Articles in the Android Category
Android, Devel »
Како што веќе знаете, апликацијата за Андроид за Златна Книга која е неофицијална верзија, со почитување на правото и авторските права на сопственикот на сајтот (www.zlatnakniga.mk), направи доволно збрки овој викенд. Денеска, понеделнички и очекувано добив барање од ITEA и Златна Книга за повлекување на мојата апликација, и извинување за нарушениот трејдмарк (трговска ознака) и дополнителна штета што јас во овие 3 дена (од кои 2 викенд) ја направив на сајтот.
Најпрво го добив овој коментар од Игор Јаневски од ITEA (Македонска IT компанија). Значи, не им смета што непознато …
Android, Devel »
Официјално барање за прекин на Андроид апликацијата за Златна Книга:
Почитувани ,
Вашата Андроид апликација извршува request-и до нашиот сервис. Би ве замолиле да ја прекинете , или да ја оптимизирате и користите друг извор на податоци. Корисниците можат да ги конзумираат податоците од Златна книга преку нивниот Browser на мобилниот телефон , полесно и побрзо без потреба од никаква апликација , додаток , widget и слично.
Ќе следуваат измени на кодот со кои Вашиот проект нема да може да парсира содржина.
Поздрав,
Техничка поддршка на Златна Книга
Им испратив одговор, само сакам да потврдам дека …
Android, Devel »
Еве, само да го оставам ова овде.
Неколку работи:
апликацијата е GPLv2 лиценцирана – што ја прави слободен софтвер.
ја направив како вежба
ако најдете багови, би ценел ако ги репортирате на github. Ако репортирате овде во коментари, процесот на фиксање ќе е многу побавен.
апликацијата скрапува. Ако решат од Златна Книга да блокираат пристап – не ме обвинувајте мене ако еден ден не работи апликацијата ничим изазвано.
Шо знам друго. GemoKodero ми е алиас на маркет, пошто сум фаца. Шо ве интересира околу апликацијата, слободно коментирајте.
Android, Devel, Весници и списанија »
Мобилната технологија станува сѐ поинтересна и попривлечна. Особено ако се земе во предвид дека голем дел од мобилните платформи достапни преку илјадниците производи на уште толку различните производители ни се достапни во Македонија. И тоа од двата аспекти, како корисници или како професионалци кои сакаат да развиваат софтвер за нив. Ние како општество досега покажавме дека сме спремни да прифаќаме нови работи во сферата на секојдневниот живот. Сакаме да имеме најнов телефон, најнов лаптоп, кој од потреба, кој од помодарство, но она најверојатно уште долго нема да биде променето во …

