Home » Весници и списанија, Нова Македонија, рецензии

Традиционалните медиуми повеќе не се важни

28 April 2010 4 Comments

Како стилски значи знаат да се однесуваат овие македонските мејнстрим медиуми – секоја чест. Просто како курва се осеќам која ја искористиле и ѝ ги качиле парите на 3м. високо дрво така предпразнично :) Имено станува збор за мојата едномесечна авантура како колумнист што на моја желба започна како соработка со Нова Македонија (пред 1 месец и нешто). И покрај тоа што врската заврши неславно, сето тоа беше прекрасно искуство – за мене како човек кој во дневен весник претходно немал објавувано негов труд сето тоа беше дури и со доза на адреналин. И почнав да го купувам весникот и да го посетувам сајтот и да го ширам наваму – натаму. Сигурен сум дека еден добар дел од прометот кој поминал на веб сајтот на Нова Македонија бил од мои реферали – каде мора да се земе во предвид објавувањето на Фејсбук и Твитер веднаш по објавувањето на колумна во НМ.

Како и да е – љубовта се чини заврши. И тоа баш својствено за корпорациските средини, Нова Македонија (нит Северна, нит Јужна) ми раскина преку друг. Не дека ми беше сеедно, но се ракувавме, си подадовме рака и си заминавме без прегратка и две капки на очите, а не ја ни видов. Сѐ се случи заради нежноста на шминкерот на Нова Македонија. Од моето присуство шминката почнувала да ѝ паѓа. Мамина маза. Последниот пат кога го праќав мејлот со последните 2 колумни за наредниот месец, додадов и свој коментар кој за мене не е ниту вулгарен, ниту арогантен, едноставно својствен за секој либерален млад човек кој сака да ја прескокне официјалноста и барикадите на „господин фин“ (затоа што не секогаш сум фин) и „госпидин лижигаз“ (затоа што не секогаш лижам кај шо не ми е место) и да испрати порака до уредништвото (на кое главен и одговорен им е г-дин Зоран Андоновски), за кое практично и работев хонорарно последните месец и нешто дена (да, работев). Пораката беше повик да се воспостави комуникација на ниво колумнист – редакција. И пошто сум нов во сето ова – замолив ако имаат некои забелешки за текстовите кои ги испраќам да ми ги кажат преку email, на мој својствен начин, без предрасуди, без лицемерие. Впрочем, ова е мејлот:

Здраво, еве нови текстови, но за да не се осетам дека комуницирам со
невидлива Масонска ложа би сакал да ги потенцирам следниве 3-4 работи:

1. дали може да добивам фидбек во иднина за текстовите кои ги
објавувам поради фактот што не сум професионален колумнист и практично
сум колумнист во создавање од уредништвото? не реферати – збор/два -

што чини што не чини. Ако има што да ми се каже секако …

1.1 дали може да добијам кој дел од текстот кој би се објавил во
иднина ќе биде модификуван и дел од него отстранет (како во последната
колумна) за да знам што да очекувам (што ако се измени контекстот на
кажаното?)

2. Дали може да ми го вратите името во „Александар Д. Балаловски“ (со
средниот иницијал).

3. Разбрав дека треба да ме контактира секретарка, финансии, или не
знам кој од НМ .. сѐ уште никој ме нема контактирано, а ова е трета
тура текстови што ги праќам (4 претходно, 2 сега). Џаба..

Ајде, г-не / г-ѓо ..благодарност.
поздрав, александар.

Па навистина треба да имате слаб желудник за ова да ве натера да мислите дека е напишано од некој невоспитан, аргонатен и препотентен човек. Можда, евентуално, ако ставев некое смајли измеѓу редовите ќе сфатеа дека пристапот ми е послободен него ли оној кога амбасадорот на Бангладеш би испратил мејл до редакцијата? Па, мислам – машки е да се каже што се мисли и човечки е да се каже нешто директно в лице, во случајот на мејл. Јас впрочем не ни знаев на кој му пишувам – оттаму и контекстот на мејлот. Овој мејл од редакцијата бил протолкуван како арогантен и препотентен или како што Светлана Бојковиќ од Бољи Живот би рекла – Господе Боже! Дали ова навистина е арогантен мејл во кој барам малку поголема комуникација меѓу мене и уредништвото – затоа што јас, со моите информатичко-политички ставови се обидов да се изградам во мејнстрим медиум како колумнист кој од поодамна сака да објавува на овој начин? Ве молам советувајте ме и дајте ми критика? Фактите дека денес печатените-традиционални медиуми не се којзнае колку во игра ги оставам зад себе. Ништо од тоа не ме интересираше тогаш кога барав некој кој ќе ги објавува овие текстови (сум пишувал на блог многу интересни и досадни работи – па си реков да пробам). Во сета таа збрка на дали ова што го пишувам е во ред? -прашања кои си ги поставував, пробав да побарам мислење од редакцијата за тоа што чини што не чини. Сепак, она кое според мене навистина го прели капачето не беше текстот од последните колумни кој не е во контекст со другите провладини и (секако) индивидуални ставови на тие кои објавуваат и работат во овој медиум (особено читателите кои секогаш ме окарактеризираа како предавник и „издајца“). Според мене проблемот е тоа што побарав да ми се исплатат парите за претходните колумни, за кои, на човекот со кој комуницирав му потенцирав дека не сакам да се илјадници денари, туку и 200 денари би завршиле работа – за да се осеќам свој на своето, дека трудот ми се валоризира, секако како дете на капитализмот. И ми дадоа цена која мене ми одговараше (ок, на професионалните колумнисти не би им одговарала најмалку двојно), па бидна работата – чекав да се јават да потпишам договор за соработка преку авторска агенција. И чекав пред телефон, чекав над влажната перница..

