R M S

На 27 септември 1983г. на мејлинг листите осамна порака која значеше револуција во зачеток, иако тоа како и секоја друга прогресивна идеја тогаш наиде на различен одзив во јавноста, гледајќи од денешна перспектива, тоа е една од најзначајните пораки некогаш испратени на мрежата. Имајќи ја во предвид информацијата дека RMS на 3ти јуни ќе гостува во Скопје (да!!), ја формирав оваа содржина за поблиско запознавање со оваа прекрасна личност. Амбициозниот хакер од Институтот за Технологија во Масачусетс, тогаш 30 годишниот Richard Matthew Stallman (RMS), напиша:
Слободен UNIX!
Почнувајќи од Денот на благодарноста, ќе напишам целосен Unix – компатибилен систем наречен GNU (за Gnu’s Not Unix) и ќе го давам слободно/бесплатно (1) на сите кои можат да го користат. Придонеси од време, пари, програми и опрема се многу потребни.
Големината на трите иницијали на Richard Matthew Stallman – RMS, е нешто што би требало да влезе во образовните процеси во секое општество. Неговата идеја подоцна како и секоја друга идеја почна метастазично да се шири до секој млад програмер, до оние кои во тие моменти се осетија засенети зад идеите за затворање на софтверот и претворање на секоја линија код во бизнис идеја и концепт кој на сопственикот би му носел само пари. Во годините кои следеа му се придружија многумина кои ја увиделе важноста на идејата која RMS ја шири, воспоставување на здрав систем за крајни корисници, програмери, па дури до бизнис модел базиран на слободен софтвер дефиниран со четирите слободи, 1. слобода за користење, 2. слобода за проучување и модификација на изворниот код, 3. слобода за редистрибуирање на копии (кои и понатаму ќе останат слободен софтвер) и 4. слобода за дистрибуирање на модификуваните верзии на софтверот. Денеска имаме милиони проекти кои се слободен софтвер, а меѓу нив најпознат е оперативниот систем кој подоцна дојде со спојување на идејата на RMS (GNU) и идејата за пишување на кернел – Линус Торвалдс (Linux) – оперативниот систем GNU/Linux.
Доколку сакаме да ја цениме големината на овој човек, би било фино во кратки црти да ја разгледаме неговата линија на развој до она кое е денеска, еден од најценетите хакери во светот и професионалец кој сѐ уште активно програмира и работи на проекти за креирање слободен софтвер.
Македонската содржина на Википедија за оваа личност вели:
Ричард Метју RMS (роден на 16 март, 1953 година), познат и по својата кратеница “RMS”, е основач на движењето за слободен софтвер, ГНУ (GNU) проектот и Фондацијата за слободен софтвер. RMS е познат програмер и “хакер” и меѓу неговите најважни заслуги се вбројуваат GNU Emacs, GNU C Compiler и GNU Debugger. Тој е автор на ГНУ Општа Јавна Лиценца (GNU General Public License – позната под кратеница GNU GPL или GNU) која е најчесто употребувана лиценца за слободен Софтвер. RMS се смета за еден од оснивателите на концептот на копилефт (copyleft).
RMS е роден во 1953г. во Њу Јорк Сити. Неговото прво искуство со компјутери било додека бил во средно школо во научниот центар на IBM во Њу Јорк. Во текот на летниот период бил најмен да напише нумерички анализи за програма напишана во Фортран. За рекордно време ја завршува оваа задача и осатокот од времето го потрошил на пишување на текстуален едитор во APL. Во текот на претстојното лето RMS пишува и други апликации, препроцесор за PL/I програмскиот јазик (за IBM-овиот System/360). Исто така во овој период RMS волонтерски асистира во лабараторијата на IBM во одделот за биологија каде неговиот професор, забележувајќи ја интелектуалната моќ на RMS, изјавил надеж дека понатамошното проучување на RMS ќе биде насочено во правец на биологијата. За наша среќа тоа не било така. RMS станува дел од лабораторијата на MIT за вештачка интелигенција. Таму станува дел од хакерската култура и заедница.
Кога RMS дипломира на MIT, објавува труд за одржливоста на вистинитоста на вештачката интелигенција (?) со наслов “Dependency-directed backtracking”, заедно со Gerald Jay Sussman. Исто така како хакер при MIT, RMS работел на проекти како TECO, Emacs и Lisp Machine Operating System (LMOS). Во тој период RMS почнува да станува сѐ посвесен за важноста на слободниот пристап до информациите и ресурсите од каде што овие ресурси доаѓаат. Една вистинска приказна за неговото созревање вели дека во моментот кога во MIT забележал дека некој ставил лозинки на нивните компјутери, веднаш реагирал и ги заменил сите лозинки со едноставно стискање на Ентер. На сите им испратил порака „На компјутерите има нова лозинка – само стиснете Ентер“. Сепак, се чини дека целата таа идеја се оформува околу неможноста да направи измени на софтверот кој бил инсталиран на Xerox-овите печатачи. Тоа се споменува во многу негови текстови ширум мрежата:
Хартијата повторно се заглавуваше во новиот печатач кој лабораторијата за вештачка интелигенција при MIT го доби како подарок. RMS, хакерски расположен, одлучи сам да го среди проблемот. И го стори тоа, но не го доби изворниот код на софтверот од XEROX. XEROX ги удри темелите на затворениот софтвер, ја поткопа слободната соработка во програмерската заедница, но и придонесе за создавањето на GNU/Linux.
