Одговор на закана за кривична пријава
Како што веќе знаете, апликацијата за Андроид за Златна Книга која е неофицијална верзија, со почитување на правото и авторските права на сопственикот на сајтот (www.zlatnakniga.mk), направи доволно збрки овој викенд. Денеска, понеделнички и очекувано добив барање од ITEA и Златна Книга за повлекување на мојата апликација, и извинување за нарушениот трејдмарк (трговска ознака) и дополнителна штета што јас во овие 3 дена (од кои 2 викенд) ја направив на сајтот.
Најпрво го добив овој коментар од Игор Јаневски од ITEA (Македонска IT компанија). Значи, не им смета што непознато лице испраќа анонимни мејлови во нивно име. Во ред. Одговорот, во целост преземен од делот за коментари, беше следниот:
Здраво Игор,
кога јас Ви испратив мејл, ви го оставив и мојот телефонски број за да се чуеме во врска со потенцијални проблеми настанати од оваа апликација. Дали може да го направиме тоа, да воспоставиме телефонски контакт?
Во случајот, конкретно би сакал да одговорам на точките кои ги наведуваш тука:
- во врска со трговската ознака и правната оправданост на апликацијата може да се најде компромис, ќе биде изменета, нема да се вика Златна Книга, нема да користи бои и логоа од вашиот сервис.
- го ценам вашето право да се заштитите од потенцијална злоупотреба на Вашиот сајт од апликации и софтвер кој штети на Вашиот сервис. Но во случајот станува збор за обични HTTP риквести кои корисниците ги прават – не ги правам јас, а потоа истите се процесираат и прикажуваат како резултат на крајниот корисник. Она што во случајот е битно да се спомене, во ниту еден момент не заработувам од Вашите податоци. Во ниту еден момент не крадам содржина, само прикажувам јавно објавена содржина. Исто како што тоа го прави daily.mk.
- ме радува тоа што веќе има официјална верзија од Ваша страна за Андроид.
- ова со тужбата ми е малку специфична тема за да ја дискутираме во коментари на блогпост. Навистина сакам да се слушниме за да видиме дали има потреба од тоа или станува збор само за онлајн закана од Ваша страна кон мене.
- Вашиот бизнис модел се заоснова на маркетинг. Веројатно кога кај клиентите (во кои влегуав и дел од мојата фамилија кои со нивните фирми се рекламираат кај вас) пристапувате за рекламирање, им прикажувате број на посети на сервисот, со што практично ваква апликација е дел од процесот на подобрување на вашиот бизнис модел. Сепак тоа е мое мислење, ценам доколку вие ми кажете каде грешам.Последната реченица исто така може да ја сметам за закана. Ме интересираат неколку работи:
1. Дали во светот кога некој прави скрапери и кролери од типот на Златна Книга за Андроид и daily.mk за македонските дневни весници, веднаш се пристапува со закана за тужба? Дали мислите дека то е правично оправдано и професионално со оглед на тоа што и двајцата делиме иста проефсија? Како Вие се справувате со ваквите коментари кои инволивраат тужби за крадење содржина? Во смисла, доколку Нова Македонија ви пише да не им ја крадите содржината, што им одговарате?
2. Дали сметате дека штетата што јас во изминатите 3 дена ви ја направив (и ако може да ми кажете колкава е?) може и мора да се разрешува на суд? Дали има човечки фактор за разговор тет-а-тет во кој ќе ги решиме проблемите? Со оглед на тоа што во Ноември некаде 2010 јас ви испратив мејл за мојата намера, на кој вие не ми одговоривте, сметав дека вие немате ништо против мојата намера да направам кролер за вашиот сервис.
Само да потенцирам: немам ништо против вас, немам ништо против сервисот, напротив, фактот што многу го користам дојде до идејата да направам апликација за Андроид.
Се надевам ќе се чуеме и видиме за скоро.