И ете денес – денот кога уредникот најверојатно ги прочита последните колумни во кои се споменува неуспехот на традиционалните медиуми во однос на старата тема – терминолошките разлики и бариери кои баш тие ги градат, или пак другата, битноста на купувањето нови мобилни телефони за секој доктор за да може да пораѓаат полесно деца (техничка колумна која ќе биде објавена наскоро независно на блогов), практично решија да ја прекинат соработката – така наеднаш. Апансас!

Не се бунев за неисплатените хонорари, не се бунев за изменувањето на текстовите кои ги испраќав – политика на уредништвото која ја прифатив уште од старт, но чисто ме интересира дали сите традиционални медиуми функционираат на овој начин? Овој текст сега е баш тоа – чисто прашувам. Дали толку малку нежност на моите зборови е потребна за да се прекине соработката со човек чии, според информации од вебот, објавени текстови (првите 3) биле во првите 5 најчитани вести на веб порталот? Или има нешто зад сето тоа кое јас како тотален нуб во сето ова не успевам да го видам? И ве молам – што јас не контам во цела оваа ситуација? Не дека јас изгубив работа – тоа не ми е фултајм примарна работа (фала богу), но чисто ме интересира колку професионалните новинари, уредници, подуредници, квази-уредници и новинарски клисари во Македонија треба да наведнуваат глава и да голтаат туѓи залаци за да ја задржат работата на овој и многу полоши начини од овој? Колку би им било тешко да најдат нова работа каде уредништвото би покажало повеќе почит кон оние кои придонесуваат за зголемување на читаноста и посетеноста на веб ресурсите на медиумот? Дали кога Нова Македонија би имала телевизија, би ги бркала гостите на сред емисија само затоа што побарале чаша вода?

Ништо од тоа искрено веќе не ме интересира затоа што е завршено. Овој текст нека служи како предупредување и појаснување на работите за другите млади грешници како мене кои би се нашле во ваквите води. Ќе ве цензурираат, ќе ве бркаат, ќе ве фалат и потоа пак вие ќе сте виновни. Очекувајте во секој момент да ве спашкаат како неуспешен артефакт или да ве фрлат како муфлосан ајвар од лани. Но проблемот не е во вас – верувајте. Проблемот е до нивното архаично сфаќање за животот и комуникациските теркови. И тогаш не треба да се предавате затоа што секогаш постои можност да креирате свои содржини на целосно независен онлајн медиум, без предрасуди и наметната хиерархија чие водство не знае каде им се „јајцата“.

Во прилог, „постхумно“ ги објавувам сите 4 објавени колумни, несудените необјавени очекувајте ги веднаш после рекламите.

Post to Twitter Post to Delicious Post to Facebook Post to Reddit

4 Comments »

  • kihuПотру said:

    брат у нашта државичка се додека има престојани ( такви шо стојале стојале ного години и на крајо муљесале) луѓе што се преправат цел живот оти разбират демек тва шо го работат, за такви млади како тебе, мене тешко трајно такво место да се отворе. работно место шо ќе биде веродостојно за ти да се идентификуваш со него и да ти е кеиф тва да го работеш.

    шо би кажале старите-фрли им пепел на тие!
    традиционалните медиуми се soooo #fake, man!
    keep on with the good words тука дури и полесно се читат :)

    !x!=:)

  • Guadalquivirization » Blog Archive » Јонче Хакерче said:

    [...] да биде објавен во Нова Македонија, а не пројде поради тоа и тоа и тоа. Ова е последната колумна напишана за овој медиум – [...]

  • Миша Поповиќ said:

    „машки е да се каже што се мисли“

    Ах gemidjy… пак ли? ;-)

    Како и да е, баш ми е жал што вака се завршила приказната. Прашањето што треба да си го поставиш можеби е дали конзистентно користиш таква директна комуникација во секој (или повеќето) формални контексти.

  • gemidjy (author) said:

    тоа со „машки“ не се однесува на полот, туку на храборста (чак шо веќе и жените го користат тој сленг „машки е да се ..“) :)

    да, го користам конзистентно во повеќето обраќања, па и во реален живот како што веројатно си забележал, освен ако осетам дека се работи за навистина официјално обраќање, како што кажав, службен мејл или кога би бил амбасадор на Зимбабве во Македонија.

Leave your response!

Add your comment below, or trackback from your own site. You can also subscribe to these comments via RSS.

Be nice. Keep it clean. Stay on topic. No spam.

You can use these tags:
<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

This is a Gravatar-enabled weblog. To get your own globally-recognized-avatar, please register at Gravatar.