од најзначајните пораки некогаш испратени на мрежата. Имајќи ја во предвид информацијата дека RMS на 3ти јуни ќе гостува во Скопје (да!!), ја формирав оваа содржина за поблиско запознавање со оваа прекрасна личност. Амбициозниот хакер од Институтот за Технологија во Масачусетс, тогаш 30 годишниот Richard Matthew Stallman (RMS), напиша:
Слободен UNIX!
Почнувајќи од Денот на благодарноста, …
Општо, Приказни »
Пред 3-4 години в раце ја држев книгата „Трепнување“ на Малком Гледвел (Blink – Malcom Gladwell). Многумина се прашувале дали старата грчка скулптура е оригинал или фалсификат. Дошол некој батка и само што ја видел рекол „фалсификат е“. Кога го прашале зошто, тој им рекол (параф.) „не знам, тоа е мојот првичен впечаток, а нему му верувам“. Тоа може да биде основата за почетокот на овој текст кој треба да дојде како кратко резиме после социјалната проблематика (особено при имплементација кај социјални мрежи) со која неодамна се запознав, а се …
Општо, Приказни »
или…
Како најбрзо да бидете казнети по основ за користење на пиратски материјали
Искуството кое неодамна го имаше моја блиска личност би требало да биде конструктивно за сите слични случаи кои во иднина ќе се решат да го направат истиот избор. И бонус – би можеле да најдеме мултиплатформски софтвер за работа во аптеки (материјално/фондовско) кое ќе ги реши проблемите на многу фармацевти во Македонија. Затоа и пишувам.
Денот беше сончев. Многу блиска личност, ама кога велам многу – мислам многу, се реши неговиот долгогодишен „пријател“ (компјутер), да го озакони и преку матичното …
Општо, Приказни, активизам »
Вчера (вторник, 16/03/2010г) на македонската телевизија, која се нарекува македонска само заради тоа што се наоѓа во Македонија, се емитуваше програмата „Без пардон“, на г-ѓа/ца Анита Петкровска. Во емисијата гостуваа двајца професионалци кои изнесоа свои гледишта кои во најмала рака беа полни со предрасуди, непрофесионални и за луѓе кои нешто повеќе се технолошки писмени – смешни. Проблемот со презентирање на факти кои може се неточни во Македонија не е проблем. Мислам, тоа го правеле уште одамна луѓе блиски на Мајкрософт, на чело со г-дин Илијанчо Гаговски па се до некои …
Општо, Приказни »
Секогаш го имам тоа чувство, дека тимот и целиот сајт кој тимот го град ми се обраќа кога го посетувам од време на време (последно само при линкање). Денес сфатив што www.on.net.mk сака да ни каже. Еве графичко толкување на најпосетуваниот македонски сајт и тоа како според мене ни се обраќа со секој клик на и кон него:
Колумни, Приказни, активизам »
И мене ми велеа дека протестирам за подобро утре. И јас бев теле и ме молзеле. Излегував на улица без да знам зошто и што е лошото во тоа што треба да се воведува настава на албански во Гимназијата во Битола. Не знаев дека се движам во колона на фашисти и националисти, стоев во толпата горд дека ја поддржувам мојата нација и земја. Ама појма немав ни зошто ни како го правам тоа. Возрасните гордо не гледаа и сигурно беа надуени што испородиле такви синови македонски. Знам што сум направил …
Општо, Приказни »
Вчера, на ден 11ти март, денот кога евреите од Битола беа депортирани од своите домови по концентрациони логори низ светот, убиени, мачени или сакатени, се случи првиот(?) Твитер митинг на актуелните властодршци на македонската твитер заедница. Ме фасцинираа неколку работи, па пошто сум романтичар по душа би сакал да споделам збор-два за ова.
Како прво ме фасцинира тоа што сѐ уште „функционираме“ како скромно друштво на среќни луѓе кои ја пронашле смислата на животот и се берат по дома секоја недела и си кажуваат „јас бев депримиран и плачев, но сега …
Приказни »
2008г. беше тешка но прекрасна година. Ви посакувам среќна нова на сите конзументи и љубими читатели, да ви се исполнат сите желби и да се лизните и да падните 2-3 пати (на газ ок). Завршувајќи ја годината, мора да признаам победнички, многу мисли, идеи и креативни провеви поминаа низ мојот полу-функционален мозок, редица од нив ги заборавив, за жал, а друг дел ги реализирав на овој или оној начин. Вечерта за Новата година останав во Скопје, по договор „со старото друштво“ да бидеме заедно. Меѓу-другите свиреа и Skatoma, скопски тезгарски …
Општо, Приказни »
Гиковите не сакаат да спијат.
Гиковите не сакаат друг да им го вари кафето ако сакаат да пијат вкусно кафе.
Гиковите сакаат лаксатив за да серат.
Гиковите своите гико-социјални дружилници ги туркаат со магичната моќ на кафето да ги разборува.
Гиковите сакаат да имаат „пуожегојни“ или киселини во желудникот.
Гиковите сакаат да пијат кафе.
Гиковите медитираат на кафе.
Гиковите пред спиење пијат кафе.
Гиковите се берат да пијат кафе.
Гиковите велат „си пиел Fredo? па ок е али Нес е подобро..“
Гиковите ги фаќа паника кога на сабајле нема кафе.
Гиковите мразат кога некој им вели дека знае да направи подобро …
Вести, Колумни, Општо, Приказни »
Глиша можеби најдобро знае да објасни. Ако го исхронологизира развојот на Кајмакот (не како софтвер, туку како сервис), ќе добиеме впечаток како се искали комуната на Кајмакот. Не го знам вкупниот број на корисници пријавени, но знам дека 15тина од нив секогаш се вклучени во расправии и дискусии кои најчесто водат кон „непоента“, но секогаш е топло дури и слатко да се види климата и „политичката“ атмосфера на Кајмакот особено откако измина повеќе од година и кусурот од неговото постоење.
Факт е дека постојат гета. Има две гета, некои велат …

