Articles in the Приказни Category
Вести, Колумни, Општо, Приказни »
Глиша можеби најдобро знае да објасни. Ако го исхронологизира развојот на Кајмакот (не како софтвер, туку како сервис), ќе добиеме впечаток како се искали комуната на Кајмакот. Не го знам вкупниот број на корисници пријавени, но знам дека 15тина од нив секогаш се вклучени во расправии и дискусии кои најчесто водат кон „непоента“, но секогаш е топло дури и слатко да се види климата и „политичката“ атмосфера на Кајмакот особено откако измина повеќе од година и кусурот од неговото постоење.
Факт е дека постојат гета. Има две гета, некои велат …
Вести, Приказни »
Вчера влегов во едно дуќанче. Го демневме како аптека. Викам мастики, па шепнувам „а пиво ќе ми дајш?“. Вика „не..“ и ги преврќа очите, „нема пиво после 7“. Викам „Ок, само мастиките“. На излегување вика „А пиво сакаш а?“ јас изненаден од прашањето, велам „Да де“. „А шо пиво?“, „Па скопско магнум…“, -„нема такво, сакаш Каменица 2л.“, викам „Да!“ и ми го даде. Потоа го дрвевме во празниот парк цели 10 минути, пазевме да не дојде некој џандар. Дечкото од продавницата кога бегав рече „Да ти ебам државата, да ти …
Колумни, Приказни, активизам »
„Блок“ е бесплатно списание со социјални и активистички содржини кое излегува од НВО „Форум на Млади“ од Битола. Во следниот број треба да се појави мој текст на тема „хакерџии“ :)
Многумина денеска се изјаснуваат како програмери. Но не се. Многумина денеска се декларираат за хакери. Тоа се најмалку. Што направиле тие? Многумина сакаат да се револуционери, да ги направат работите подобри, светот да функционира подобро, но слепо ги прифаќаат навиките и принципите што им ги нуди лагата дека мнозинството е секогаш во право. Светот во минатиот век се смена. Промените …
Приказни, трудови »
Вториот фиктивен расказ или кратка новела (појма немам како се дефинираат овие ствари) која произлезе спонтано како идеја од тоа што сум успеал да го сперципирам во последната нецела година, а поврзано со редица настани и случки кои ме опкружија (сакал-несакал), не знам дали случајно или потсвесно-намерно се римува со „жив“. За да знаеш дека си жив, треба да го осеќаш сопствениот здив. Не знам каква дефиниција да дадам. Не знам ни дали ќе им се допадне на другите. Не сум автор. Да знаев што сум немаше да пишувам вакви …
Општо, Приказни »
Денес отворам весник и можам да кажам дека првпат по долго време се згрозив. Немав отворено весник одамна, читам онлајн изданија во кои ги нема комерцијалните огласи на Владата, како и приватните реклами…али бев во ВЦ, шо да правам .. u know what I mean :)
На една страна пишуваше „Создавајте семејство“ или нешто така, нешто потаму „Со раѓањето на ново дете, секоја фамилија е поблиску до Бога“. Ок, интересно, иницираат повеќе-детни фамилии, НО…тадам…што е со луѓето кои не можат да имаат деца поради неплодност? Дали тие ќе се толку далеку …
Вести, Општо, Приказни »
„Не мора да значи дека ако ти си фотографирал мора да се сеќаваш на тоа. Сите, особено ти, поминавме низ толку многу последниве неколку месеци. Побогу, заедно живеевте 4г., а 13 бевте во исто школо. Природно е да заборавиш на некои настани кои се потиснати од поважни чувства што си ги осетил. Едната работа се фрла длабоко во потсвеста, другите преовладуваат, но некогаш ете, доаѓаат длабоко од сеќавањето и нѐ прават да се чувствуваме мистично. Како некој да сака да си поигра со нас. Мозокот е склон кон поврзување на …
Општо, Приказни »
Денес ја анализирав песната Премин или Pass over на Енестејжа…Анастасиа, од саундтракот на Пред Дождот. Можам аргументирано да тврдам дека се работи за мистично духовно искуство индуцирано од халуциногена супстанца „лисерџик ејсид диетиламид“, познат и како LSD (Lysergic acid diethylamide). Од самиот почеток се препознаваат фазите на LSD трип, па се до крајот. Можноста за индуцирани халуцинации од мускарински или псилоцибински печурки ја исклучувам поради неколку причини кои ќе бидат споменати. Песната се отвора со јасна и концизна констатација:
Стојам, да не би достојал, пред не знам чија порта
Ова е делот …
Општо, Приказни »
Вчера го гледав Bee Movie, ми се допадна и повеќе од очекуваното. Имам некои мали забелешки … but come’on…it’s Hollywood. Никој не го обожава Холивуд, па затоа и го испиратирав филмов.
Кога сум кај морски спортови, сакам да искоментирам за настапот на еден водител од Радио2 кој го слушав додека возев..води некоја емисија за филмови. Зборуваше за Bee Movie…раскажуваше за тоа колку е прекрасен и колку е добар да се гледа, потоа коментираше за тоа да не се носат децата во Рамстор (Киното) и да се остават саат-два додека трае филмот …
Вести, Колумни, Приказни »
Првиот расказ од серијата „Длабината“ сум го објавил на 11 Јануари 2007г., а после неколку раскази и престанав да објавувам на блог. Поради негодување на некои од читателите на Планетата. Продолжив да пишувам локално. Денес конечно средив сѐ што имав. Идеите ги реализирав и поправив што остана. Неколку од содржините (првите неколку раскази) што се ставени во Таболин се земени од тие први верзии на Длабината, преработени и составени. Направив насловна и еве, Creative Commons лиценциран труд, од мене:
Информации за лиценцирањето има во PDF датотеката, истовремено може да ја …
Вести, Приказни »
Со голема радост Ве известуваме дека денеска, на заседанието на законодавниот дом на Флојдиската Република без ниту еден глас против се изгласани:
Знамето на Флојдиската Република:
и пасошот на истата:
Државјанства ќе се делат од месец декември, кога и очекуваме првите меѓународни институции да го препознаат постоењето на државата во држава, Флојдиска Република во Р. Македонија. Целиме кон добивање на 23% популација низ целата земја, со што ќе се загарантираат нашите малцински права за учење на флојдискиот јазик (кој порано го сметавме за битолски дијалект на македонскиот) во училиштата и другите образовни институции, …

