Home » Колумни, Општо

Ентерпрајз::Кариера

29 July 2009 7 Comments

Никогаш не верував дека работењето на тоа што сакам да го работам ќе претставува нешто кое ќе ме натера да размислам баш за него. Дали сакам тоа да го правам и зошто го правам? Како тотален newcommer во друг град и ентерпрајз средина, после 6 месеци (и 3 дни) можам да кажам некои работи кои ги научив досега (не технички), кои можеби ќе им се најдат на други wanna-be програмери и луѓе кои мислат дека ако мајка им не им вика зошто гаќите ги фрлаат зад врата посакувајќи да живеат независно од родителите ќе бидат многу посреќни во животот. Не дека во тоа нема вистина, има и тоа прилично многу. Но во текот на созревањето како независна и самостојна личност веројатно и вие ќе наидете на убиецот на вашата креативност и желбата да се работи паралелно и хобито (во случајот активизмот) и работата што ви носи леб.

Кога се преселив во Скопје ситуацијата на приватен план не беше лоша но од друга страна не беше ни онака како што пред година дена (тогаш) ја отсликував. Тогаш престанав да верувам на долгите планови, престанав да им верувам на луѓето и почнав да верувам во најголемиот човек на светот, самиот себе. За да не испаднам еготрипаџија ќе кажам и дека таа промена ме научи на тоа колку сум лош за неколку работи. Како прво грижата за себе не е баш како што очекував дека ќе биде. Често слободата на живеење ме прави да живеам во „речиси штала“, да се враќам сабајле од излегување и „следниот“ ден да одам на работа само по 2 саати спиење. Слободата на живеење си има своја цена. Кога размислувате да се иселите од дома, мислите дека вие ќе царувате во вашиот нов дом. Точно. Мислите дека ќе јадете кога ќе посакате. Точно. Дека ќе фрлате алишта кај ќе посакате. Точно. Дека ќе спиете од 20.00ч. без да објаснувате дека не сте болен и дека едноставно сакате да се одморите. Точно. Дека ќе гледате серија, филм, дека ќе трошите 20 часа дневно на компјутер и тоа нема да ви смета. Точно. Од другата страна на пак имате немиени садови, точно, немиено капатило, точно, небришан под веднаш под креветот каде дишите навечер, точно, немање време кога да ја средите масата која се претура од работи од кои наѕиркува по некоја стара, стара лушпа од банана во дневната соба, неможност да станите од кревет да си направите чај кога имате температура 40 од креветот затоа што претходно ако сте дигнеле t.37.5 сте ја дигале цела фамилија на нозе благодарение на вашата разгаленост и благозданието на фактот дека сте помало дете, неможност да кажете некому како ви помина денот затоа што сте одлучиле храбро да живеете сам (не дека се каам, напротив) во осамена средина, немање решение за острата забоболка која ве мава в мозок во 3 сабајле затоа што го нема постариот брат да ви даде некое супер-ново апче од кое болката врви вака „чкрап“ без никакви странични ефекти, точно. Поткрепено на сето тоа и убиецеот на мојата креативност. Тоа не е самотијата (напротив, сам сум само летово од пон-петок, остатокот од времето ми помина прилично диво, благодарение на широкиот спектрум другари што го имам во Скопје (од СК и дојденци)). Не е ни летната болест (ќе преживеам!). Не е ни далечината на новото работно место, ни 40 степени во сенка, ни сељаците шо ги среќавам, ни бош муабетите на кои мора да се смеам за да не испаднам чудниот. Ништо од тоа. Впрочем и не знам што е убиецот на мојата креативност, затоа што тоа не е „ова“ и да го покажам со прст. Тоа е цел сплет на околности кои уште не излегле на површина. Се работи за процес, жртвување на сето она што сум можел да го имам од материјален аспект, по цена на кариера, знаење и професионално надоградување, како и желбата да покажам дека јас сум тоа што навистина сум јас, пред себе си. Па и пред другите (човек што не се докажува пред другите е лудак и лажго).

Држава не се гради за ден, нели, па и кариера не се оформува за 6 месеци. Ни за 6 години веројатно. Отсекогаш сум сметал дека размислувам пред другите. Се докажало многу пати, па ако сакате и на глава наместете се. Затоа што имам агенда. Да, престанав да планирам, но почнав да проектирам. Проекцијата се состои во генерално гледиште на тоа што за мене значи зборот кариера. Дека еден ден ќе станам и ќе одам во најјаката фирма во Македонија и ќе бидам менаџер кој ќе лижи газ на газдата? Дека еден ден ќе бидам дебел газда чиј газ ќе биде лижан од редица ќелави скубаци кои не ги ни познавам ни поздравувам, а истовремено и ќе лижам партиски газови за да добијам нешто што едвај се нарекува „мое“? Хааааах. No thanks. Тоа за мене не е кариера. Ако нема успех, нема кариера. „Кариера“ можам да го елаборирам во многу долги црти. Само ќе треба да бидам поконцизен, што би било за мене кариера. Кариера е кога двајца се сакаат… не, тоа беше љубов. Значи, каериера е кога некој чувствува, гледа и добива признание, дека сторил нешто за заедницата на која припаѓа истовремено давајќи им шанса и на други професионалци од сличната бранша да се докажат во тоа во кое тој успеал, помагајќи им. Да им помогне на другите преку својата кериера. Мојата кариера би била неуспешна, ако преку неа не помагам на другите и ако преку неа не создавам нешто за заедницата на корисници на слободен софтвер (тоа е заедницата на која припаѓам). Страшно е што денес редица луѓе развиваат софтвер за компаниите и се гордеат како да создале нешто нивно. Ништо од тоа не е нивно, нивно е знаењето, искуството, другарувањето, желбата, престижот… тоа е личен и нивен успех и веројатно претставува единствен успех кој можете да го постигнете во ентерпрајз средина. Ентерпрајз е валкана игра. Кога го продолжувате договорот, сите се задоволни од вас и му требате, ќе ве потапшаат по раменце „супер си, продолжи така и еден ден ќе си на висока позиција“. Трагедијата не е во тоа што ветуваат како политичари (впрочем тоа и се). Трагедијата е во тоа што ако се доволно зрели и интелегентни да знаат дека јас сум доволно зрел и интелегентен и дека им ја разбирам нивната потреба и игра, не би го правеле тоа. Нека дигнат раменици, нека накриват веѓи, само нека не зборуваат тоа што сега го зборуваат затоа штом знам што мислат и што зборуваат. Еден ден, кога повеќе нема да им требате, наеднаш фирмата ќе стане претесна за вас и вашата кариера престанува. И дали? Не. Воопшто.