Во 1971г. како бруцош на Универзитетот Харвард (каде како инжинер дипломира Физика во 1974), RMS станува програмер во лабораторијата на MIT за вештачка интелигенција, што подоцна се ипостави дека е основата на хакерската заедница и култура во светот. Во текот на овие години, познат повеќе под својот псевдоним “RMS” се вклучува во дефинирањето на хакерската култура преку Hacker’s Dictionary, каде што забележува: “Richard Stallman” е моето секојдневно име, може слободно да ме викате ‘rms’”.
Во 80тите години на минатиот век, хакерската култура која дотогаш го окупирала животот на RMS почнала да исчезнува. Важноста за воспоставување на портабилен софтвер кој може да се користи за различни типови на компјутери би значело можност за самите корисници и програмери да го изменуваат изворниот код при што би се оформила база на софтвер кој ќе поддржува многу хардверски платформи. Во тие години, со цел да се воспостави забрана за користење на апликациите на одредени производители, тие започнале да воспоставуваат рестриктивна политика за заштита на нивните авторски права. Таквата идеја не му се допаднала на RMS и во тој период тој започнува да работи на идеја која ќе го ослободни целиот потенцијал на идејата која стои „во главата“ на програмерот и која ќе блесне во моментот кога тој ќе може да го модификува, приспособи и подобри софтверот, преку пристап до извониот код.
Неговиот живот е навистина интересен и тоа не е тешко да се забележи за секој кој се заинтересирал за оваа личноста. Досега може да се насетат досетки кои на светот му го презентираа неговиот личен карактер и однос со луѓето. Неговиот прв кернел (кој сега се вика GNU Hurd), на почетокот се викал Alix – во чест на неговата бивша девојка Alice, за потоа на Craiglist да објави оглас во кој RMS практично бара девојка !! Итн.
RMS е човек чиј постер треба да биде во секоја соба, чија слика треба да биде на влезот на секоја лабораторија ширум светот и чиј збор и дело треба да биде во мислите на секој надежен програмер. Кога не би постоеле вакви личности, светот секако би имал некаков облик, несомнено, но денес технологијата немаше да го има обликот кој и тоа како беше повлијаен од идејата на RMS. Неговото дело е големо и неговиот предизвик за нас, помладите програмери, постојано ни дава надеж дека еден ден – ќе успееме и ќе допреме до местата каде што никогаш не сме допреле, таму каде што информациите себично стојат на дисковите, недопрени и осудени на пропаст. Развивајте слободен софтвер – прекрасни нешта се случуваат.

Супер пост (како и секогаш) :) Keep it awesome.
P.S. Одам да си барам женска на pazar3 :D
“Неговото дело е големо и неговиот предизвик за нас, помладите програмери, постојано ни дава надеж дека еден ден – ќе успееме и ќе допреме до местата каде што никогаш не сме допреле, таму каде што информациите себично стојат на дисковите, недопрени и осудени на пропаст.”
Ова треба да значи дека поддржуваме опен сорс само за да можеме да читаме туѓ сорс код?
По твитер, имаме многу ОСС евангелисти во државава. Каде е нивниот отворен код? Каде е твојот?
http://bitbucket.org/dekomote Тука е my latest and greatest проект, веб апликација што е страшно популарна во светот. Нема да докажувам дека е, ако те интересира, кажи ќе ти покажам, ставена под бсд лиценца – 960 layout system.
http://brainacle.com/ Овде имам некои јс снипети и плагини.
Работам и на други репоа и преведувам Линукс минт.
дејан: не знам шо се случи со мојот коментар – пошто ти имав оставено тука и јас reply. Жалам (не е намерно само да знаеш хаха).
Генерално мојот одговор беше:
- моите апликации кога бев на самиот почеток на програмирањето ги објавував на kde-apps.org: http://kde-apps.org/usermanager/search.php?username=dec0ding&action=contents – некои уште стојат. Но мора да те предупредам дека се прилично лејм, слаби со квалитет и непрактични за денешно време. Исто така на стариот сервер имав објавено цела секција со апликации(вчиња) шо ги имам пишувано.
- во моментот работам на една моја идеја, ја куцам во Џанго и ќе биде слободен софтвер.
- побарај низ текстови, примерите за код што ги давам се слободни.
- зошто мислиш дека сите поддржувачи на слободен софтвер се и програмери?
- луѓе кои објавуваат/ле слободен софтвер од кај нас се и Дамјан, Глиша, Павле, Зоран итн. и нивните ресурси ако веќе инсистираш и понатаму на „да си ги мериме кодовите :)“ ќе ги објавам, сега ми е мака да барам. Патем, BSD не е целосно слободна лиценца, али фино шо барем под некаква си ги објавил.
за преведување на софтвер и одржување на пакети немој, ќе те јадам во првите 100 метри haha :)
позз.
п.с.
се надевам ќе се запознаеме некогаш и лично, пошто, as I said, многу полесно се пренесува мислењето тет-а-тет, а и многу полесно е да се правиме профи. мрчатори од зад екран.
Leave your response!
За блогот
Guadalquivirization е блог на кој ги изнесувам своите мислења околу технологијата со која секојдневно се среќавам, како и лични дневно-политички теми и фрустрации со кои се соочувам. Целта пред се ми е да помогнам на корисниците да ја сфатат мојата реалност, не да им ја наметнам туку да ги насочам во работи со кои имам искуство, професионални и приватни.
На блогот може да се најдат и текстовите кои ги објавувам во текот на месецот во дневни или месечни весници и списанија.
Последни коментари
Колумни
Твитам бе!
Delicious линкови
LinkedIn
Социјализација
Други страни
Тагови
Archives