Home » Приказни, Општо

Приказната на јајцето и кокошката

10 May 2010 No Comment

Chicken || EggПред 3-4 години в раце ја држев книгата „Трепнување“ на Малком Гледвел (Blink – Malcom Gladwell). Многумина се прашувале дали старата грчка скулптура е оригинал или фалсификат. Дошол некој батка и само што ја видел рекол „фалсификат е“. Кога го прашале зошто, тој им рекол (параф.) „не знам, тоа е мојот првичен впечаток, а нему му верувам“. Тоа може да биде основата за почетокот на овој текст кој треба да дојде како кратко резиме после социјалната проблематика (особено при имплементација кај социјални мрежи) со која неодамна се запознав, а се базира на стриот добар пример за тоа што е постаро, јајцето или кокошката. Кога за првпат би му го поставиле ова прашање некому (особено млад човек) тој влегува во т.н. бесконечна јамка или infinite loop. Одговорот секогаш ќе биде валиден. Јајцето било пред кокошката, кокошката го снело јајцето, итн. Сето тоа ако се стави во контекст при оформување и реализација на идеја за почеток на бизнис може да биде и тоа како од голема помош, имајќи го во предвид прогресот кој може да го донесе при оформувањето на идејата. Со овој концепт се запознав точно пред … *гледа на сатот* .. 15 минути. И бев фрапиран. Изненаден. Голем број од производите кои ги користам секојдневно практично се движат благдарение на успешниот пример на овој концепт, свесно или несвесно. Apple има голем број на купци не затоа што компанијата произведува оперативен систем и хардвер со кој ќе може да зборувате на телефон, туку поради постојаното бркање на производ контра платформа, или поконцизно, производителите на софтвер за Mac OS креираат софтвер кој има потреба од овој оперативен систем, овој оперативен систем, пак, би бил досаден и за 2 дена изгустиран од корисниците ако постои само како таков без купот софтвер кој Apple го има на iTunes. Истиот проблем може да се земе во предвид кога се зборува и за слободниот софтвер. Бројот на корисници на GNU/Linux, статистички, се зголемува од ден на ден. Тоа не е исклучиво само заради тоа што GNU/Linux е брз, стабилен и ефективен, тоа е заради навистина големиот број софтвер кој е достапен за него. Од друга страна, лиценцниот модел дозволува постојано проучување на изворниот код кој ја надополнува „великоста“ на овој оперативен систем, а со тоа и целото движење. GNU/Linux не може без изворен код. Изворен код без слободен оперативен систем е патетика.

Воодушевувањето доаѓа во моментот кога заинтересираниот субјект кој размислува и конципира одредена идеја го сфаќа проблемот на јајцето и кокошката. Идејата како таква, дури и со тежина на една мисла која не треба да се игнорира, е многу моќна работа и отсекогаш сум верувал на идејата. Сум ја елаборирал и сум ја воспевал и на крајот (скокни ако звучам како очаен Скиентолог), таа се отвори со цела своја ширина и моќ, во моментот кога беше само една. А сега се 1000. Идејата е хермафродит и се оплодува самата. Кога Вие како млад автор дојдете до само една идеја, таа утре ќе има милион деца. И гледајте да не игнорирате ни едно од нив затоа што се многу гласни.

Во 2003та се појавува текст (како дипломски труд) кој го елаборира овој пристап и методологија за пристап при добивање на производ. Особен акцент става врз ефектите што заедница на корисници на мрежата ги има врз „фалењето“ или комплементирањето (“Complementary network effect”) на одреден производ. Земето го за пример според мене сервисот кој може да му служи на многумина за пример за имплементирање на успешна стартап идеја – reddit.com. Колку повеќе ширење на зборот за овој производ од страна на корисниците – толку поголема бизнис вредност за него (имаат одлична маркетинг стратегија за клиенти) – бизнис вредноста без корисниците е ништо. Или пак било кој производител на мобилни телефони за кое важи горе-споменатата парадигма – „немањето на апликации за мобилната платформа, ја осудува самата платформа на неуспех“. Во споменатиот текст се елаборираат 6 основни стратегии за остварување на ефектот на јајцето и кокошката, сума-сумарум тоа оди вака:

Сигнализирање на долгорочна посветеност врз успехот на производот и воспоставување (фер) конкурентни цени

Корисникот кога го купува или користи производот сака да биде сигурен дека тој во одреден момент од времето (на неговото користење) нема да престане да биде поддржуван и надградуван. Тоа може да се гледа од два аспекти – првиот би бил хардверскиот аспект – кога купувате кола или Nintendo Wii, сакате да се осигурате дека Toyotta и Nintendo по 2 месеци откако ќе им го купите производот, нема да се предомислат и прогласат производот за неуспешен, а со тоа и прекинат поддршката и сервисирањето за овие производи. Корисникот треба да има доверба во самоувереноста на производителот со тоа што кога производителот го убедува дека „тој“ производ е најдобар – тоа да биде долгорочно, со долгорочна бизнис и корисничка вредност и взаемна размена на услуги (да, взаемна). Сигнализирање на високи инвестиции во одреден производ би требало да биде клучен чекор кон оформување на мислењето на купецот на начин што во тој случај на купецот му се кажува „ние инвестираме милиони во овој производ – и нам не би ни се исплатило да пропадне“ (во овој контекст авторот/те го даваат примерот со Microsoft XBox – за чија промоција своевремено биле потрошени над $500 милиони. Вториот аспект (би дошол како надоврзување на првиот) е секако софтверскиот аспект, или, кога продавате производ за сметководство, сметководителката која нема врска со развој на софтвер треба да има доверба дека тој производ утре нама да биде тргнат од пазарот, ниту изменет за 480° па по следната надоградба да не го препознае.