Уште необјавен коментарот ми се јави Владимир, директор на Златна Книга, со разговор во кој ми објасна за сериозноста на кривичото дело кое го правам со крадење на нивната трговска марка.
Јас, Александар Балаловски, сум свесен дека во дадена мера ја искористив трговската марка Златна Книга за промовирање на мој труд, Андроид Апликација преку која најдобронамерно сакав да помогнам во промоцијата на овој сервис. Поради тоа што го користам редовно (значи сум активен корисник на овој сервис) и поради тоа што дел од моите најблиски луѓе плаќаат претплата за промоција на нивните информации на овој сервис. Се извинувам на надлежните за „злоупотребата“ на нивниот трејдмарк и апликацијата ја повлекувам од Google Market (веќе е тргната од објавени апликации (Unpublished), потребно е малку време да се ажурира сајтот), со тоа што изворниот код на апликацијата останува на истото место каде што беше и досега. Истовремено сакам да ги додадам следните коментари.
- во ниту еден момент немав задни намери да наштетам на фирмата Златна Книга и веб сервисот кој го развиваат www.zlatnakniga.com
- во ниту еден момент не украдов податок кој го складирам во апликацијата – се работи за realtime прикажување на податоци исто како што тоа го прават корисници кога кон сервисот пристапуваат преку Веб прелистувач (Mozilla Firefox, Internet Explorer, Google Chrome, мобилни прелистувачи).
- во контекст на прашањето би сакал да наведам дека трговската марка е право на секоја фирма и правно лице во Македонија согласно законските одредби кои го регулираат ова. Златна Книга е трговска ознака на фирмата која тоа го има регистрирано и во контекст на ова, повикот за суспензија на името и трговската ознака се апсолутно легитимни од нивна страна. Тоа е мојата единствена грешка
- во ниту еден момент немав финанскиска добивка, ниту пак намерата за ова беше таква. Намерата беше доближување на сервисот кон Андроид корисниците и усовршување на моите програмерски способности во областа на програмирањето за мобилната платформа Android
- во контекст на горе-кажанот, имајќи во предвид дека станува збор за блага цензура, побарав поддршка од EURisk, по сугестија на познаник/чка од Twitter. Состанокот го закажав за утре во 12.00 во просториите на EURisk во Скопје.
- би ценел ако дополнително ме снабдите со правна поддршка во целиот овој процес. Што можам дополнително да направам за да се заштитам од потенцијална тужба за она што останува од апликацијата?
- би ценел ако споделите слични вакви приказни кои во светот се наградуваат, наместо казнуваат и им се пристапува со закани за тужба.
Заокружувајќи го сето ова, директорот на Златна Книга ме повика на лична средба во текот на оваа работна недела. Тоа го ценам како гест на добронамерен пристап во решавањето на проблемот. Прашувајќи ме колку јас се разбирам од бизнис процеси, одговорив дека сѐ уште немам големо искуство поради фактот што сѐ уште се водам како вработен во друга фирма, а не само-вработен во сопствена фирма. Но едно знам, доколку ова се случеше со веб сајт, производ на мојата фирма, ќе го наградев програмерот, тешки луѓето да ми прават апликации и интерфејси за производи кои јас ги развивам. Но тоа е мое мислење и во ниту еден момент нема да се обидам да атакувам врз мислењето на раководителите на Златна Книга, нивно право и нивна желба.
Во меѓувреме, од постот на mobile.komunikacii.com дознавам:
- 40 луѓе го шерувале постот на Facebook за Златна Книга;
- 7 го твитале
- 308 посети на постот
- 8 од гугл пребарувајќи „златна книга“
- повеќе посети и од пребарување „златна книга андроид“
Со ова сметам дека во добар дел ја зголемив релевантноста на сервисот и понудив можност луѓето повторно да пристапат до овој веб ресурс.
Дополнителни информации ќе има во нови постови – само за да ја расчистиме целата ситуација.
