Home » Општо, рецензии

The Shutter fucking crazy Island

6 March 2010 No Comment

*spoiler*alert* – предупредени сте.

Го гледав The Shutter Island онака.. апансас. Немајќи идеи како да го поминам после-работното пладне, оп се најдов нацртан прво во Амати на палачинка па потоа во Рамстор киното, салата број 1. Претходно колега мој расправаше за тоа како Шатер Ајланд е најдобриот филм шо некогаш го гледал. Шо знам, секој си има свој вкус за уметност, многу не се потпирам на туѓите изразувања и тумачења за битноста на тоа што го гледале, слушале или читале. Филмови кои мене ми се допаѓале за други биле катастрофа на платното, и vice/versa. Последен таков филм беше 2012. Искрено јас на 2012 се смеев поради апсурдноста и глупавоста на сцените. Американштината смрдеше во секој фрејм. На други пак им се допаднало. Трети ми кажуваа како некои луѓе дури и со плачење излегле од салата после проекцијата. Јас излегов со тешка газо-болка и шубе за потрошените пари. И така би The Shutter Island.

Абе, генерално приказната оди во правец кој е веќе виден. Неочекуван крај, неочекуван исход, дечкото скренал па си ја споебал фамилијата која претходно била споебана од жена му. Нека. Кога го видов Леонардо на бродот на првата сцена, прво шо помислив е дека бродот и овојпат ќе се зачука во некоја санта па ќе трча како Џек во Титаник спасувајќи ја таа рибата шо ти Кејт Винслент. Ама не било така. Филмот изобилува со прекрасна фотографија и глума која е на нивото на тим избран од рацете на Мартин Скорсезе, иако лично јас не сум баш некој фан на Ди Каприо и го сметам за недоизграден глумец со убав физички изглед но не и јака страна од аспект на глумата, мора да кажам дека јас од филмот сум ШО-КИ-РАН. Филмот продолжува со пристигнувањето на Теди Даниелс (Леонардо Ди Каприо) и неговиот партнер Чак (Марк Рафало) на островот Шатер каде што се наоѓа најголемата и речиси озлогласена институција за лекување на лица со психолошки проблеми и личности.

Даниелс со него ги носи траумите и последиците на минатото. Неговата жена умрела во пожар подметнат од „извесен“ Ледис, забеган пироман. Уште веднаш Даниелс му потенцира на Чак „жена ми не изгоре, туку се задуши од чадот, тоа е важно да се потенцира“. На островот Шатер се сместени баш такви Ледис-like матни фаци кои поради нивното психичко потфрлување извршиле или се обиделе да бидат дел од грозоморни убиства. Првиот впечаток пред да се потенцира дека островот е една „голема лудница“ е дека пристигнаа на добро обезбеден затвор, поради целата процедура за проверка на идентитет и разоружување. Теди Даниелс е државен маршал кој со Чак доаѓаат на припомош на институцијата од каде претходниот ден избегал женски пациент со дијагноза на шизофреничар која патем си ги подубила трите деца и ги ставила на маса додека таа јадела. Уште првите моменти во филмот се насетува некоја заебана атмосфера која ви ствара гасови во стомакот. Првичниот впечаток е дека музиката е направена од истиот тип што ја правел грото музиката за саундтракот на Eyes wide shut (Jocelyn Pook). Aма јебеш, не бил тој. Веднаш откако Даниелс ќе почне со неговата истрага се среќава со главниот доктор во болницата, Dr. Cawley (Бен Кингсли) и _случајно_ (и на прв впечаток смешно и асимпатично) е пронаоѓањето на ливче оставено од пациентот бегалец (Рејчел) под керамичката плочка во нејзината просторија, веднаш зад масата, под мусандрата кај апаратот за притисок… не, ок. Под плочката. Ништо не може да избега од очите на Теди Даниелс. На ливчето пишува “Who is prisoner 67? The law of 4“. Некој нешто мучка. Даниелс станува сомничав. Размислува за тоа дека во институцијата која тој упорно ја оквалификува како затвор преку зборот „затвореници“ наместо „пациенти“, се случува нешто што не е баш во насока на пронаоѓањето на изгубениот пациент Рејчел. Бара да се сретне со персоналот но е одбиен. Вечерта Даниелс има кошмар во кој Скорсезе тука како паун ја отвора својата величественост и на еден од најпрекрасните начини за презентирање на сон во филм (според тоа што досега сум го видел), атмосферата во сонот и околностите се доловени преку паѓањето на лисја или дожд или пак пепел врз неговата жена Долорес (Мишел Вилијамс) која во сонот му кажува дека таа е сѐ уште на островот, но дека тука е и Ледис, херојот кој го потпалил станот каде што живееле. Веќе е јасно дека филмот ќе има исход од типот на Идентитет или Мементо. Теди врши испитување на пациентите. Во еден момент од филмот една од испитуваните пациентки бара чаша вода – Чак му ја носи но во моментот кога таа ја пие водата, во нејзините раце нема чаша. Тоа се мали грозни 3 секунди на немање чаша во нејзините раце што уште веднаш асоцира на нешто што подоцна се потврдува!

