mkTweetup
Вчера, на ден 11ти март, денот кога евреите од Битола беа депортирани од своите домови по концентрациони логори низ светот, убиени, мачени или сакатени, се случи првиот(?) Твитер митинг на актуелните властодршци на македонската твитер заедница. Ме фасцинираа неколку работи, па пошто сум романтичар по душа би сакал да споделам збор-два за ова.
Како прво ме фасцинира тоа што сѐ уште „функционираме“ како скромно друштво на среќни луѓе кои ја пронашле смислата на животот и се берат по дома секоја недела и си кажуваат „јас бев депримиран и плачев, но сега го пронајдов твитер и сум среќен“, баш така американски. Додека другите во Македонија не знаат што е и како работи Твитер и која по ѓаволите му е функцијата, ние веќе се собравме и низ веќе оформените лоби групи и провокативни разговори испивме по некое пиво. Факт е дека Битолското лоби не беше комплетно. Кој учеше, кој беше на мисија во татковината (Битола), па бевме тројца против многуте скопски фаци кои се организираа масовно во мисија за секс со бајтолчанки (ај да сум политички коректен и да напишам дека ова го правеа неженетите/непаросаните/single) па дури и организираа Web2.0 групи/ресурси за промоција на идејата. Секако, кога ова би било политичка кампања би излегол и гласал за креаторот на идејата Арангел Уфо, со слоганот „За клецање, шојма врска? –Заокружи број 69“.
Потоа ми се допадна тоа што запознав нови фаци, па дури и една не-твитерашка која после многу големиот притисок на меѓународната заедница моравме да ја примиме на состанокот :)
Битно е дека сега знаеме кој како изгледа, барем дел од тие што ги пратам и што ме пратат (и што ме пратат од вчера), и сега може да замислуваме кои фаци ги прави и како се смее кога ќе твитне или прочита нешто. Еден од заклучоците, неофицијално, е дека „твит“ е глагол. Твитај, твиташ, твитање… за жал бројот на моите Followers од најубавиот 69 премина на бројката 75, али ајде, ќе пројде болката.
Да ја споменам уште еднаш фасцинираноста од мрежата, Web2.0 концептот, социјалното здружување кое не создава рак, тумор или херпес, туку создава нови пријателства и *шмрк-шмрк* појаки врски на местата каде ново-запознатите твитераши работат. Web2.0 за жал кај нас ќе биде во мода кога Фејсбук и Мајспејс повеќе нема да се, па ме радува што повторно сум дел од заедница на луѓе кои се понапред во размислувањето барем едно 2 години кај нас. Фино е да се користат сервисите кои од нас нема да направат битолчани на широк сокак или скопјани на кеј дозволувајќи ни да мањачиме по Фејсбук сметките, сликите и пораките на другите и потоа да ги смс-ираме истите на истомислениците. Секако останува она дека ако на Твитер напишам дека имам Гонореа, 10 души ќе испратат приватни пораки на други твитераши, а само 2ца ќе прашаат дали сум сериозен… но тоа е духот на социјалната мрежа. Треба да ги пронајдам стварчињата што ќе ми го олеснат твитањето, алатки кои се слободен софтвер и сервиси за кои сѐ уште не знам дека постојат (како што вчера беше случај со tweetup.com) :)
Благодарност до @darko156 за инцијативата за собирот. Требаше да направите повеќе фотки и да ги објавите онлајн (без тагирање) :)

кога било ова, 11? каде?
многу ми е криво што не сум знаел, ама бев на планина без нет и сум испуштил се поврзано со ова. ај за наредниот пат прати некое инфо, конкретно за мене, за да си знам!
good лак twitter мафиа!
unexploded_yet:
sledniot put moze i ja ke stasam da dojdam, ali i ja sum od skopje, jbg :]
Leave your response!
За блогот
Guadalquivirization е блог на кој ги изнесувам своите мислења околу технологијата со која секојдневно се среќавам, како и лични дневно-политички теми и фрустрации со кои се соочувам. Целта пред се ми е да помогнам на корисниците да ја сфатат мојата реалност, не да им ја наметнам туку да ги насочам во работи со кои имам искуство, професионални и приватни.
На блогот може да се најдат и текстовите кои ги објавувам во текот на месецот во дневни или месечни весници и списанија.
Последни коментари
Колумни
Твитам бе!
Delicious линкови
LinkedIn
Социјализација
Други страни
Тагови
Archives