Нит Манаки нит Јанаки
Така ми рече еден другар кога реков дека Манаки дефинитивно почнува да преоѓа во Скопје. Мене ми е скроз Ок идејата во Битола да постои фестивал како Манаки. Впрочем на секој прост Битолчанец кој ќе каже „да бе брат, Манаки фестивалче ти реков ми рече убо е да е во Битола“ му се допаѓа идејата да има фестивал од овој ранг во Битола. Скопје си има филмски фестивал и тоа е исто така супер идеја. Во изминатиот период, како што му личи на градов, испаднаа 3423 теории на заговор, некои забавни, некои заборавени, некои почнуваат да се потврдуваат.

Да расчистиме неколку работи, не сакам да испадне дека ја уништувам целата атмосфера за враќање на фестивалот во еден од најмртвите градови во Македонија, значи сум ЗА да се врати фестивалот во Битола, ако претходно (значи отсега иаме 1 година) исполниме неколку клучни услови тоа да се стори. Кога во средно одев на фестивалот беше права уживанција да влегувам низ триста други влезови, кои не се главниот и официјалниот влез. Ресторанот, бината, малата сала. Но тоа не го правев за да не платам. Не беше скапо впрочем па и не бев клошар во средно да неам да дадам 100тина денари да влезам да го гледам „Граѓанинот Кејн“ или „Божјиот Град“, или да го ѕирнам Мајкл Јорк. Како и да е, во подоцнежните години, кога станав нешто посериозен сфатив дека кога одам на проекција на фестивалот во Центарот за (тоа е центар за се само не за) култура, освен студенилото на салата и миризбата на застоено, старо, крцкањето на горната врата (кај шо седи „светлото“) и ѕвонењето на телефонот во канцелариите (онаков ЅЅЅЅРРРРН стар телефон шо те вади од ум) и уште 4ца други гледачи, немаше никој друг. Серев, серев дека тоа е лоша слика за фестивалот, ама шо можев да направам, па по некое време исклулирав и престанав и јас да одам. Лани и оваа година воопшто нема да го посетам фестивалот од две едноставни причини, лани поради тоа што никој (пази: никој!) не сакаше да доаѓа со мене (што не ме аболира од потребата да одам), а оваа година еве во знак на протест, но не кон Вардар Филм, Курдерес Лента или whatever продукција, туку во знак на протест кон БИТОЛА. Битолчани последните години се жалеа дека картите им беа скапи, ќе се качеа „на Антена“ за да добијат гратиси за отворањето и затворањето, и комплети за сите проекции. Не покажаа дека го поддржуваат фестивалот. Често пак, проекциите биле бесплатни па салите биле ПРАЗНИ! Можеби, велам можеби, салата каде се проектираше студентската програма беше нешто позабавна (оваа година дали има воопшто студентска програма?) но се останато беше too good to be visited за нашите горди сограѓани сељаци. Затоа јавно прашувам, ако на Битолчани не им треба фестивалот, зошто сакаат сега „да ни го вратат“? После тука се надоврзува политиката. Шпекулациите водат кон тоа дека нинџата од Скопје бил некој си кадар на СД-факинг-СМ, а нинџата од Битола е никој друг туку нашиот градоначалник, Талески од ВМ-факинг-РО. Тоа дава слика дека овие две фаци се препукуваат по точно одреден редослед на инструкции дадени од „некои си“. Неодамна пак разбрав и дека се работи за „заедничко масло“ за префрлање на фестивалот, со тоа што градоначалникот на Битола догодина како реакција на „кражбата“ ќе отвори „филмски град“ со нов фестивал, за што ќе добие плус на рејтинг и веројатно поголема контрола врз фестивалот кој уште пред 10тина години го презеде „Вардар филм“ (за ова не сум 100% сигурен, поправете ме please).
Овие шпекулации ги спомна и најголемата брука што се поврзала со зборот „култура“, поранешниот министер за култура господичниот Благој Стефановски на неговото дебилно излагање пред камерите на една локална телевизија во Битола. Мене искрено, ми се чини дека Манаки е историја, но ако некој сериозно настојува да се вклучи во борба за враќање на фестивалот, преку медиумско покровителство (блогови, флаери, плакати итн итн..) ќе го поддржам. Гледам дека тоа веќе почна, па да, ќе го поздравам како добар потег и амбициозно велење „не“ на говнариите на државата (да, ова пак е дебело масло на државата (не на владата (не на ВМРО! аман))). Условите под кои фестивалот би требало да се врати се:
- битолчани да почнат да мислат пред да скокнат. Да си го поддржат фестивалот кој нели е симбол на градот со тоа што ќе го посетуваат и поддржат на 3 миљарди начини кои тие ги сметаат за соодветни (бидејќи штом веќе протестираме значи имаме што да понудиме како решение, не?) или пак ќе ги одреди организаторот во склад со целта на фестивалот (во што се сомневам длабоко).
- отворањето на фестивалот да биде достапно САМО и САМО за студенти од релевантните студентски установи, а не за фаци како претседателот на државата и градоначалникот на Битола и нивните лигави поттрчковци кои сакаат да бидат видени, а не ни знаат каде се.