Програмери, добро размислете. Во Македонија се доведува во прашање интегритетот и работата на нашата професија. Што би направиле вие во ваква ситуација? Секое мислење е добредојдено и ценето.

Според мене, единствена грешка е тоа што си искористил заштитени логоа за твојата апликација без дозвола од златна книга. Ако нудиш само интерфејс кој што го олеснува пристапот до информациите (кои и онака се јавно достапни) на андроид платформата не правиш ништо лошо. Е сега ако златна книга има сопствена апликација за андроид (која најверојатно не е бесплатна) тогаш им се мешаш во бизнис моделот и може да се обидат да те блокираат или да те заплашат со закани ама правно не ти можат ништо.
Како пример Toorgle го користи Google search engine за пребарување на торенти и легално Google може ништо против тоа.
Поздрав и не подлегнувај на притисоци
[...] This post was mentioned on Twitter by sead93, Boris Ristovski, Поговори с ними, Дарко Стојковски, Andrej and others. Andrej said: RT @gemidjy: Одговор на закана за кривична пријава http://tinyurl.com/5vb3q3l – #zlatnakniga #androidmk [...]
@Драган, во однос на трејдмаркот и логото: практично логото го направив во ГИМП, значи не презедов ништо од нивниот сајт. Користам само боја и име, што повторно, е нивно право да реагираат. Затоа и се извинив и ја тргнав апликацијата кој користи туѓ бренд.
Конкретно @tdelev кога ме праша дали може да крола вицови од vicoteka.mk со цел да изработи андроид апликација за страната (за учество во one андроид предизвикот) му реков дека нема потреба да крола, му ја испратив базата и му понудив дека доколу си направи апи за апликацијата да ги влече вицовите со задоволство ќе му го закачам на серверот. Тоа и го направивме.
Јас добив бесплатна андроид апликација, помала оптеретеност на серверот и реклама на андроид предизвикот. Томче доби поедноставна работа, побрзо полнење на базата и поголем refresh rate на базата во апликацијата.
Не знам зашто златна книга не можеле да го доправат тоа. Поготово што твојата апликација не само што е бесплатна туку и кодот е слободен.
Енивеј, може да ти се фатат доколку го го смениш името, а и боите може слободно да си останат исти. Прикажуваш јавно достапни информации и ништо повеќе.
токму така, плус јас и нема ИЧ да се бунам ако земат и ја продаваат, користат и шират наоколу (ако ме наведат како автор на апликацијата).
Ти благодарам за коментарот,
Поздрав од долу :))
“Во Македонија се доведува во прашање интегритетот и работата на нашата професија”
Следи драма во стил на А1?
Доволно е да си побарал дозвола првин од Златна Книга. Не секој трејдмарк/бренд сака да има апликации за него од трети лица за кои не се сигурни. Има мал милион ситници кои можат да се случат, и на крај, во овој случај, Златна Книга, ќе го јаде стапот.
„Конкретно @tdelev кога ме ПРАША дали може да крола вицови од vicoteka.mk…“ – win.
Шо има врска А1? Жити леб? Не следи таква драма, било шо што е употребено во тој контекст е сатира и зафрканција на твитерашите и пошироката заедница. Јас апелирам само до програмерите, така што ти не си засегнат со мојот повик.
Дозвола побарав. Прочитај ми го блогпостот те молам. Не ми одговорија – а молчењето значи одобрување, нели? :)
Поздрав.
Ок. Мене не ми е јасно како ако е регистриран заштитен знак не постои во базата на Централниот регистар на Република Македонија, ниту пак во базата на Државен завод за индустриска сопственост?
Еве пребарајте и самите:
Централниот регистар на Република Македонија
Државен завод за индустриска сопственост
„Р3 Инфомедиа“ – правниот субјект што стои зад Златна Книга е регистриран во Централниот регистар како „Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје“
Сепак, тоа, ако не се лажам, е различно од тоа Златна Книга да биде правниот субјект.
