Articles tagged with: zlatnakniga
Android, Devel »
Како што веќе знаете, апликацијата за Андроид за Златна Книга која е неофицијална верзија, со почитување на правото и авторските права на сопственикот на сајтот (www.zlatnakniga.mk), направи доволно збрки овој викенд. Денеска, понеделнички и очекувано добив барање од ITEA и Златна Книга за повлекување на мојата апликација, и извинување за нарушениот трејдмарк (трговска ознака) и дополнителна штета што јас во овие 3 дена (од кои 2 викенд) ја направив на сајтот.
Најпрво го добив овој коментар од Игор Јаневски од ITEA (Македонска IT компанија). Значи, не им смета што непознато …
Android, Devel »
Еве, само да го оставам ова овде.
Неколку работи:
апликацијата е GPLv2 лиценцирана – што ја прави слободен софтвер.
ја направив како вежба
ако најдете багови, би ценел ако ги репортирате на github. Ако репортирате овде во коментари, процесот на фиксање ќе е многу побавен.
апликацијата скрапува. Ако решат од Златна Книга да блокираат пристап – не ме обвинувајте мене ако еден ден не работи апликацијата ничим изазвано.
Шо знам друго. GemoKodero ми е алиас на маркет, пошто сум фаца. Шо ве интересира околу апликацијата, слободно коментирајте.

