Крајот на убавата година, неубав
2008г. беше тешка но прекрасна година. Ви посакувам среќна нова на сите конзументи и љубими читатели, да ви се исполнат сите желби и да се лизните и да падните 2-3 пати (на газ ок). Завршувајќи ја годината, мора да признаам победнички, многу мисли, идеи и креативни провеви поминаа низ мојот полу-функционален мозок, редица од нив ги заборавив, за жал, а друг дел ги реализирав на овој или оној начин. Вечерта за Новата година останав во Скопје, по договор „со старото друштво“ да бидеме заедно. Меѓу-другите свиреа и Skatoma, скопски тезгарски бенд кој за прват го гледав. Извесниот пејач, Блажен во неговата благосостојба на почетокот на неговиот настап на сите ни го привлече вниманието со „сега ќе пуштиме песна од грк, а пошто е грк е педер“, по што ја слушавме The last christmas од George Michael, по што следуваа и коментари од „овој е вистински педер, не е педер како Влатче и компа..“. За ситуацијата да биде потрагична типот на сред новогодишната ноќ (што за мене не е ништо посебно, али за 99% од другите беше), раскажуваше вицови за бели деца кои кога ќе умрат се ангели и албански и ромски деца кои кога ќе умрат одат во не знам ти каде и се не знам ти што. За жал не можев да најдам ни мејл ни вебсајт на тезгата, пошто промоцијата очигледно им се попречува со решавање на многу позначајни прашања во врска со нивната македонштина и изнаоѓањето на начини за што посилни навреди на сметка на оние кои не се од Хунзичка крв. Сепак успеав да во гужвата, во која поради уморот и пивото реагирав бурно на глупостите на типот, ја најдам неговата девојка. Па ѝ објаснав каков тип е дечко ѝ, што за инает на оние кои сега ќе си речат „шо праел овај за нова година“, таа го прифати па дури и се сложи. Се обиде да се оправда со тоа дека вицовите на дечко ѝ му ги кажува некој црнец и дека тие впрочем се за црнци. Аха, дечкото национал-шовинист, а таа расист-wannabe, прекрасно.
Не е мое да ги судам постапките на другите, но сметајќи дека сум човек кој повеќе сака мир и соживот од војна, ќе се обидам да дојдам до контакт со лидерот на Скатома, па можеби и ќе му помогнам да си ја дијагностицира тагата која течи низ него на секој настап. И да си ги излечи комплексите. Ете такви се националистите и до таму води националистичката и мега-македонската политика на упикавање на националната свесност во очите на простата маса која случајно дошла до микрофон, па изиграва пророк.
Така помина мојата „нова година“. А баш си мислев „како ќе започне, така ќе заврши“ пред да одам во тоа гнасното Маракана. Hopefully not! :) Блажен [whatever]ски: fuck off.

Еден колега/другар свири во гореспоменатиот бенд.. еден од гитаристите е. Одамна не сум ги слушала.. Ммм… да, Блажен е приказна сам за себе : ) макар што политичкиве примеси во „финтите“ што ги раскажува помеѓу песните му се нови, ги немаше на почетокот, изгледа сега се инспирирал од.. тековните случувања : )
Еве им го мејлот, штом сакаш да ги контактираш, сигурно ќе ти се израдуваат : ) scaptoma@gmail.com
Поздрав!
Невенка, ти благодарам за одговорот кој ми овозможи да им испратам пошта на дечките од скаптома (ако ми кажаа дека се викаат Скатома хехе), порака која што ќе ја објавам само ако добијам одговор. До денешен ден тоа се нема случено но се надевам дека ја прочитале.
поздрав до другарите твои :)
Leave your response!
За блогот
Guadalquivirization е блог на кој ги изнесувам своите мислења околу технологијата со која секојдневно се среќавам, како и лични дневно-политички теми и фрустрации со кои се соочувам. Целта пред се ми е да помогнам на корисниците да ја сфатат мојата реалност, не да им ја наметнам туку да ги насочам во работи со кои имам искуство, професионални и приватни.
На блогот може да се најдат и текстовите кои ги објавувам во текот на месецот во дневни или месечни весници и списанија.
Последни коментари
Колумни
Твитам бе!
Delicious линкови
LinkedIn
Социјализација
Други страни
Тагови
Archives