Articles tagged with: Колумни
Весници и списанија, Колумни »
Оф, нешто тешко ми е. Штотуку разбрав дека Ахмед од Прилеп му го хакирал компјутерот на Јонче од Тополчани. Па ме фати еден с’клет .. една с’клма.. наводно едниот работел кај другиот, па кога добил клоца оставил „вирус“ во компјутерот на работодавецот. Од дома се закачил кај првиот и избришал сѐ што нашол патем. И тоа не е измислена информација. Ја читав – информација лиферувана од интернет медиуми. И сега што добивме, Агим, Хакерот од Прилеп на распит за сајбер криминал. Не секогаш е лесен овој хакерски живот, иако не …
Колумни »
Колку и да се занесуваме дека живееме во машки свет, понекогаш едноставно фактите зборуваат пред егото, па застануваат во одбрана на полот кој многумина го сметаат за инфериорен (ги жалам таквите). Професионално, во светот на програмерите и IT генерално, жените се сметаат за помалку професионални, со помала страст во пристапот на работата, а најлошо од сѐ во најголем дел случаи тоа е заради нивниот став дека машките глави на теми поврзани со технологија размислуваат многу подобро за разлика од нив. Тоа е поразителниот факт за нив. Непостоењето на нивната професионална …
Колумни, активизам, трудови »
Часот е 00.33 и не можам да заспијам, па така ми текнуваат глупости и по нешто интересно. Се мислев за нешто што од порано сакав да го обработам на блогов секако инспирирано од слободната култура која се трудам да ја форсирам како знаам и кај ќе стигнам.
Корисниците на слободен софтвер или тие што се разбираат во компјутери нешто повеќе од „студентски прашања“ знаат дека кога станува збор за GNU/Linux, не можат да се сетат на нешто конкретно затоа што постојат милион дистрибуции кои ја прават одлуката за тоа што да …