Мислам дека работиве се премногу сериозни за да се излага со вака произволни тврдења, па згора на тоа и да се заканува со кривични пријави.
Biznisot na zlatna kniga e tokmu vo sobiranjeto na podatocite. Kanalite preku koi se serviraat podatovite e sekundarna rabota (bez namera da potcenuvam). Ottuka, ne me chudi shto se ozbilni vo namerata da sprechat nekoj drug besplatno (bez moznost da prodavaat reklama) da ja servira uslugata od koja lugjeto ziveat
So drugi zborovi, respekt za programerot, ama i respekt za lugjeto koi reshile da investiraat i ziveat od nekoj biznis. BTW, ne ni navleguvav vo pravniot mumbo-jumbo dali smee ili ne smee da se im se prezemaat podatoci so obichen request. Jas da sum na nivno mesto vednash bi se spogodil da ja kupam taa aplikacija, ama nejse, mozebi i si imaat svoja vo razvoj… Edno znam, vo MK e poteshko da tuzis i da dobies, otkolku da se spogodish (duri i koga si skroz u pravo:)
“Сопственикот на регистрираниот заштитен знак, може да отпочне правна постапка со цел да спречи неавторизирана употреба на заштитниот знак. Исто така овој термин може да се употреби за јасно препознатливи атрибути кај познати личности.” – од Википедиа на македонски, повеќе за trademark има на англиската. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%BA
Kлучниот збор е „неавторизирана употреба“. Gemidjy вели дека „ги прашал, ама не му одговориле“ па го сфатил молчењето како „да“, што е малку несериозно.
Веќе има мобилна верзија на сајтот, не ја сфаќам поентата на апликацијава, барем да беше оригинално нешто. Всушност, во првиот пост Gemidjy вели дека „ја направив како вежба“, а на крај се случи „се доведува во прашање интегритетот и работата на нашата професија“.
Секој ќе си го заштити својот бренд од недозволена употреба колку и да е лоша или позитивна, бидејќи, како што пишав погоре, при мала збунка нема да биде загрижен кодерот, туку брендот.
@Jordan: јас би бил среќен и ако не ја купат, туку доусовршат и користат како таква за нивни потреби. Значи не морало да ја купат, пошто е слободен софтвер. Обично луѓето во светот се среќни ако некој им направи ваков софтвер :)
@Viktor: не цмиздри, не правам пари, сервирам јавни податоци. Ај да правиме андроид апликација за it.com.mk. Бесплатно, си за?
хаха „не правам пари, сервирам јавни податоци“. Како да не разбираш што се случува?
1. Користиш туѓо име и лого за да привлечеш популарност на ап. Еве одговор од ИТЕА на твој пост – „Пушташ апликација за која што не можеш да гарантираш дека функционира додека луѓето имаат претстава дека проблемот е во Златна Книга а не во твојата апликација“
2. „Ај да правиме андроид апликација за it.com.mk.“ Ме праша, нели? :) Ако кажам да, нема спор. Ако кажам не, ќе правиш апликација?
3. Програмери сте, направете оригинална апликација со оригинално име, оригинален дизајн и оригинално лого.
Смени го логото, ребрендирај ја, и тогаш би било интересно да ја споделиш реакцијата на Златна книга. Сега, само дизаш галама за непостоечки „закани“. Насловот и спинот на текстот ти е како од Сител или А1 кога следат слепа агенда.
Апсолутно се сложувам со точката 3 – дали прочита дека се извинав? Само го направив тоа без никаква зла намера.
Друго, делуваш ко некој шо не разбира 2*2, извини, ама 3 пати кажав дека добив директна закана од директорот на Златна Книга. Ќе интерпретирам: прашање:„Дали ова е закана?“ одговор:„Да многу сериозна закана“. Не е дека измислувам нешто.
Инаку кога зборуваш за оригиналност, тргнувајќи од себе, зборуваш за it.com.mk? crnobelo.mk? upload.mk? за што?
