Home » Вести

[update] Златна Книга за Android

19 February 2011 8 Comments

Да ја сумираме целата ситуација.

Денеска е објавена НЕОФИЦИЈАЛНА верзија на Златна Книга за Android.
По 2 часа апликацијата престана да функционира, не знаев зошто. Потоа го добив овој мејл.

На крај испадна дека Филип Димитровски, на Твитер познат како webomania испратил лажен мејл до мене претставувајќи се како Златна Книга (препорачувам да се испита легалноста и правната оправданост во врска со ова).

Изгледа дека Златна Книга не испратиле никаков мејл до мене, тоа го направил Филип Димитровски. За ова ги известив Златна Книга и очекувам директен контакт со нив да ја расчистиме целата ситуација. Би ги советувал да ја разгледаат можноста да се заштитат од нивно лажно претставување од страна на корисници на Интернет кај нас, затоа што утре истиот лик може да испрати мејл до мене во име на Златна Книга со компромитирачка содржина.

Мора да кажам дека тролањето е успешно, но еве, за секој случај нека знаат и Златна Книга за сето ова :)

Post to Twitter Post to Delicious Post to Facebook Post to Reddit

8 Comments »

  • Ванчо Орданоски said:

    Ако ништо друго, можеш да се вработиш во Златна Книга како нивен правен советник, а и да стекнеш слава како Заштитник на Вистината.
    БТЊ, имам да ти препраќам уште по 50-60 емаил пораки дневно во кои има лажни информации. Испраќачи се разни, од портпаролите на Владата (л’жат како Нигеријци), до менаџери на банки од Нигерија (и овие л’жат како Нигеријци) :)

    Мислам – no hard feelings – те почитувам, но ниту се Златна Книга вредни за бранење, ниту дотичниот Филип за напаѓање. Ниту има светска завера.

  • gemidjy (author) said:

    знам дека нешто имаш погрешно разбрано, само не знам кој дел, мислам дека ни сам не знаеш :)

  • Tweets that mention Guadalquivirization » Blog Archive » [update] Златна Книга за Android -- Topsy.com said:

    [...] This post was mentioned on Twitter by gEmo, WhACKO. WhACKO said: RT @gemidjy: [update] Златна Книга за Android http://is.gd/1xJNxN [...]

  • Guadalquivirization » Blog Archive » [update] Златна Книга за Андроид е блокирана said:

    [...] ЗАБЕЛЕШКА: Мејлот беше испратен во нивно име, од страна на друг. Еве објаснување. [...]

  • Igor Janevski said:

    Здраво,

    Пред се ја поздравуваме твојата одлука да направиш сервис кој ќе се влече на грбот на сервисот што го нуди златна книга со сите нејзини ресурси но мораме (се чувствуваме обврзани да ти укажеме на неколку проблеми)

    - Златна Книга е регистриран заштитен знак и правен субјект во РМ
    - Како таков има право да се заштити од нелегално дистрибуирање на нејзините содржини од страна на не авторизирани корисници
    - Изработена е официјална верзија за андроид Златна Книга која што е во финален тест и набрзо ќе се дистрибуира
    - Со тоа што ефективно ти си го избрал името поврзано со Златна Книга си направил правен конфликт за кој што златна книга може и има право да поднесе тужба
    - Бидејќи дел од приходите на ЗК инволвираат банери , со ова ефективно им крадеш од прикажување на истите банери
    - Пушташ апликација за која што неможеш да гарантираш дека функционира додека луѓето имаат претстава дека проблемот е во Златна Книга а не во твојата апликација

    Има уште неколку аспекти тука кои што се поврзани но мислам дека ова е доволно за да стави доза на сериозност за прекршокот кој што го направи. Во меѓувреме, ИТЕА како технички соработник на ЗК ќе направи се што може да се прекине овој сервис на барање на ЗК. Филип Димитровски пробал благо да ти ги објасни овие работи, за кои што гледам дека си направил пач.

    Имај предвид дека со ова се троши и нашето време и нашите ресурси и може да се смета како напад што може да има сериозни разврски.

    Поздрав,
    Игор Јаневски,
    Итеа Решенија

  • gemidjy (author) said:

    Здраво Игор,

    кога јас Ви испратив мејл, ви го оставив и мојот телефонски број за да се чуеме во врска со потенцијални проблеми настанати од оваа апликација. Дали може да го направиме тоа, да воспоставиме телефонски контакт?