Друг пристап кон оваа стратегија е ослободувањето на кодот на одреден производ. Кога изворниот код на некој (софтверски) производ е слободен, корисникот може да биде сигурен дека и при примена на катедралниот бизнис модел за слободен софтвер (vs. базарниот) – неговиот производ ќе биде т.н. форкуван и неговиот развој ќе продолжи понатаму (можеби со друго име).

Користење на „назадна“ и „странична“ компатибилност за искористување на придобивките од тековните комплименти

Овде влегува долгорочната поддршка за идни верзии кои ќе бидат компатибилни со суштинската поента на производот. Тоа би значело, ако Вашиот производ произведува лалиња, неговата следна верзија не треба да почне да произведува кокичиња. Неговата следна верзија треба да произведува кокичиња – веднаш откако ќе бидат произведени лалињата. Или со конкретен пример – кој би го користел Facebook во толкав број ако тој наеднаш стане сајт за спортски вести исклучиво? Проблемите со компатибилноста произлегуваат од потребата за решавање на назадната и странична компатибилност со претходни верзии на производот, и за тоа се грижи производителот.

Експлоатација на неправилни мрежни топологии

Оваа стратегија ја потенцира важноста за постепено развивање на одреден сервис преку искористување на модуларни сегменти наменети за одредени заедници и група на луѓе. Конкретен пример имаме и во Македонија, многумина можат да добијат глобална слика за новостите во светот преку следењето на Google News. За сметка на тоа, Time.mk на дневна основа има над 40.000 посети и на самиот автор му даде можност неговиот производ да го прошири на други јазици и групи (албански, словенечки, српски, итн.). Преку наоѓањето на помал сегмент во помалите мрежни услуги, производителот неговата идеја би можел да ја имплементира на ниво на тие подгрупи и потоа дополнително да ја прошири.

Влијанието врз компаниите кои го користат Вашиот производ

Авторот на оваа теорија го дава следниот пример. Кога Сони и Филипс го лансираа компакт-дискот (CD), во тоа успеаја поради тоа што успеаа многу лесно овој производ да го претстават пред продуцентите и оние кои се бават со производство на музика/мултимедија. Најважно од сѐ, тие им пристапија на продуцентите и издавачките куќи со фактот дека произведоа производ (CD) кој е „отпорен“ на пиратерија. Од сегашна перспектива тоа делува смешно – но тогаш функционирало. Над 650 музички наслови беа достапни за CD плеерите во моментот кога тие (плеерите) почнаа да се продаваат. Пристапот и односот кон клиентите е многу важен во оформувањето на алка на користење и доверба на релација производител – клиент.

Овозможување на независна работа за основната функција на производот.

Производот треба да ја обавува основната функција за која е создаден во секој момент притоа нудејќи ги останатите продобивки за клиентот при неговото користење. Во предвид се зема уште една приказна за Philips. Кога оваа компанија го претстави плеерот за видео-дискови (VDP) во 1979, како конкуренција на домашното видео (VCR), тој производ имал делумно подобар квалитет во сликата за разлика од VCR-от. Како и да е, домашното видео во тој момент веќе имало предност од 3-4 години во употреба и веќе се наоѓало во домовите на над 3М корисници ширум светот. Тоа се должи на поставеноста на домашното видео и примената и одличното функционирање на неговата главна функција – гледањето видеа.

Авторот во овој контекст го зема во предвид успешниот пример на Delicious, сервис со висока самостојна вредност преку можност за зачувување на букмарзи во мрежен облак притоа имајќи силен импакт врз мрежата и влијание со своите социјалните вредности.

Вертикално интегрирање во критичката маса при несигурна достава на производот

Wait. WHAT?! Ок. Ова малку и мене ми е нејасно. Оригиналниот наслов на оваа точка е “Integrate vertically into critical complements when supply is not certain”. И секако, малку специфична работа, но заклучна точка во разработувањето на стратегиите за решавање на проблемот (или примена на проблематиката) на кокошката и јајцето при креирање и достава на одреден производ или услуга до корисникот.

За справување со проблемот на јајцето и кокошката, компаниите мора да најдат начин за непречено доставување на услугата до самиот корисник, односно конзумент. Со вертикалното интегрирање во одреден сегмент на даден производ како и основниот производот (земено како две одделни целини), компанијата може да се обиде да осигура адекватна достава за двете. Nintendo е производител на игри за нивните конзоли, но Microsoft и Sony спонзорираат многу од нивните познати игри.

Вертикалната интеграција е ризична – како што за тоа сведочи компјутерот на Apple од касните 80ти и рани 90ти години. Со ваквото тесно интегрирање, Apple ја затвори можноста за конкурентите на пазарот да овозможи различни (конкурентни) сегменти и основни производи.

Забелешки и критики, како и погрешно толкување на одредени точки од текстот би биле и повеќе од добредојдени.

Оригинален извор.

Post to Twitter Post to Delicious Post to Facebook Post to Reddit

Leave your response!

Add your comment below, or trackback from your own site. You can also subscribe to these comments via RSS.

Be nice. Keep it clean. Stay on topic. No spam.

You can use these tags:
<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

This is a Gravatar-enabled weblog. To get your own globally-recognized-avatar, please register at Gravatar.