Зборувам за креирање оригинални апликации. Нешто што е различно од медиуми кој проследува информации, не заштитени со лого и трејдмаркови. А, кога е заштитен текст, екслузивен, тогаш наведуваме извор. За оригиналноста може да се спомене и фактот дека освен што проследуваме информации, креираме и наша содржина колку што е можно повеќе. Зборувам само за it.com.mk, за другите не знам.
На крај, споредување вести и апликации не е исто. Вест е вест, не се измислува, додека апликацијата можеш да ја креираш од идеја, оригинална идеја. Можеби треба да се потрудиш повеќе.
Во секој случај, коментирав за спорот со Златна книга, и завршив. :)
@Viktor, isto kako i vie sto se originalni na itcommk i so templejtot, i so vesti i se po red. leave pest!
hehe
ZK nisto ne ti mozat, plus i tie vrsat besplaten servis.
Parite im se od reklama vo knigata, ili ako saka nekoj da ja kupi (neam slusnato deka nekoj ja kupil do sea), ne im se plasi.
Inace za komentarot pogore vicoteka ne funkcionira bas naj naj na mojot tel,
Pozdrav
@vlatko како што се очекуваше… лични навреди без поента или аргумент, доста оригинално. :P
http://img2.lln.crunchyroll.com/i/spire4/ab001bd980b901e0440181f1c32634761226380963_full.jpg
е сега видиш, овој коментар да беше некаде на твој ресурс ќе беше избришан и цензуриран. Јас не го правам тоа :)
Без намера да навлегувам во правни, легални, етички или други приаказни.
Она што јас можам да го сфатам е дека сопствениците на Златна книга изреагирале лошо. Во денешно време не се прави ова вака.
Во принцип наместо ‘Сите права задржани.’ подобро да стават еден линк до некоја страница на која ќе пише: Види вака, ако пробаш да скрејпаш ќе те тужиме бла бла, ние сме многу јаки итн итн…
Мислам непотребно кренаа бука а се можеше да биде поинаку ако настапеа ко луѓе и ти вратеа на мејлот првиот пат.
И не, немој да го тргаш кодот.
Оф топик сум, ама од овие муабетиве за оригиналност ми се темни. Еве ви го Џим Џармуш на темата:
Nothing is original. Steal from anywhere that resonates with inspiration or fuels your imagination. Devour old films, new films, music, books, paintings, photographs, poems, dreams, random conversations, architecture, bridges, street signs, trees, clouds, bodies of water, light and shadows. Select only things to steal from that speak directly to your soul. If you do this, your work (and theft) will be authentic. Authenticity is invaluable; originality is nonexistent. And don’t bother concealing your thievery—celebrate it if you feel like it. In any case, always remember what Jean-Luc Godard said: “It’s not where you take things from—it’s where you take them to.”
http://www.moviemaker.com/directing/article/jim_jarmusch_2972/
Ај вака, будимо реални, али Златна книга благе везе нема што значи некој од заедницата бесплатно да работи за тебе и плус да те промовира. Еве отворено ги повикувам сите од заедницата на слободен софтвер (и до тебе gemidjy) да прават проекти во наше име кои ќе не промовират. Сите можат да ме контактираат на маил, ќе ви кажам детали за поедини проекти.
Се сложувам со Виктор дека треба да биде со поинаков дизајн, и да се избега од тие трејд марк приказни, но пак мислам дека во развиениот свет никој нема да ти занемари ако го направиш ова во нивно име и притоа не заработуваш пари.