Не сме зависни од ниту една фирма на светот. Ок, можда од Google :) Но ќе преживееме и ако останеме без работа во било кое време од било која фирма. Која би била цената на тоа да згазат врз вашето човечко достоинство само за вашето его да биде уважено пред егото на другите кога сте „надвор од канцеларијата“? Во тој момент ќе се роди идејата да создадете нешто самите. И да му подарите нешто на светот по кое ќе се сеќаваат на вас. Но пазете, светот се сеќава и на Хитлер. Тоа не би било прекрасен спомен.

Јас лично? Да, ентерпрајз средината ја убива(ше) секоја капка креативност во мене. Но сега се чини повторно станувам свесен за тоа каде припаѓам и што треба да правам во животот. Црпење на знаењето би сакал да постои во секој момент. Па макар и во Аушвиц да бидам. Ќе ја исцедам последната шанса да научам од колегите и фирмата каде работам. Тука целта е оправдана од средствата, секако, затоа што добивам нешто што сам никогаш нема да го искусам, вербално и практично техничко знаење кое ќе ми помогне еден ден кога ќе се вратам од работа да се осетам исполнет како што треба еден млад програмер да се осеќа. Би сакал да го создадам тој спомен за технологијата која од мене направи каков-таков професионалец. И секако, би сакал да го одржам. Во свет во кој немате крилја, затоа што животот така сакал, јеби га, во место во кое сте речиси сами, на позиција каде се осеќате супериорно, а не можете да покажете колку навистина сте… и не можам да се однесувам поинаку.

Post to Twitter Post to Delicious Post to Facebook Post to Reddit

7 Comments »

  • Гоце Митевски said:

    Врти, сучи… тебе ти се учи. :)))

    Супер запис.

  • Vortex said:

    После 6-7 години у „ентерпрајз“ средината се чувствувам слично ко тебе, дури и исти мисли ми се врзмаат низ глава. Едно време се думав да напишам упатство или книга за сите новопечени луѓе у оваа бранша арно ама ем не најдов време, волја и креативност, ем никој немаше да ја прочита. Можеби е најдобро сите да ги сфатат самите работите, без ставање помошни тркалца.

  • kihuПотру said:

    убаво напишано, доста е суров животот кога живееш сам – сакаш да си го тераш сопствениот пат од една страна, а обврските што си ги создал ти удираат во главаод друга страна.
    добро е пропратно во животот да имаш станица на која ќе застанеш ќе се завртиш назад за да видиш дали е тоа патот шти си сакал да го врвиш и да погледнеш колку можеш напред за ако треба нешто да се исправи.

    во иднина ти посакувам успеси, помалку шлупки од банани и прашина под кревет, средени садови во кујна и нови наслови кои ќе сакаш да ги прочиташ и научиш.

    you can go now, the GREEN light is waiting for you!

  • Мишевски said:

    но комент, стварно добар текст, можеби премногу личен, но стварно добар

  • Сашо said:

    Кога го читав ова, се почувствував како да е пишувано за мене :))
    Been there, done that.. Само некој месец покасно од тебе сфатив кај ми отишла креативноста, па успеав досега да си ја вратам.. За жал не и слободното време :|

    Браво за постов

  • Gorco said:

    Ако сега ти фали креативноста, што ќе правиш кога ќе имаш фамилија за издржување, без разлика дали(ако) женати работи и станот ти е поклон од некого? При таков mindset, со првата принова би требало фино-лепо да го избришеш твојот пост и да го подвиеш ентерпрајз опавчето со изјава “само смо се шалили”!

    Креативноста е резултат на организација, дисциплина и умерена апстиненција во(од) светот околу нас! Се разбира, претходен минимум е имање на “текнувало”.

    Не си ми јасен во четвртиот пасус…

  • gemidjy (author) said:

    искуството кажува се не? не знам како би размислувал тогаш, ама ќе ти кажам :) засега тоа е тоа (ова).

Leave your response!

Add your comment below, or trackback from your own site. You can also subscribe to these comments via RSS.

Be nice. Keep it clean. Stay on topic. No spam.

You can use these tags:
<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

This is a Gravatar-enabled weblog. To get your own globally-recognized-avatar, please register at Gravatar.