- проекциите да бидат бесплатни за сите и да се постават ефикасни контролори на редот и мирот во салата со што би се контролирал квалитетот на публиката, а не теткици со миничи шо се прчат мислејќи дека се стујардеси.
- Зошто во Битола нема кино out of Manaki schedule?? Битола да отвори Кино кое ќе го доловува трипот на Битола како град на филмот во текот на целата година, не само за Манаки. Под хитно!!!
Ако овие неколку работи ги средиме, барем ќе имаме фаца да си го бараме фестивалот назад, засега мислам дека колку и да лаеме, ќе лаеме на погрешна врата (не велам за џабе, само на погрешна врата). Еве и еден мал предизвик: ако в година во Битола се случи нешто што во името ќе содржи „филмски град“, а нема да е поврзано со Манаки, тогаш ќе знаеме кој е виновникот за сето ова. Ако пак градоначалникот успее да „го врати“ фестивалот, ондак сите теории пропаѓаат во вода, што би се рекло, што побрзо го направи тоа, тоа подобро за него и неговиот град.
За крај, би споменал уште еден мал податок кој повеќе ќе го поставам како прашање. Имено, според моите информации овогодинешниот добитник на фестивалот „Браќа Манаки“, чешкиот директор на фотографија Мирослав Ондричек, во Битола бил пречекан од некоја од службеничките блиски на кабинетот на градоначалникот, НО НЕ и од самиот градоначалник. Би сакал некој да ја демантира оваа информација и да каже дека не е вистина, ако е вистинита, тогаш.. јебеш Манаки.

Долго време во светот постои дилемата дали уметничките настани треба да постојат ако за нив не постои интерес, и тоа интерес кој може да се измери преку комерцијалниот ефект (барем да има некаква посетеност, како што добро забележа ти).
Во рамки на едно капиталистичко општество, може да се покрене и прашањето дали има смисла цела држава да плаќа (преку даноците) за да се одржува една манифестација која носи загуба. Одговорот се дава од случај до случај, кога ќе се стави на кантар: а) колку се загубите и б) колкави се добивките од постоењето на настанот, манифестацијата, институцијата или фестивалот.
Мислам дека, освен локацијата на фестивалот, треба да се размислува и околу неговото преструктуирање на таков начин што ќе биде: поефтин, поинтересен и слично, потези кои треба да му го продолжат векот. Бидејќи во спротивно, сите уметнички настани запираат во еден момент во историјата – независно колку биле значајни во нивниот зенит.
Да се согласувам, само да потенцирам дека главното плаќањето на фестивалот е директно од општина Битола и плус некои други спонзоруши како министерство и фирми и компании, практично ако се зборува за финансиите на фестивалот, го плаќаме НИЕ (Битолчани, пошто нели сега има децентрализација и секоја општина си има буџет), за тој да се одржува во Скопје, тоа го онеправдува подвигот за префрлување.
Сепак јас алудирам на нашата битолска свест во врска со фестивалот. Го сакаме или не го сакаме? Пошто јас, Букаро и тие со транспарентите ако излезиме и сериме ништо не правиме, треба да се обратиме до самите Битолчани за да пробаме да го смениме нивното размислување и свест за фестивалот.
Ти очигледно не си во тек – Постои веќе неформална група во која активно учествувам и јас – За два дена имаме 2000 потписи и околу 100 за еден ден на интернет. Отворивме меил, блог, фејсбук група, испративме соопштение до сите медиуми, дадовме изјави за повеќе локални телевизии, национални и останат печат. За сабота се спрема автобус и луѓе кои ќе протестираат на завршувањето на фестивалот. Тоа што крцка во Домот баш е супер.
@сите: коментарот на Букарски се објавува сега пошто тој сереше дека пишал коментар а не сум го објавил, а по принцип тој ако пишел со “bukarski” во Full Name ќе се објавел автоматски (пошто коментирал и претходно). Сепак, Akismet, системот за регистрирање на спам на Wordpress го регистрирал како спамер. Хехе :) Тоа докажува дека јас не сум бришач на коментари и не ставам цензура на зборовите на јавноста како што тоа го прави Букарски.
@Букарски: Јас не реков ништо за крцкањето идиоте, квази битолски локал патриоту.
Солидарност со Битола за фестивалот „Браќа Манаки“…
Се согласувам со Молика и Букарски дека Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ не треба да се сели од Битола. …
Leave your response!
За блогот
Guadalquivirization е блог на кој ги изнесувам своите мислења околу технологијата со која секојдневно се среќавам, како и лични дневно-политички теми и фрустрации со кои се соочувам. Целта пред се ми е да помогнам на корисниците да ја сфатат мојата реалност, не да им ја наметнам туку да ги насочам во работи со кои имам искуство, професионални и приватни.
На блогот може да се најдат и текстовите кои ги објавувам во текот на месецот во дневни или месечни весници и списанија.
Последни коментари
Колумни
Твитам бе!
Delicious линкови
LinkedIn
Социјализација
Други страни
Тагови
Archives