Мислам дека е време gemidjy да направи сервис кој ќе збира податоци и ќе ги прикажува преку соодветна апликација. Тука мислам дека слободно може да ги собере сите информации кои се јавно објавени. Вака Златна книга наместо да добиеуште еден сервис за промоција, може да добие сериозен интернет конкурент :)
По тоа што го читам во коментари излегува дека сите сајтови што имаат “џиџе” за временска прогноза треба да побараат дозвола од weather.com или од кај и да ги црпат информациите за временската прогноза. Значи човекот понудил алтернативен начин за пристап на јавни податоци, не крола, не граба. Ако сака некој да ја користи мобилната верзија од сајтот нека ја користи, ако сака да ја користи апликацијата исто така нека ја користи. Технички гледано дечките од златна книга може да го спречат али не гледам зашто би го правеле тоа. Сепак апликацијата генерира сообракјај до нивниот сајт нели.
Златна Книга се во фаза на изработка на Андроид апликација која што не само ќе дава резултати од тоа што го пребаруваш, туку и ќе дава резултати согласно со локацијата каде се наоѓаш.
Како и да е, ова го знам од втора рака, и не можам да тврдам дека е 100% точно. :)
А да не ја тупете толку многу и да се фокусирате на темата :)
@Gemidjy грешка е што го користиш нивното име (Златна Книга), другото е се во ред. Значи смени име на апликацијата и правно не може ништо да ти направат. Поради што би те тужиле потоа? Што им сурфаш на серверот преку апликација? Ццццц, може само да зборат. Тоа со заканата е нешто налик Мајкрософт :) на кои им требаше многу време да сватат дека тоа не е начинот на кој треба да се однесуваш со програмерите, пошто може да се заебат многу гадно :D . Начинот на кој разговарал „господинот“ е типичен за нашите некултурни Македонски простори и тешко дека ќе се смени во догледно време (дали во IT сверата и во другите свери, исти се тие муабети). Ребрендирај и пушти слободно луѓето да си користат.
@Viktor оригиналноста тука нема никаква врска, човек има правo да си направи апликација со која тој си ја олеснува работата за барање на потребните податоци. Со оваа апликација само името е проблем, другото е се легално. А и темата за оригиналност нема никаква врска со ситуацијата.
Поздрав и power to the people!
Податоците кои ги чува „Златна книга“ не се нејзини, бидејќи се работи за адреси, што претставува јавен податок.
Бизнис моделот на ЗК е да ги компајлира адресите на фирмите и да живее од продавањето на реклами и специјално истактнати податоци за оној кој ќе плати.
Значи, тие не можат да докажат штета од апликацијата на Гемиџи. Исто така, бидејќи апликацијата на Гемиџи не зема пари од нејзините корисници, не можат да бараат надокнада по тој основ (изгубена заработка).
Затоа, Гемиџи, биди мирен и не паѓај на „закани“, кои, ако станат поголеми (особено физички), можеш слободно да ги пријавиш во полиција. Биди cool и не влегувај повеќе во дискусии со претставници од ЗК, и не лупај по Интернет сѐ што ќе ти текне (логото, ова-она), за да не го користат тоа потота против тебе.
Јас да сум на твое место, би го избришал и овој пост и коментариве.
А апликацијата нека си работи.
Програмерски гледано, може да се напише crawler за да се „исцицаат“ сите податоци од сајтот и да се постават на друг сервер. На тој начин никој не може да тврди од каде биле податоците.
Ванчо, јас сепак ќе си останам машки на она шо се договорив со ЗК.мк.
Ти благодарам на коментарот и советот, но во моментот сметам дека во делот за трговска марка (ако тоа е правно регулирано, т.е. регистрирана), се во право. Што во иднина, не знам :)
Балал, баце дај не слегвај на нивно ниво!? Че те растурат со икуство…
Мој предлог е да го смениш логото и да ојдиш кај YellowPages таму може и некој Гран при да добиеш од Ѓорге после за меѓународна-локална промоција на нашава каша-попара…
Респект за апликацијата BTW… само напред
@kapsarovb: Не разбрав за YellowPages .. ако може да ми појасниш. Сега го гледав сервисот (yellowpages.com.mk) obsolete е до даске :)
фала
Епа YP се очајни и ти ги посочив како алтернативно решение, но http://www.abv.mk може требе да ги посетиш, само за нив ќе требе да смениш и боја не само лого :D
Уште еднаш, не влегувај во дискусија со ЗК. Никаква. Мукла.