Во институцијата се наоѓа и еден од најдобрите психијатри во земјата, кој е емигрант од Германија – Др. Наеринг (Max von Sydow). Во тој момент во филмот се открива друг аспект за животот на Теди Даниелс. Тој бил воен ветеран и дел од војската која го ослободила концентрациониот камп Дахау (Германија) за време на втората светска војна. Даниелс има гадење кон германците во целина. Веднаш го препознава германскиот нагласок на Др. Наеринг и почнува со гадење да разговара со него. Овој пак, професионално деформиран, му ги открива аспектите на неговата психа преку разговорот кој го водат. Теди Даниелс е нападен, речит и човек кој никогаш не се откажува. И знае германски што е најјако. Ко из пушке! Му го шљака 2-3 пати на докторот, а овај му објаснува уствари дека е легално доселен емигрант од Германија и дека во тоа нема никаков проблем. После оваа средба Чак и Теди одат на прошетка низ островот, истрагата продолжува. Во напуштената просторија на островот, Даниелс започнува да го открива своето налудничаво лице и да претпоставува дека островот е една голема експериментална база за контрола на умот и дека таквите примери се земени од нацистичка Германија. Дека Др. Наеринг бил впрочем нацистички доктор земен на „услуга“ од страна на Америте за да можат полесно да експериментираат врз луѓе и нивните мозоци. Даниелс почнува да размислува дека психијатријата впрочем е една фабрика за духови, каде секој ќе може лесно да биде испрограмиран да стане она што некој друг сака да стане. Сериски убиец, масовен убиец, или начисто пациент кој ќе им прети на луѓе од интерес. Тогаш Даниелс го открива и бесот кон нацистичкиот режим во чие искоренување учествувал и лично тој. Додека биле во Дахау и ги строеле нацистичките стражари во колона, со пушките вперени кон нив, еден од стражарите се обидел да избега. Еден од американците пукнал во него, по што проследила ланчана реакција од куршуми кон нацистичките стражари и тоа брановидно. Скорсезе е скроз луд. Како бран на навивачи кои ги дигаат своите раце да отпоздрават маскота во движење на теренот, се прикажува убивањето на нацистите во простор-хронолошки редослед. Мене лично убивањето на нацисти секогаш ми било забавно на филмовите. Ова беше дури и смешно. Овој настан врз Даниелс исто така имал голем импакт во неговиот животен моментум и психички импакт. Ги фаќа бурата, а персоналот и полицијата на островот ги пронаоѓа. На состанокот на целиот персонал присуствуваат и Чак и Теди. Персоналот им соопштува дека избеганата пациентна Рејчел е пронајдена. Теди „остварува“ средба со неа и тука веќе почнуваат да се разјаснуваат некои расплети кои следуваат подоцна во филмот. Потоа Даниелс го добива својот втор „напад на мигрена“ додека бурата на островот го зазема својот пик. Му шибаат апчиња за мигрена по што го селат во подрумот, место каде што персоналот оди во случај на олуја.
left Би било предолго ако фатам да раскажувам целосно што впрочем се случува во остатокот од филмот. Битен дел е кога Теди оди во секторот кој дотогаш не го посетиле со неговиот партнер. Разговорот кој го водат со личноста која ја пронаоѓа Теди е многу важен и обратете особено внимание на него. Потоа, Теди решава да ја разреши мистеријата што се крие на овој остров. Нешто смрди и тоа не е риба! Со неговиот партнер оди на карпата – „таму горе“. А таму горе Чак сфаќа дека некој го турнал и убил неговиот партнер Чак долу на карпата. Теди почнува да се спушта фино-лепо по карпата како Спајдер-мен, кога на 30цм. од него слетува како нарачано ливче хартија кое верувајте не сконтав кој момент беше во филмот ниту за што служеше. Но наоѓа пештера. Каде впрочем пронаоѓа жена која се вика Рејчел. И тоа не било каква, туку Рејчел-Вистинска, која е доктор психијатар, поранешна вработена во психијатријата. Таа му потенцира дека не е луда, туку дека се крие од институцијата на островот која сака да ја претвори во дух. Разговорот кој го имаат во тој момент е многу интересен и нетривијален дел од филмот. Се сведува на тоа дека штом еднаш излезеш со прогресивна идеја и за тебе излезе името дека си луд, потоа секоја добра идеја е дериват на твоето лудило и никој нема да ја прифати. За тоа дека штом некој одлучи од тебе да направи дух ќе стори се во негова моќ да испадне во право. Па и ќе те направи луд. Ќе ти дава невронаркотици во водата, во цигарите и во храната. Ќе делуваат за 48 часа со парализирање на рацете, па цело тело. Потоа низ окото ќе ти пуштат сонда од која ќе влечат нервни завршетоци од мозокот, по што стануваш многу попокорен пациент и ќе ги слушаш наредбите на „твојот господар“. Истовремено докторката му објаснува на Теди за количеството на болка што влегува во нашето тело – СЕКОЈДНЕВНО. „Што ако некој може да ја контролира таа болка? Ќе те контролира и тебе“, вели таа. Рејчел тврди дека никогаш не била омажена, ниту имала деца. Му кажува на Теди дека е дел од целото тоа сценарио и му потенцира да бега. Овој си заминува. И се случува тука рчка- а-у нешто.. па при крајот Теди дознава дека впрочем никогаш и немал партнер. Главниот доктор му кажува дека тој на островот дошол сам. Па на прашањето „Па каде ти е парнерот?“, Теди мудро одговара „Кој партнер?“. Така функционираат работите.