    Во случајот, конкретно би сакал да одговорам на точките кои ги наведуваш тука:

    - во врска со трговската ознака и правната оправданост на апликацијата може да се најде компромис, ќе биде изменета, нема да се вика Златна Книга, нема да користи бои и логоа од вашиот сервис.
    - го ценам вашето право да се заштитите од потенцијална злоупотреба на Вашиот сајт од апликации и софтвер кој штети на Вашиот сервис. Но во случајот станува збор за обични HTTP риквести кои корисниците ги прават – не ги правам јас, а потоа истите се процесираат и прикажуваат како резултат на крајниот корисник. Она што во случајот е битно да се спомене, во ниту еден момент не заработувам од Вашите податоци. Во ниту еден момент не крадам содржина, само прикажувам јавно објавена содржина. Исто како што тоа го прави daily.mk.
    - ме радува тоа што веќе има официјална верзија од Ваша страна за Андроид.
    - ова со тужбата ми е малку специфична тема за да ја дискутираме во коментари на блогпост. Навистина сакам да се слушниме за да видиме дали има потреба од тоа или станува збор само за онлајн закана од Ваша страна кон мене.
    - Вашиот бизнис модел се заоснова на маркетинг. Веројатно кога кај клиентите (во кои влегуав и дел од мојата фамилија кои со нивните фирми се рекламираат кај вас) пристапувате за рекламирање, им прикажувате број на посети на сервисот, со што практично ваква апликација е дел од процесот на подобрување на вашиот бизнис модел. Сепак тоа е мое мислење, ценам доколку вие ми кажете каде грешам.

    Последната реченица исто така може да ја сметам за закана. Ме интересираат неколку работи:

    1. Дали во светот кога некој прави скрапери и кролери од типот на Златна Книга за Андроид и daily.mk за македонските дневни весници, веднаш се пристапува со закана за тужба? Дали мислите дека то е правично оправдано и професионално со оглед на тоа што и двајцата делиме иста проефсија? Како Вие се справувате со ваквите коментари кои инволивраат тужби за крадење содржина? Во смисла, доколку Нова Македонија ви пише да не им ја крадите содржината, што им одговарате?

    2. Дали сметате дека штетата што јас во изминатите 3 дена ви ја направив (и ако може да ми кажете колкава е?) може и мора да се разрешува на суд? Дали има човечки фактор за разговор тет-а-тет во кој ќе ги решиме проблемите? Со оглед на тоа што во Ноември некаде 2010 јас ви испратив мејл за мојата намера, на кој вие не ми одговоривте, сметав дека вие немате ништо против мојата намера да направам кролер за вашиот сервис.

    Само да потенцирам: немам ништо против вас, немам ништо против сервисот, напротив, фактот што многу го користам дојде до идејата да направам апликација за Андроид.

    Се надевам ќе се чуеме и видиме за скоро.

  • Guadalquivirization » Blog Archive » Одговор на закана за кривична пријава said:

    [...] го добив овој коментар од Игор Јаневски од ITEA (Македонска IT компанија). Значи, [...]

  • Бог да чува! said:

    Абе тоа е Македончето…

    Ако некој покаже знаење, инвентивност и идеја – веднаш ќе биде нападнат. Ќе му се закануваат и ќе биде оптужуван.

    Имале во план да направат и тие?! Па ако имале – што не направиле? Си дремеле на ушите и кога виделе дека друг прави – сега се бунат.

    А дека не му можат ништо тоа е друга работа. Тие на нивниот веб јавно ги изнесуваат податоците. Дали јас ќе им пристапам од компјутер, лаптоп, мобилен, ТВ – ним ич да не им чуе…

    Друже – правно ништо не ти можат!!!

    Ти уствари и не заработуваш од ова. Колку што разбрав апликацијата е бесплатна.
    Само судија МОРОН (додуше ги има) може да те гњави.

Leave your response!

Add your comment below, or trackback from your own site. You can also subscribe to these comments via RSS.

Be nice. Keep it clean. Stay on topic. No spam.

You can use these tags:
<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

This is a Gravatar-enabled weblog. To get your own globally-recognized-avatar, please register at Gravatar.