Сѐ што ќе кажеш во најдобра намера, може потоа да биде искористено против тебе. Нема тука машки-немашки.
Повлечи го нивното лого, направи свое, и толку.
И замоли ја ТАтанасоска од Твитер да не пишува текст за ова, нема потреба да солиш.
нашправи нешто оригинално бре ( дури и прибирање на нивните податоци како што ти кажува Ванчо е ок ) креирај сервис, па после креирај си апликација за твојот сервис. Вака за џабе само ми ти пука имиџот ( размисли малку за во иднина … живееме во време на лојлност и договори за неоткривање на информации )! Стави уште некој маил онлине па ќе си видиш рејтинг кај претприемачите и евентуално идните клиенти ( ако се замерите за нешто и нив ќе ги објавуваш на блогов? )
@orbita Прибирање на податоци од постоечки сервис за да направиш свој може да биде оквалификувано како напад на постоечкиот сервис и да одговараш за сајбер криминал!
Секој невалиден напад врз програмер треба да се објави и осуди! Широк е пазаров светски има леб за сите.
@Orbita: никаде намам објавено интерна комуникација преку мејл. Сѐ што објавив е коментар, јавно објавен од Игор од ITEA.
И шо толку се плашиш да откриеш кој си? Коментираш секогаш анонимно, немам доверба во твоите коментари :)
Прекрсти ја апликацијата во Златен Тефтер и смени ги сликите во апликацијата соодветно (све лого ова она), и вози натаму, што се замараш :)
Ако решат да те тужат, можат и можеби имаат основ, но бидејќи веднаш по опомената си ја отстранил апликацијата, во светот на интелектуалната сопственост, ќе бидат неозбилни бидејќи заканата инстантно е отстранета, што законски е и најсоодветно решение на проблемот!
Иако можеби Златна Книга нема регистрирано трговска марка, со што би немале основ да те тужат, може да се повикаат на тоа дека се „добро позната марка“ и да изградат случај. Веројатно ќе може да се декларираат дека имаат „добро позната марка“ на нашите простори. Но самата тужба, веројатно, ќе ги кошта повеќе отколку штетата што ти си можел да им ја направиш за 3 дена, а покрај тоа ти немаш материјална добивка т.е. не ја користиш во материјални цели.
Твојата постапка е коректна додека нивниот однос е претеран!
@mravce21: ти благодарам за деталниот совет кој ми го даде :) Поздрав.
Александар сепак мислам дека Ванчо Орданоски е во право.
Влегуваш во свет каде не се игра „машки“, единствена штета што си им нанесол е на нивното его и тоа сега многу ги боли. Ако се глупи, за тоа его, може да те носат и на суд, ама нема да добијат.
Мојот совет е да заборавиш на ова, немој да се извинуваш, немаш потреба, и никогаш, никогаш ништо не им признавај, само ги храниш. Ако сепак инсистираш да се видиш со нив лице во лице, не оди сам, појавете се група од 3 до 5 луѓе. Од нив не очекувај фер дијалог, ниту бравос, најмалку благодарам.
Моја препорака е дека нема пореба да пишуваш и да се објаснуваш по други блогови и форуми бидејки кој не се нашол во твоја ситуација, нема разбере. Целава ситуација не вреди ни упола од твојава енергија што ја вложуваш.
Според мое видување виновен си за две работи:
1. Користиш нивен трејдмарк и без разлика дали можеш, смееш, е регистриран, не е регисриран; тој е нивен, вложиле пари во него и не требало да го користиш. Ако сепак го користиш требало да ставиш назнака дека не е твој и дека е регистриран на тој и тој, со соодветен disclaimer. Зошто сите одма претпоставуваат дека во твојот код ќе има грешки, што ако има грешки кај нивна страна, и поради тоа апликацијата не работи, тогаш корисниците може тебе да те обвинат и да добиеш ниска оцена за твојот одличен труд. За тие причини, пред се за да се заштитиш самиот ти, а не нив, се става disclaimer.