Martin Scorsese Но не се откажува, ита накај светилникот, озлогласеното место каде што се верува дека се прават операции на мозокот, се отвора черепот и се чепка директно во мозокот. Таму го наоѓа главниот доктор кој го отвора расплетот на целиот филм. Имено, без објаснување на процесот на крајот на филмот кој мора да се гледа за да се доживее, ќе го дадам сижѐто на приказната. Теди Даниелс, поранешен генерален маршал и воен ветеран од втората светска војна, испаѓа тежок психијатриски случај кој имал фамилија од 3 деца и една жена. Жената се викала Долорес – едно од децата, ќерката Рејчел. Долорес имала еден обид за самоубиство по кој почнала да случа гласови и бубачки како лазат во нејзината глава. Додека Теди бил на работа таа ги удавила сите 3 деца и ги оставила во водата да пловат. Моментот кога тоа Теди го сфаќа е најбизарниот, најшокантниот и полн со делириум момент во историјата на филмовите кои ги имам гледано. Не е дека на сцената се појавуваат мртви деца и болна жена со налудничав поглед која му вели дека „сега децата се прекрасни и ќе ни бидат наши кукли со кои ќе си играме“. Се работи за детали. Како Теди ја фаќа ќерката за ногата, па му дава вештачко дишење. Па тежината и бодликавоста на чувството дека додека тој разговара со неговата жена зад нив стојат нивните 3 мртви деца. Се дознава – Теди Даниелс го создал ликот на Ледис и Рејчел. Никој од нив никогаш не постоел. Неговата психа за да се заштити од убиството кое го прави за да ја ослободи неговата жена созадава лажни ликови како пироман, пациент убиец на деца итн. Дури го создава и локот на Чак – кој впрочем не е неговиот парнер, туку е неговиот животен психијатар кој потфрла да го спаси и излечи од неговото психичко растројство. Теди во тој момент колабира – ја дознава целата вистина и ја признава. Докторите мислат дека е излечен, во спротивно ќе следи лоботомија, отворање на мозокот – rearrange untill he’s sane, шо би рекле Флојд. На крајната сцена, една од најмоќните сцени што ги имам видено – Чак седнува до Теди и го прашува дали сака цигара. Мислејќи дека повеќе нема да го ословува како Чак – затоа што тоа е името „на неговиот партнер“ кој веќе не постои – Теди се врти накај Чак и му вели „ти кажувам, ЧАК, нешто се случува на островот и ќе дознаеме што е тоа!“. Докторот се врти накај останатите и со главата констатира психичка регресија. Во тој момент главниот доктор се врти накај другите, но Скорсезе го дава од далеку – не се слуша кај што го изговара, но на неговата уста се читаат зборовите „do the lobotomy“. Тогаш Теди се врти накај Чак и му вели „Што е подобро, да умреш како среќен човек или цел живот да живееш како ѕвер?“. Станува и доброволно пристапува кон отворањето на неговиот мозок. Интригата останува – се излекол ли Теди? Бил ли воопшто луд? Рејчел во пештерата – вистинска ли е? Ја кажувала ли вистината? Непобитен останува фактот дека сите имиња од халуцинациите на Теди се впрочем акроними од имињата на луѓето кои извршиле трауми врз неговиот живот. Така и со Ледис (Laeddis)- кој се добива како акроним од презимето на Теди – Даниелс (Daniels).

Ниту Last temptation of Christ, ниту било кој друг филм од било кој друг режисер не влијаел врз мене на овој начин. Филмот ме топна. Но и ме згрози. Не знам дали би го гледал пак.

Забелешка: Законот на 4 или The law of four, се 4те имиња од кои Теди ги создава лажните ликови во неговиот живот: “Andrew Leaddis и Teddy Daniels” версус “Delores Chalin and Rachel Saldano”.

Post to Twitter Post to Delicious Post to Facebook Post to Reddit

Leave your response!

Add your comment below, or trackback from your own site. You can also subscribe to these comments via RSS.

Be nice. Keep it clean. Stay on topic. No spam.

You can use these tags:
<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

This is a Gravatar-enabled weblog. To get your own globally-recognized-avatar, please register at Gravatar.