Fwd: Револуција, солуција за Македонија?
Денес сабајле фино ме пречека една порака на е-пошта, па за да не ја фовродирам и да изигравам спам-колектор, ја пренесувам на блогов (извор):
Во солидарност со востанието во Грција, стануваме за нашата СЛОБОДА!
ЗОШТО ГРЧКИОТ НАРОД ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦА?
Грчкиот народ протестира затоа што живее во тоталитарно општество. Затоа што главен политички актер им стана полицијата, а главна акција – апсењето и судењето и убивањето невини деца. Протестираат затоа што богатството на шака луѓе значи крпен живот за мнозинството. Затоа што профитот на газдите од Атина и Солун значи крв и пот и сува корка леб за работниците ширум цела Грција. Студентите протестираат затоа што државата и бизнисот мешаат прсти во образованието. Многумина протестираат против тоа што грчката влада константно води националистичка и крстоносна политика. Малцинствата не се признати, а поповите сеприсутни и семоќни. Протестираат зошто живеат во милитаризирано оштество кое ги потсеќа на хунтата. Затоа што војска има на секое ќоше, дури и во странски мисии. Протестираат затоа што наместо владата да им ги решава проблемите, им мачка очи и ги труе со апсурдниот спор со името со нивниот сосед, Македонија. Наместо да им бере гајле за иднината, владата се уште води залудна битка за славната историја, и за пар симболи. Протестираат затоа што не живеат добро. Затоа што им е преку глава од тоа некој да ги манипулира и злоупотребува. Нивните причини се и наши причини. Наши, човечки. Затоа треба да бидеме солидарни.
А ШТО Е СО ПОРОБЕНАТА МАКЕДОНИЈА?
Македонскиот народ живее во тоталитарно општество во кое главни актери се алфите, ЕБР, полицијата.. свежа е крвта на Трајан Беќиров, свежи се сеќавањата од упадот во “Процес”, за секојдневните спектакуларни апсења и наводната борба со криминалот не мора и многу да се говори. Згора на тоа секакви забрани, банални казни, со никако ефект.
Во Македонија не само што од ден на ден се зголемува јазот помеѓу оние коиимаат и оние кои крпат од ден на ден, туку и активно се лимитираат работничките права. Новиот Закон за работни односи буквално го третира работникот како пониска форма на постоење. Студентските проблеми во Македонија се најочигледни од се’.Јавнообразование кое чини баснословни суми, а е неквалитетно, руинирани студентски домови, ретроградно партизирано студентско раководство, замолчување на студентските медиуми, немање никаков обѕир за прогресивните идеи. И т.н. Агенција за млади и спорт која шири национализам, како капак на се’. На целата мака, и во Македонија се води крстоносна политика.Наместоцарството небесно, Црквата брка политика и бизнис. И тотално непотребно фрчат крстови на сите страни, се заговараат цркви на сред плоштад и се’ тоа со народни средства. Македонија нема воспоставено контрола над целата своја територија,но гоослободува Ирак (бар се повлекуваме). Соучествува во криминалот на НАТО во Авганистан. Купува оружје како да се спрема за војна. А Македонија се соочува со милион други проблеми.Јавното здравство е тотално руинирано. Животната средина е тотално загрозена од топилници, рафинерии, медицински отпади, но полицијата тренира строгост на оние кои плукнале на улица. И така натаму.
Но се’тоа се заборава,затоа што се чини единствен приоритет е”борбата за идентитетот”. Добро, кој нормален и самосвесен субјект си докажува сам себе и на другите кој е, и што е? Наместо да се решаваат проблемите, се замотува и одмотува клопчето за името, тотално без никаква концепција, а во исто време штетно за националните интереси. Наместо да се бара вистината во подоброто утре, вистината се бара во Каменот од Розета, Хунзите, Александар Велики. Никој и не е свесен дека утрешниот ден ќе дојде многу побрзо од што се очекува.
Утрешнината доаѓа во Грција. Народот се бори за своите правдини.
За нашите правдини. Затоа треба да се стане и да се даде поддршка! Да живее слободата!
Препрати го овој маил на сите контакти што ги имаш и подржи ја кампањата за анти-полициска држава што ја води народот на Грција! Стоп за милитаристичкиот режим на владеење и во нашава држава!
Подджано од младината на Република Македонија и секој логичен граѓанин.

бар наведи извор :)
http://vuna.info/vuna/?p=344
претпоставував дека ти си авторот, по стилот :) али не знаев дека си го објавил на блог (sorry).
абе нема везе, битно е да се шири зборот :)
Leave your response!
За блогот
Guadalquivirization е блог на кој ги изнесувам своите мислења околу технологијата со која секојдневно се среќавам, како и лични дневно-политички теми и фрустрации со кои се соочувам. Целта пред се ми е да помогнам на корисниците да ја сфатат мојата реалност, не да им ја наметнам туку да ги насочам во работи со кои имам искуство, професионални и приватни.
На блогот може да се најдат и текстовите кои ги објавувам во текот на месецот во дневни или месечни весници и списанија.
Последни коментари
Колумни
Твитам бе!
Delicious линкови
LinkedIn
Социјализација
Други страни
Тагови
Archives