2. Си ја објавил во компјалирана верзија. Програмите со отворен код се наоѓаат во процеп во сите закони за заштита на интелектуална сопственост се додека се дистрибуираат во “source code” варијанта, а не компајлирани. Како такви се сметаат за пример/едукација на дадената тема и тоа им дава право и законски загарантирано „niener niener“ на луѓе да работат на технологии кои се тешко зашитени со патенти, copyright-ови и сл. како на примет codec-ци за видео и аудио.
Секаде во свет ситуацијава би се решила со по што ти би морал да ја отстраниш навредливата содржина, нешто што ти веќе го направи и тоа е тоа. Доколку сепак те тужат се правиш глупав, дека не си знаел, но штом ти укажале во најкраток можен рок си престанал и тие би се нашле во глупа ситуација што сепак инсистираат. Немој да се докажуваш, си знаел, си прашал, не било регистрано на нивно име, си мислел. Ништо од тоа.
Уште нешто дали само јас мислам дека Игор малку повеќе забегува со реченицата: „Имај предвид дека со ова се троши и нашето време и нашите ресурси и може да се смета како напад што може да има сериозни разврски“. Абе ајде, ти намерно и свесно му го трошиш неговото време. Игоре, смири се малку, ќе ти остане време за дркање не се секирај.
Повеќето коментатори кажаа браво и супер за инцијативата да се гради слободен софтвер, еве и јас го поздравувам тоа, само целава ситуација е толку македонска (читај непрофесионална), и тоа е единственото нешто што ми пречи и ме прави тажна.
И оние од ЗК што се закануваат со тужби се однесуваат типично македонски, па и ти што како да си бил решен дека ќе правиш нешто што знаеш дека е нерегуларно (користиш туѓ заштитен знак и име), па добил одобрување или не.
Идејата за слободен софтвер е толку доблесна и прекрасна, да си посветил толку многу време и енергија (како што правиш сега бранејќи се од тужба)и да им објасниш на овие од ЗК дека тоа што сакаш да го направиш со апликацијата ќе биде најпрвин корисно за нив, ќе било многу подобро, но за жал ти си им пишал еднаш и нивниот молк си го разбрал како ДА. Со тоа ти самиот си решил да се најдеш во ваква матна ситуација, каде што ништо не е до крај јасно- слика и прилика на нашево бизнис секојдневие, па и нермално функционирање и живеење.
Ете, да не излезе дека само тебе те критикувам, директорите на ЗК се оденсуваат силеџиски и мачо (читај: глупо и мускулесто), зошто можат така, тоа е една од другите трагедии на нашево живеење. Се радувам дека им се случило ова, зошто тоа е поле кое не го разбираат и незнаат како да го контролираат. Убаво е кога работите им излегле од контрола и сфатиле дека се немоќни, и џабе им се мускулите.
Иако критика, се надевам дека ќе ме сфатиш добронамерно..
Поздрав!
[...] пошто Златна Книга и цела нивна техничка екипа се тешки пичкетини. Сменав дом, сменав работа (пошто „нечу да будем члан [...]
Leave your response!
За блогот
Guadalquivirization е блог на кој ги изнесувам своите мислења околу технологијата со која секојдневно се среќавам, како и лични дневно-политички теми и фрустрации со кои се соочувам. Целта пред се ми е да помогнам на корисниците да ја сфатат мојата реалност, не да им ја наметнам туку да ги насочам во работи со кои имам искуство, професионални и приватни.
На блогот може да се најдат и текстовите кои ги објавувам во текот на месецот во дневни или месечни весници и списанија.
Последни коментари
Колумни
Твитам бе!
Delicious линкови
LinkedIn
Социјализација
Други страни
Тагови
Archives